По трите двојни убиства што се случија во само еден месец, од СДСМ алармираат дека во Македонија наместо во 21-век се живее како во времето на Дивиот Запад.
-Безбедноста на граѓаните во Македонија е загрижувачка, серијата убиства и меѓусебни пресметки, само во последниот период го вклучи на силно црвено, аралмот, за очигледна неспособноста на одговорните ...
Изјава за медиуми на Петре Шилегов, портпарол на СДСМ: Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразува сериозна загриженост за безбедноста на граѓаните во Македонија.
Од почетокот на оваа година на суров начин згаснаа повеќе од 20 животи. За само неколку месеци во 2014, достигната е црната бројка на убиства и жртви, како во цела 2013 година.