TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Жителите на Теарце не очекуваат изборни инциденти

А1 - 01.07.2006

40 степени во Теарце, пусти улиците низ општинскиот центар. Поради горештините празни локалните кафеанчиња. Ретките минувачи велат, за изборите се зборува, но никој не очекува инциденти. Токму оваа општина, Теарце, како и скопската Сарај, ДУИ ги посочи како најпроблематични, места каде треба да се ...

Се прогнозира војна меѓу ДУИ и ДПА, најжестоко во Скопско

Време - 01.07.2006

ЦРНИТЕ ТОЧКИ НА ИЗБОРИТЕ Емил Зафировски Судејќи според текот на предизборната кампања и местата каде што деновиве имаше инциденти и насилства, на денот на изборите најверојатно ќе има вистинска војна меѓу ДУИ и ДПА. Очекувањата се дека најжестоко ќе биде на гласачките места во скопската општина ...

Преговорите за новата влада запнале кај ДПА и ДУИ

Макфакс - 01.07.2006

Скопје Преговорите за новата Влада што ги води ВМРО ДПМНЕ, запнале кај учеството во владата на партиите на македонските Албанци, ДПА и ДУИ. Ова вечерва го јавуваат електронските медиуми, наведувајќи дека ДПА на Арбен Џафери веќе донела одлука да биде опозиција, на што, од ВМРО ДПМНЕ било ...

ДПА И ДУИ охрабрени да не прават инциденти

Дневник - 30.06.2006

ОБСЕ ги охрабрува ДПА и ДУИ, но и „претставниците на сите партии“, да се воздржат од предизборни и изборни инциденти, е изјавата на шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, амбасадорот Карлос Паиш ОБСЕ ги охрабрува ДПА и ДУИ, но и „претставниците на сите партии“, да се воздржат од предизборни и ...

Престанокот на инцидентите е добар знак

Време - 29.06.2006

МИЛОВАНОВИЌ КАЈ ДУИ И ДПА Многу сум задоволна што немаше инциденти од минатата сабота. Го сметам тоа за добар знак, изјави амбасадорката на САД, Џилиен Миловановиќ, која средбите со лидерите на партиите од албанскиот политички блок ги продолжи на нивен терен.

Миловановиќ: Задоволна сум што нема нови инциденти

Утрински - 29.06.2006

ТЕТОВО - „Дојдов да поразговарам со лидерите на ДПА во склоп на претходните разговори што ги имавме со нив. Задоволна сум што нема нови инциденти од минатата сабота и тоа го сметам за добар знак. На денешната средба им сугерирав на челниците на ДПА да продолжат со спроведување контрола врз ...

Оптимизам по примирјето

Дневник - 29.06.2006

Од саботата до денеска не се случија нови инциденти и сметам дека тоа е мошне добар знак, изјави амбасадорката Џилиен Миловановиќ Амбасадорката на САД во Македонија, Џилиен Миловановиќ, верува дека нема да се повторат инцидентите, откако вчера во Тетово ги посети седиштата на најголемите партии на ...

Државниот „лендровер“ тежи од прашања

Дневник - 29.06.2006

Антикорупциската комисија чека одговор од Министерството за локална самоуправа, по информациите дека службениот џип го користел потпретседателот на ДУИ Рафиз Алити Како ДУИ го користела државниот „лендровер“ со регистарска табличка СК.787.КА во предизборна кампања, на која институција и' припаѓа ...

Милованович во Тетово побара воздржаност од ДУИ и ДПА

А1 - 28.06.2006

Воздржаност и контрола над партиското членство за да се спречат понатамошните инциденти, вклучувајќи го и денот на изборите. Оваа порака им ја пренесе американската амбасадорка Џилиен Милованович на лидерите на ДПА и ДУИ, Џафери и Ахмети, на денешните одвоени средби во Тетово.

Миловановиќ: Се уште има надеж за Македонија

Вест - 28.06.2006

Американскиот амбасадор Џилијан Миловановиќ од скопското село Рашче ги повика лидерите на дело да покажат дека работат на спречување на инцидентите или ќе ја прокоцкаат судбината на земјата И покрај лошиот старт на кампањата, се уште не е предоцна за Македонија да победи на овие избори, порача ...

Разочарани сме, но изборите не се загубени

Време - 28.06.2006

ПОРАКА ОД СТРАНЦИТЕ ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО РАШЧЕ МЕЃУ ДУИ И ДПА Странските дипломати се крајно разочарани од насилствата и инцидентите во предизборната кампања, но вчера од скопско Рашче порачаа дека „се уште не е предоцна Македонија да победи на овие избори“.

Албанија ги повика ДУИ и ДПА да прекинат со инцидентите

Утрински - 28.06.2006

Тирана - Официјална Тирана ги повика албанските партии во Македонија да прекинат со инцидентите пред изборите, кои им штетат на албанските интереси. „Инцидентите не одат во прилог ниту на оние кои ги предизвикуваат, ниту се во прилог на слободниот глас на граѓаните кои ќе учествуваат во изборниот ...

На насилниците нема да им вреди мандатот, порачуваат дипломатите

Утрински - 28.06.2006

Партиите обвинети дека се себични и дека немаат никакви обзири за граѓаните Изборниот мандат нема ништо да им вреди на оние партии кои поддржуваат насилство ниту, пак, тие ќе можат да бидат дел од идната власт, се заканија вчера амбасадорите на ЕУ, САД, Велика Британија и ОБСЕ во земјава.

Надлежните молчат за службениот „лендровер“

Дневник - 28.06.2006

Откако потврди дека џипот е службен, МВР вели дека нема обврска да и каже на јавноста на која државна институција и' припаѓа возилото И вчера ниедна институција официјално не сакаше да потврди чиј е службениот „лендровер“ со регистарска табличка СК.787.КА, кој екипата на „Дневник“ го забележа во ...

ВИП настава во природа

Дневник - 28.06.2006

Сите партии се одговорни за инцидентите и се однесуваат себично спрема граѓаните, порачаа амбасадорите И покрај лошиот почеток на кампањата, се' уште не е предоцна за Македонија да победи на овие избори. Време е да се стави крај на насилството и на гласачите да им се овозможи достоинствена и мирна ...

Амбасадорката на САД задоволна што нема нови инциденти

Канал5 - 28.06.2006

Амбасадорката на САД во Македонија Џилиен Миловановиќ денеска ги посети седиштата на ДПА и ДУИ во Тетово. Тетово, 28 јуни (МИА) - Амбасадорката на САД во Македонија Џилиен Миловановиќ денеска ги посети седиштата на ДПА и ДУИ во Тетово.

Тирана ги повика ДУИ и ДПА да престанат со инцидентите

А1 - 27.06.2006

Официјална Тирана ги повика албанските партии во Македонија да престанат со инцидентите пред изборите, кои им штетат на албанските интереси. Инцидентите не одат во прилог ниту на оние кои ги предизвикуваат, ниту се во прилог на слободниот глас на граѓаните кои ќе учествуваат во изборниот процес на ...

Се уште не е предоцна Македонија да победи на овие избори

А1 - 27.06.2006

Малкумината жители на скопско Рашче, на пладне беа изненадени од посетата на највлијателната четворка дипломати, чии лимузини не ги собра на средсело. Не случајно, амбасадорите на САД, ЕУ, ОБСЕ и обединетото кралство, Миловановиќ, Фуере, Паиш и Диксон, од местото на најкрвавиот изборен инцидент ...

МВР молчи за предизборните инциденти

А1 - 27.06.2006

МВР молчи за предизборните инциденти, таков впечаток стекнале во скопското јавно обвинителство. Уште во петок обвинителството официјално побарало информации од МВР за најголемите инциденти одиграни на скопското подрачје, за Рамстор и за Сарај.

САД ќе воведат ембарго за Албанците што ќе крадат гласови

Вест - 27.06.2006

ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ НЕ РАЗБИРААТ ДИПЛОМАТИЈА Амбасадорката на САД Џилијан Миловановиќ порача дека ако нема фер избори ќе се загрози интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ Американската влада ќе ги замрзне сите комуникации со онаа албанска партија во Македонија која со сила и со украдени гласови ќе ...

ДПА ја манипулира јавноста дека полицијата е вклучена во инцидентите

Време - 27.06.2006

СПОРЕД МВР ДПА ја манипулира јавноста дека припадници на МВР се вклучени во меѓупартиските пресметки и инциденти, тврди Министерството за внатрешни работи во вчерашното соопштение. Според МВР, пиштолот што ДПА го презентира завчера на прес-конференција и полициската легитимација биле насилно ...

Во Рашче беше нападнат полицаец, тврдат од ДУИ

Утрински - 27.06.2006

Решително го осудуваме враќањето на насилството, соопштуваат од ДУИ ТЕТОВО - „Активисти на ДПА во Рашче нападнале полицаец од Кондово од кого насилно одзеле легитимација и оружје. ДПА дејствува како параполициска сила. Се знае кој може да зема оружје од граѓани.

За дипломатите се уште има надеж за фер избори

Утрински - 27.06.2006

МВР обвинува дека дел од партиите се обидуваат да ја парализираат работата на полицијата Меѓународните претставници во земјава уште еднаш апелираа за одржување избори без насилства и инциденти. Сж уште има време за фер и демократски избори, оценија вчера дипломатските претставници на САД и ...

Хронологија

Утрински - 27.06.2006

Немаше ден без инциденти Од почетокот на предизборната кампања до денес немаше ниту еден ден без пријавени инциденти. На 13 јуни претставниците на 36 политички партии потпишаа Кодекс на однесување. 14 јуни - Во Теарце демолирани просториите на изборен штаб на ДУИ.

МВР тврди дека полицаецот бил ограбен

Дневник - 27.06.2006

За џипот „ландровер“ што екипата на „Дневник“ го виде во Рашче, а за кој Тачи обвини дека е на Министерството за локална самоуправа, е потврдено дека е државен МВР вчера потврди дека службениот пиштол, полициската легитимација, мобилниот телефон и лисиците што заменик-претседателот на ДПА Мендух ...

ДПА и „српската агенда“

Дневник - 27.06.2006

Ако ДУИ каже дека Охридскиот договор се реализира, ДПА ќе рече дека не се реализира воопшто (иако им е јасно дека зборуваат глупости) и слични детски зависности на скарани „другарки“. ДПА литерарно се дефинира како Доријан Греј на ДУИ (од 2001 година) Со еден збор, драги мои, албанската изборна ...

Последна шанса да ги спасиме изборите

Дневник - 27.06.2006

Премиерот Бучковски ваква порака добил во телефонскиот разговор со амбасадорката Миловановиќ, а помош побарал и од косовските лидери Крајниот рок помина. Изборните инциденти мора да престанат веднаш. Ако продолжат и во втората половина од предизборната кампања, Македонија може да се соочи со крајно ...

Миловановиќ: Покрај лошиот старт на кампањата не е предоцна за Македонија да победи на изборите

Канал5 - 27.06.2006

Амбасадорите во земјава од скопско Рашче уште еднаш ја манифестираа цврста определба да престанат насилствата во предизборната кампања и Македонија на петти јули да има фер и демократски избори. Амбасадорите во земјава од скопско Рашче уште еднаш ја манифестираа цврста определба да престанат ...

Инцидентите - случајност?!

Вечер Прес - 27.06.2006

Изборната кампања се одвива во позитивна атмосфера, со исклучок на неколку инциденти, што се јавија во општините Сарај и Теарце. Ова е ставот на ДУИ по двонеделната "војна" меѓу двете најголеми албански партии во земјава, за што Македонија секојдневно добива закани и предупредувања од меѓународните ...

Милованович: Сите ќе ја платат цената за лошите избори

А1 - 26.06.2006

Доколку продолжи насилството, сите ќе ја платат цената. Тоа ќе биде мошне лошо - најостра порака досега од американскиот амбасадор до сите партиски лидери. „Одговорноста мора да ја понесат лидерите на политичките партии и тоа не само на партиите на етничките Албанци, туку и партиите на етничките ...

Први пријави за изборни инциденти

Време - 26.06.2006

МВР МВР во саботата поднесе пријави против дванаесет лица осомничени дека предизвикале и учествувале во инцидентите поврзани со парламентарните избори. Според соопштението на МВР, кривични пријави биле поднесени против седум лица што учествувале во оружени инциденти додека прекршочно гонети ќе ...

Еден доби куршум во стапало, двајца поминаа само со ќотек

Вест - 26.06.2006

ВООРУЖЕНА ТЕПАЧКА МЕЃУ ДУИ И ДПА ВО СКОПСКО РАШЧЕ Едно лице е рането од огнено оружје завчеравечер во скопското село Рашче. Во стапало е ранет З.О. (27) од Радуша, кој веднаш потоа бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Седуммина ќе одговараат кривично за изборните инциденти

Вест - 26.06.2006

Министерството за внатрешни работи соопшти дека досега поднело кривични пријави против седум лица, а прекршочни против пет, во врска со инциденти поврзани со парламентарните избори. Во соопштението полицијата тврди дека работи на расветлување и на други инциденти, по што против вклучените ќе бидат ...

Еден ранет во стрелба меѓу ДУИ и ДПА

Време - 26.06.2006

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПСКОТО СЕЛО РАШЧЕ Огнен Чанчаревиќ Активист на ДУИ бил ранет, а други двајца претепани во саботата во скопското село Рашче за време на митинг што го одржувала ДПА, а на кој присуствувале претседателот Арбен Џафери и Мендух Тачи.

ДПА нуди докази за оружени насилства

Утрински - 26.06.2006

Тачи апелираше до активистите на ДПА да не наседнуваат на провокации Гојко Ефтоски ТЕТОВО - „Додека го одржувавме собирот во Рашче, куршуми ни летаа над главите. Се пукаше без контрола. Ако евентуално имало повредени, тоа е од меѓусебната пресметка на бандитите.

Во Рашче спречен линч на активисти на ДУИ

Утрински - 26.06.2006

Билансот од пресметката во скопското село се еден ранет од огнено оружје и двајца претепани КАТИЦА ЧАНГОВА Тензичната атмосфера меѓу двете најголеми партии на Албанците во Македонија кои претендираат на освојување на власта на парламентарните избори никако да попушти и да се релаксира.

Калашникови во Рашче

Дневник - 26.06.2006

Инцидентот, во кој едно лице е повредено, а две претепани, според Мендух Тачи, го предизвикале „бандите на ДУИ“, од кои приврзаниците на ДПА заплениле разновидно оружје и една полициска легитимација Во скопското село Рашче во оружена престрелка помеѓу ДУИ и ДПА, завчера по 18 часот едно лице било ...

ДУИ ја спореди ДПА со Ал каеда

Дневник - 26.06.2006

Битолските разграноци на ДПА и на ДУИ влегоа во жестока вербална расправија, во која сопартијците на Али Ахмети своите политичките опоненти, како и куќата во Битола во која пред еден век беше создадена албанската азбука, а сега ја користи ДПА, ги споредија со Ал каеда.

Албанските лидери на ново сослушување кај американската амбасадорка

Канал5 - 26.06.2006

Џилијан Миловановиќ на нова серија средби со лидерите на албанските партии ќе се обиде да ги спаси овие избори, дознава Канал 5. Одделните состаноци со Џафери и Ахмети ќе се реализираат деновиве. Џилијан Миловановиќ на нова серија средби со лидерите на албанските партии ќе се обиде да ги спаси овие ...

МВР тврди - бомбите и автоматската пушката кои ги покажа Мендух Тачи не се полициски

Канал5 - 26.06.2006

ДУИ денеска излезе со своја верзија за инцидентот во Рашче- нивните активисти поминувале низ скопските села кога членови на ДПА ги пресретнале и почнале да пукаат кон нив. Потоа и физички ги нападнале. ДУИ денеска излезе со своја верзија за инцидентот во Рашче- нивните активисти поминувале низ ...

Двајца ранети во Рашче и Тетово

Вечер Прес - 26.06.2006

Едно лице беше рането од огнено оружје завечера во престрелка меѓу две групи во скопското село Рашче. Инцидентот се случи во времето кога во Рашче беа претседателот и заменик-претседателот на ДПА, Арбен Џафери и Мендух Тачи. Според портпаролот на ДУИ Џевад Адеми, повредениот е нивни активист.