Посетата на Македонија од врвниот снукер играч и инструктор, Најџел Бонд, денеска се приведува кон крај со егзибицискиот меч против победникот на домашниот турнир „ Gran Ј ack 2017 “ кој ќе се одигра во Скопје со почеток во 18.30 часот.
Еден од најдобрите снукер играчи во историјата, Најџел Бонд изминативе три дена престојуваше во Македонија. Тој, по четврти пат ја посети нашата држава, сега како гостин на „Гран билијард и снукер“ клубот од Скопје.