Вардар им се врати на победите и по двата неуспеси во дуелите со Шкупи минатата недела, попладнево ја совлада Академија Пандев со 3-1 (2-0) во првиот од двата заостанати натпревари од ПМФЛ до крајот на есенскиот дел.
Чедомир Јаневски е задоволен од настапот и најмногу од победата на Вардар во заостанатиот меч од Првата Лига против Академија Пандев, а ги пофали играчите за натчовепчките напори во пеколниот ритам, кој се уште трае за шампионите.