Huawei Nova 2s е премиум модел на смартфон, за кого медиумите постојано пишуваат, затоа што неговите перформанси се како на оние од високата класа, а цената ќе биде формирана по моделите од средната класа.
Huawei продолжува да ја збогатува понудата на смартфони во високата класа – по сериите P, Mate и Honor, тие ја освежуваат и серијата на телефони Nova и дефинитивно го изградуваат најбогатото портфолио на смартфони со високи спецификации.