После фантастичните партии на Иско, поготово во Ел Класико, многу за запрашаа дали Велшанецот ќе се пресели на клупата кога ќе се опорави од повредата, но Карло Анчелоти тоа го отфрли.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл ќе го пропушти првенственото гостување во Гранада поради тоа што сѐ уште ја нема опоравено повредата на бутниот мускул.
Во последните две недели, навивачите на Реал Мадрид се восхитуваат од настапите на Иско, пренесоа шпанските медиуми. Халфот од Малага ја искористи повредата на Герет Бејл и блесна во белиот дрес.