„Дениција“ од Петре М. Андреевски вчеравечер изведена во европската престолнина. За публиката не постоеше јазичната бариера, зборот на Андреевски е збор за борбата за татковина, за Македонија, за она што сме сите ние...
Театарската кореодрама „Дениција“, работена според истоимената поема на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски, беше изведена во рамките на фестивалот „Балкан трафик“ во Брисел, на 23 април во познатиот театар-кабаре „Ос а Моел“.