Кендал Џенер продолжува да ги изненадува своите фанови со интересни и провокативни фотосесии кои очигледно сите ги обожуваат. Младиот модел повторно застана пред објективот на магазинот „Love“, овој пат во „улогата“ на Мерлин Монро.
Кендал Ѕенер е вистински моден камелеон, но нејзината нова имитација на многумина не им се допадна. Славната манекенка сними кратко видео клип за кампањата на магазинот Love во кој ја имитира Мерлин Монро, меѓутоа нешто недостасуваше.