Веста дека Серена Вилијамс го очекува своето прво дете ги воодушеви сите љубители на тенисот, а добитничката на 23 Гренд слем титули, последната во Австралија додека беше во почетокот на бременоста, сигурно е пресреќна.
Американката, која потврди дека нема да игра до крајот на сезоната бидејќи е бремена на социјалните медиуми првпат зборуваше за мајчинството. „Мое најдраго бебе, ти ми даде сила која не знаев дека ја имам.