HTC oчигледно интензивно работи на новиот Nexus Marlin и од негов прототип или тест модел протече и првата „шпионска“ слика од која не се откриваат многу детали за дизајнот и изгледот, но затоа пак се дознаваат неколку нови информации.
Рендерите направени од фанови или дизајнери кои сакаат да се пробијат во светот на електронската индустрија не се ништо ново, но според познавачите овие 3D рендери од новите Nexus уреди кои ќе ги произведува HTC се многу близу до реалните.