Како функционирала шемата за перење пари? Откриениот случај со перењето пари од Русија, кои се украдени или криминално заработени, влезе во историјата на светскиот економски криминал како една од најголемите светски афери.
Најмалку 20 милијарди долари, кои се или украдени или криминално заработени, се извлечени од Русија во периодот од 2010 до 2014 година, но претпоставките одат и дотаму што оваа сума може да порасне и до 80 милијарди.