Менаџерот на Челси, Карло Анчелоти смета дека евентуален трансфер на Марио Балотели во Манчестер Сити, би ги направил „граѓаните“ реални претенденти за титулата во Премиерлигата.
Марио Балотели има голема желба да го комплетира трансферот во Манчестер Сити, вака вели неговиот агент. Преговорите за трансфер на Марио Балотели во Манчестер Сити продолжуваат.