TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Списоците на штедачи на „Македонска“ не се готови

А1 - 09.11.2007

Листата штедачи од „Македонска банка“ не стаса навреме на ревизија во Народната банка. Рокот е пробиен, списоците не се готови. Ликвидаторската управа не успеа во законските 10 дена да ги ажурира имињата на сите клиенти кои вложиле пари во банката.

Пробиен рокот до кога ликвидаторот требаше да ги изготви списоците за штедните влогови во Македонска

Канал5 - 09.11.2007

Ќе се пробијат ли роковите за обесштетување на штедачите од Македонска банка? Помина десетдневниот рок што ликвидаторот законски го има за да ги изготви списоците со штедните влогови и да ги прати до Народната банка. Ќе се пробијат ли роковите за обесштетување на штедачите од Македонска банка? ...

Странска банка и фонд сакаат да ја купат „Македонска“

А1 - 08.11.2007

Банка од Америка и Хрватски инвестициски фонд сакаат да ја купат „Македонска банка“, дознава А1. Со Американците, во Белград, продажбата ја договарале разрешените српски менаџери од „Македонска“. Детали од преговорите не се откриваат, а во тајност се крие и името на банката.

Синдикатот побара стопирање на ликвидацијата на Македонска банка

Макфакс - 08.11.2007

Скопје Синдикатот на работниците од финансиските организации на Македонија (СФОМ) денеска ги повика надлежните судови да донесат одлука за стопирање на ликвидацијата на Македонска банка. Единствено излезно решение за случајот Македонска банка е Уставниот и Управниот суд на Македонија веднаш да ...

Ликвидацијата не било единствено решение за „Македонска“

А1 - 07.11.2007

Ликвидацијата не беше единственото решение за „Македонска“ и банката се уште може да се спаси. Во изјава за А1 професорот на Економскиот факултет и поранешен член на Управниот одбор на „Македонска“, Тихомир Јовановски вели, времето ќе покаже дали одлуката на НБРМ била добра, оти е затворена ...

Одлуката за „Македонска“ скроена во опкружувањето на Гошев

А1 - 05.11.2007

Ликвидацијата на „Македонска банка“ е скроена во блиското опкружување на Гошев, тврдат за А1 извори од банкарските кругови. Спасе Лазаревски, еден од неговите најблиски советници, го споменуваат како лично инволвиран во целата работа.

Четири дена му останаа на ликвидаторот Дамчевски да ја среди документацијата во Македонска банка

Канал5 - 05.11.2007

Уште четири дена од вкупно десет му остануваат на ликвидаторот Ацо Дамчевски да ги изготви списоците за обесштетување на штедачите од Македонска, банка во ликвидација. По истекот на законскиот рок Дамчевски листите треба да ги прати во Народната банка.

Вработените во Македонска банка на протест пред НБМ

Макфакс - 05.11.2007

Скопје Вработените во Македонска банка, која е во ликвидација, денеска протестираат пред Народната банка во Скопје и бараат средба со гувернерот кому ќе му предложат нов модел за спас на банката. Протестот е во организација на неодамна формираниот иницијативен одбор за спас на Македонска банка.