Во главната борба на УФЦ Фајт најт 109 во Стокхолм Александар Густафсон (18-4, 10-4 УФЦ) убедливо го победи Гловер Тешеира (26-6, 9-4 УФЦ). Двократниот предизвикувач нa УФЦ во полутешка категорија го победи со нокаут во петата рунда.
Бојан Величковиќ во Стокхолм ја оствари втората победа во УФЦ во четвртиот настап. На УФЦ Фајт најт 109 српскиот велтераш во третата рунда го нокаутира домашниот борец Николас Мусоке. До победа дојде и Дамир Хаџовиќ.