Наполи мораше многу да се намачи за да стигне до шестата последователна победа во Серија А и да го задржи максималниот ефект. Тимот на Маурицио Сари денеска му гостуваше на новиот калчолигаш Спал и победи со 2-3.
Наполи предводен од Маурицио Сари ја запиша шестата последователна победа на стартот од новата сезона во Серија А. „Наполитанците“ мораа да прават пресврт за да стигнат до трите бода против СПАЛ (2-3), кои ги однесоа на врвот на табелата.
Шест натпревари-шест победи, тоа е ефектот на одличниот Наполи кој ја продолжи перфектната серија во италијанската Серија А и повторно го предизвика актуелниот првак Јувентус кој вечерва игра против Торино.
Наполи продолжува со максималниот ефект во Серија А и по шест натпревари. Вечерва „наполитанците“ малку потешко од очекуваното славеа кај новолигашот СПАЛ. Домашните први поведоа, па Лоренцо Инсиње и Хозе Калјехон направија прествр за 1-2.