Ракометарките на Ларвик, Аманда Куртовиќ и Марит Фрафјорд се двете нови засилувања во редовите на актуелниот европски шампион, ЧСМ Букурешт. Двете репрезентативки на Норвешка, со романскиот тим потпишаа двегодишни договори.
Откако ЧСМ Букурешт ги обезбеди услугите на најдобрата светска ракометарка во изборот на ИХФ, Кристина Неагу, европскиот првак објави дека е постигнат договор и со две ракометарки на Ларвик, пикерот Марит Фрафјорд и десниот бек Аманда Куртовиќ.