Стојановски одличен во победата на Андора
Екипата на МораБанк Андора за која настапува нашиот Војдан Стојановски забележа уште една победа во Ендеса лигата, четврта на последните пет натпревари. Последна жртва на составот на Андора беше Фуенлабрада која беше совладана со 91:85.