HMD Global полека успева да ги собере сите одобрувања од агенциите за телекомуникации, па по американската FCC, одобрение доби и од кинеската TENNA што значи дека наскоро ќе се најде во продажба во САД и Кина.
Nokia 9 ќе биде главниот премиум смартфон со кој HMD Global ќе го враќа финскиот мобилен бренд на врвот, па сосема разбирливо со првите наводни протечени слики се отвара големо поле за шпекулации што може да понуди.
Откако Nokia во почетокот на оваа година се врати во игра и ги претстави Nokia 5, 6 и Nokia 3310 (2017), многумина се запрашаа што се случува со предводникот. Некако и тогаш се провлече информација дека новиот паметен модел ќе го носи името Nokia 9, ...