Селекторот на германската ракометна репрезентација и тренер на годината за минатата сезона според ИХФ, Дагур Сигурдсон според пишувањата на германскиот весник „Билд“ е најсериозен кандидат за тренерското место во ПСЖ од следната сезона.
Дагур Сигурдсон направи чудо откако во јануари ја искачи Германија на европскиот ракометен врв, па исландскиот стручњак неслучајно се најде на листата со желби на најголемите европски клубови.
Според германскиот весникот „Билд", ПСЖ му понудил на Сигурдсон 600.000 евра по сезона, што е двојно повеќе од сумата што тој ја заработува како селектор на Германија. Исландскиот ракометен стручњак Дагур Сигурдсон ја искачи Германија на европскиот ...