Капитенот на Атлетико Мадрид, Габи ќе го продолжи договорот со клубот на дополнителна една година. Актуелниот договор на 34 годишниот фудбалер истекува следното лето, но од таборот на „Јорганџиите“ посакуваат тој во клубот да остане уште една сезона.
Капитенот на Атлетико Мадрид, Габи Фернандез ќе добие нов договор од клубот, пренесува шпанскиот весник „АС“. Актуелниот договор на Габи истекува во јуни 2018 година, а според новиот договор тој ќе остане „јорганџија“ до 2019 година.