TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Полјаците сакаат срцето на папата да биде закопано во Полска

А1 - 03.04.2005

Полјаците сакаат да го погребаат срцето на нивниот сонародник Јован Павле Втори во татковината, во кралскиот замок Вавел во Краков каде папата со години служел како краковски надбискуп. Желбата за тоа, наводно своевремено ја изразил папата, а претставниците на полските католици дискретно се ...

Почина папата Јован Павле Втори

А1 - 03.04.2005

Замина спокоен. Во изминатите 26 години секогаш не повикуваше да гледаме во Исус Христос, во единствената причина за нашата надеж. Вака кардиналот Ангело Содано ја почна првата миса за починатиот Папа Јован Павле Втори. Повеќе од 100.000 верници од сите страни на светот се собраа на плоштадот Свети ...

Сочувство на Црвенковски за смртта на Папата

А1 - 03.04.2005

Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, по повод смртта на папата Јован Павле Втори испрати писмо со сочуство до Светата Столица. „Со чувство на длабока болка и тага ја примив веста за смртта на папата Јован Павле Втори.

Пораки со сочуство за смртта на папата од светските државници

А1 - 03.04.2005

Светските државници со оценка дека тој бил човек кој постојано се борел за воспоставување на траен мир, слобода и човеково достоинство меѓу народите. „Папата Јован Павле Втори беше инспирација за милиони Американци и за многу повеќе луѓе ширум светот.

Сите македонските државници се сретнаа со Папата

А1 - 03.04.2005

Времето кога на чело на католичката црква беше папата Јован Павле Втори е период кога Македонија ги зацврсти и продлабочи односите со светата столица во Ватикан. Најдиректна можност за тоа беше чествувањето на делото на Свети Кирил, во Рим, каде се наоѓа гробот на сесловенскиот просветител.

Сочувство на Црвенковски за смртта на Папата Јован Павле Втори

Макфакс - 03.04.2005

Скопје Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска испрати писмо со сочувства до Светата столица, по повод смртта на Папата Јован Павле Втори. “Со Смртта на Папата светот се збогува со личноста која со својот највисок морален авторитет, со својата духовна сила и вљубеност во мирот и ...

Волф - Моите изјави за атентатот врз Папата се извртени

Макфакс - 03.04.2005

Берлин Поранешниот шеф на германската разузнавачка служба Штази и заменик министер во државната безбедност Маркус Волф, тврди дека неговите изјави за италијанскиот весник “Ла Република“ за бугарска вмешаност во атентатот на папата, не се точни.

Стотина верници пред гробот на папата

Макфакс - 03.04.2005

Ватикан Стотина верници почнаа утрово да се собираат пред гробот на папата Јован Павле Втори во криптата на базиликата Св. Петар во Ватикан, што денеска за прв пат е отворена од погребот на римокатоличкиот поглавар, минатиот петок.

Одбележување на денот на НАТО одложено поради смртта на Папата

Макфакс - 03.04.2005

Скопје Евро-атлантскиот клуб на Македонија се придружи на светската тага по повод смртта на Папата Јован Павле втори и го одложи одбележувањето на денот на НАТО. Хепенингот под мотото “Во еден глас - Македонија во НАТО“, што требаше да почне напладне со учество на голем број јавни личности, ...

Тага по повод смртта на Папата Јован Павле Втори

Макфакс - 03.04.2005

Ватикан Папата Јован Павле Втори, прв Словен на таа функција и 263 ти наследник на апостолот Павле, по долга битка со болеста почина во сабота вечер во своите одаи во Ватикан. Тажната вест на повеќе десетици илјади лица собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан им ја соопшти кардиналот Камило ...

100,000 Германци на инаугурацијата на папата

Макфакс - 03.04.2005

Берлин Околу 100.000 Германци се очекува да допатуваат утре во Рим на инаугуративната миса на новоизбраниот папа Бенедикт XVI. Тој е првиот Германец избран за поглавар на Римокатоличката црква во последните десет века. Германските туристички агенции објавија дека се распродадени сите авионски и ...

Папата Бенедикт XVI се надева на продолжување на соработката со медиумите

Макфакс - 03.04.2005

Ватикан Папата Бенедикт XVI денеска изјави дека се надева дека ќе продолжи отворениот однос со медиумите и им се заблагодари на новинарите за нивното известување од “историски важните“ настани при изборот на нов папа. “Се надевам дека ќе го продолжам дијалогот со вас“, рече папата во своето прво ...

Состојбата на Папата крајно сериозна

А1 - 02.04.2005

Римократоличката црква се подготвува за јасно утврдената процедура за верификација на смртта на папата и за избор на новиот поглавар, бидејќи Ватикан и официјално соопшти дека здравствената состојба на папата Јован Павле Втори е крајно сериозна.

Папата во критична состојба, но уште е свесен

Вест - 02.04.2005

ВАТИКАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ЗАМИНУВАЊЕТО НА СВЕТИОТ ОТЕЦ ЈОВАН ПАВЛЕ ВТОРИ ПН "Тој е сосема свесен за сериозноста на состојбата и праша дали е неопходно да биде однесен во болница. Ова секако е сцена каква што немам видено во овие 26 години", рече портпаролот на папата Хоакин Наваро-Ва ВАТИКАН, 2 ...

Папата Јован Павле Втори се исповеда на смртната постела

Утрински - 02.04.2005

Римокатоличкиот свет со загриженост и молитви ја следи влошената здравствена состојба на поглаварот на Светиот стол Ватикан соопшти дека папата се уште е „свесен, разумен и смирен“ меѓутоа високи свештеници посочија дека му се ближи крајот ВАТИКАН - Здравјето на папата Јован Павле сериозно е ...

Мисионерките на Мајка Тереза се молат за Јован Павле

Утрински - 02.04.2005

Католичките верници во Азија ги наполнија црквите и одржаа бдеење Се молат за неговото здравје во овие денови на болест, но сите се подготвени за најлошото МАНИЛА - Милиони католици во Азија вчера ги наполнија црквите и одржаа бдеење за да се молат за папата Јован Павле откако Ватикан соопшти дека ...

Италијанците најмногубројни меѓу кандидатите за папскиот трон

Утрински - 02.04.2005

По смртта на папата, изборот за негов наследник се прави по добро утврдена и многу детаљна процедура ВАШИНГТОН - Четворица Италијанци, еден Германец и еден Аргентинец, кој има мали шанси за успех, се на врвот на листата на можни наследници на папата Јован Павле Втори.

Допир со сребрен чекан по челото на умрениот папа

Утрински - 02.04.2005

ПРОЦЕДУРА РИМ - Ватикан јасно ја воспостави процедурата за верификување на смртта на папата. Следува процедура според законот на Ватикан, според свештеникот Томас Рис, уредник на "Америка°, католички неделен магазин, и автор на "Внатре во Ватикан: политиката и организацијата на Католичката црква°.

Рекорди, рекорди...

Дневник - 02.04.2005

Папата до денеска владеел 26 години, 5 месеци и 16 дена. Подолго од него папа бил само основачот на католичката црква, Свети Петар, (34 години) и уште еден папа. Многу поглавари биле папи само неколку дена. Стефан Втори во 757 година бил избран за папа, но починал по само четири дена, пред да ја ...

Папата во смртна постела

Дневник - 02.04.2005

ватикан Папата Јован Павле Втори вчера беше на работ на смртта откако во четвртокот вечерта поради инфекција на уринарните патишта имал висока температура и претрпел срцев удар, јави Ројтерс. Италијански медиуми вчера објавија дека папата паднал во кома, но Ватикан веднаш ја демантираше таа вест.

Папата легна во смртна постела

Дневник - 02.04.2005

ПО НАГЛОТО ВЛОшУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА ПОГЛАВАРОТ НА РИМОКАТОЛИЧКАТА ЦРКВА Папата Јован Павле Втори вчера беше на работ на смртта откако во четвртокот вечерта поради инфекција на уринарните патишта имал висока температура и претрпел срцев удар, јави Ројтерс.

Биграфија на Папата Јован Павле Втори

Макфакс - 02.04.2005

Рим Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Јован Павле Втори почина вечерва во Ватикан. Карол Јозеф Војтила, кој во октомври 1978 година откако беше избран за Папа го зема името Јован Павле Втори, е роден е во Вадовице недалеку од Краков на 18 мај 1920 година.

Здравствената состојба на Папата се влошува

Макфакс - 02.04.2005

Ватикан Здравствената состојба на папата Јова Павле втори според италијанските гласила се влошува. Папата полека умира, соопштија болнички извори, кои ги цитира италијанската државна телевизија. Состојбата на 84 годишниот папа е серизона, тој има потешкотии со дишењето и со крвиот притисок ...

Папата причестен!

Вечер Прес - 02.04.2005

Состојбата на 84-годишниот папа е стабилна, тој вештачки се прихранува , но сериозноста на здравствената состојба останува, изјави портпаролот на Ватикан, Хоакин Наваро-Валс. Тој дополни дека светиот отец утринава ги примил најблиските советници.

Папата на моменти губи свест

Макфакс - 02.04.2005

Ватикан Папата Јован Павле Втори на моменти губи свест, но неговата општа здравствена состојба е непроменета, соопшти денеска претставникот за печат на Ватикан Жоакин Наваро Валс. Општата кардио-респираторна и метаболичка состојба на Светиот отец не е променета и е многу сериозна, рече Валс, ...

ПОСМРТНА ПРОЦЕДУРА И ИЗБОР НА НОВ ПАПА

Вечер Прес - 02.04.2005

-На изборниот процес се гласа се додека некој кандидат не добие барем две третини од гласовите. Ако тоа не се случи по 30 гласања, се избира со просто мнозинство Ватикан има јасно утврдена процедура за верификација на смртта на папата.

Папата Јован Павле Втори почина

Макфакс - 02.04.2005

Ватикан Папата Јован Павле Втори почина во сабота во 21, 37 часот во своите одаи во Апостолската палата во Ватикан, соопшти вечерва одделението за печат на Светата столица “Светиот отец почина во 21.37 часот во своите одаи. Започнаа сите постапки што Папата Јован Павле Втори во 1996 година ги ...

Реакции на светски државници по повод смртта на Папата

Макфакс - 02.04.2005

Ватикан Веста за смртта на Папата Јован Павле Втори, кој почина во сабота доцна навечер со жалење е примена во светот и во првите реакции на бројни светски државници. “Папата беше човек на мир и даваше голема поддршка на Обединетите нации“ изјави генералниот секретар Кофи Анан.

Процедура за избор на Папа

Макфакс - 02.04.2005

Рим Папата Јован Павле Втори, поглаварот на Римокатоличката црква почина во сабота доцна навечер во Ватикан. Римокатоличката црква има јасно и прецизно утврдена процедура на верификување на смртта на папата, како и за избор на нов поглавар.

Почина Папата Јован Павле Втори

Макфакс - 02.04.2005

Ватикан Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Јован Павле Втори почина вечерва во своите одаи во Ватикан. Ова го соопшти претставникот за печат на Ватикан Жоакин Наваро Валс, наведувајќи дека папата починал во 21 часот и 37 минути.

Папата е во критична состојба

А1 - 01.04.2005

„Здравствената состојба на папата утрово е многу сериозна“, изјави Хоакин Наваро Валс, портпарол на Ватикан. Ватикан категорично ги демантираше информациите објавени на италијанската државна телевизија, според кои 84-годишниот папа Јован Павле Втори е во кома.

„Ѓаволот се крие зад ѕидините на Ватикан“

Време - 01.04.2005

НЕУСПЕШНИОТ АТЕНТАТОР НА ПАПАТА ТВРДИ Мехмед Али Агџа, кој во 1981 година се обиде да го убие поглаварот на Римокатоличката црква, папата Јован Павле Втори, во интервју за италијанскиот весник „Република“ изјавил дека атентатот го извршил со помош на кардинали од Ватикан.

До крајот на животот со цевче во грлото

Дневник - 01.04.2005

Папата Јован Павле Втори го прошета целиот свет, а сега не може да се движи. Тој едно време беше познат и како Големиот комуникатор, но по операцијата на грлото тој можеби нема да може да говори со месеци. Папата, кому му беше извршена трахеотомија на 24 февруари, уште долго ќе мора да вежба дишење ...

Кардинали му помогналена атентаторот на папата

Дневник - 01.04.2005

МЕХМЕД АЛИ АГЏА ТВРДИ Мехмед Али Агџа, кој во 1981 година стрелаше во поглаварот на римокатоличката црква, папата Јован Павле Втори, изјави дека атентатот го извршил со помош од кардинали во Ватикан, јави Макфакс. - За тоа што стрелав врз папата, виновен е самиот Ватикан.

Доволен е еден поглед

Дневник - 01.04.2005

СВЕТАТА СТОЛИЦА ФУНКЦИОНИРА И СО ЗДРАВ И СО БОЛЕН ПАПА Ватикан со години успешно одбива да одговори на прашањето што само по себе се наметнува кај верниците - дали е време болниот папа Јован Павле Втори да се повлече или самата негова симболична појава, мавтајќи од прозорец, е доволно силна за да ...

Папата Јован Павле Втори е свесен и е информиран за тешката здравствена состојба во која се наоѓа по срцевиот удар.

Канал5 - 01.04.2005

Светиот отец има проблеми со дишењето и нестабилен крвен притисок, соопшти околу пладне Ватикан. Вчера попладне, поглаварот на римокатоличката црква доживеал кардио-васкуларен колапс , како последица од инфенција на уринарните патишта.

Турски печат: Новиот папа е против членство на Турција во ЕУ

Макфакс - 01.04.2005

Анкара Речиси сите турски печатени медиуми денеска го напаѓаат изборот на папата Бенедикт XVI, укажувајќи оти тој во минатото бил жесток противник на приемот на Турција во Европската унија. “Католичкиот свет избра бивш нацист за папа.

Пристигна кардиналот што има обврска да ја соопшти смртта на Папата

Макфакс - 01.04.2005

Ватикан Италијанскиот кардинал Камило Руини, викар на Рим, кој според каноните на Римокатоличката црква има обврска да ја соопшти смртта на папата Јован Павле Втори, пристигна во Ватикан. Папата е во критична состојба. Тој добил последна причест, што се дава на оној чиј живот е во ...

За Бугарија е затворено прашањето за врската во атентатот против папата

Макфакс - 01.04.2005

Софија Бугарската држава го смета за затворено прашањето за т.н. "бугарска трага" во атентатот против папата Јован Павле Втори во 1981 година, соопштено бугарскиот заменик министер за надворешни работи Гергана Грнчарова. Од правна гледна точка проблемот е решен со влегувањето во сила на ...

Турција се надева дека папата ќе го смени ставот за турскиот влез во Е

Макфакс - 01.04.2005

Анкара Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изрази надеж дека новиот папа Бенедикт XVI ќе ја промени својата позиција во однос на приемот на Турција во Европската унија, јавуваат турските медиуми. “Во минатото тој го искажувал личното мислење против приемот на Турција во ЕУ, но од сега би можел да ...

Бучковски до Бенедикт XVI – Македонија ве смета за сојузник

Макфакс - 01.04.2005

Скопје „Како лидер на Католичката црква и духовен татко, Република Македонија ве смета за свој сојузник за територијалниот интегритет, а Македонската православна црква, за свој пријател“. Ова се наведува во честитката на македонскиот премиер Владо Бучковски упатена до Папата Бенедикт XVI, по повод ...

Јозеф Рацингер - Прв папа Германец по 10 века

Макфакс - 01.04.2005

Рим/Ватикан “Драги браќа и сестри, по големиот папа Јован Павле Втори, господата кардинали ме избраа мене, понизен и едноставен работник на нивата господова, за нов папа - рече во своето прво обраќање германскиот кардинал Јозеф Рацингер, кој е избран вчера попладне во четвртото гласање, за 265 ...

Папата Бенедикт XVI најави дека ќе работи за единство на сите христијани

Макфакс - 01.04.2005

Ватикан Новоизбраниот папа Бенедикт XVI, на својата прва проповед одржана на латински јазик, најави дека ќе се ангажира “да работи без да штеди енергија за воспоставување на целосно и видливо единство меѓу сите христијани“. Претходно, новиот папа ја отслужи првата миса како поглавар на ...

Кардинали од Ватикан ми помогнаа во атентатот

Вечер Прес - 01.04.2005

РИМ, 1 АПРИЛ (МАКФАКС). - Мехмед Али Агџа, кој во 1981 година се обиде да го убие поглаварот на римокатоличката црква, папата Јован Павле ІІ, изјави дека можел да го изврши атентатот благодарение на помошта на кардинали од Ватикан.

РАИ: Папата во кома, Ватикан демантира

Макфакс - 01.04.2005

Рим Папа Јован Павле Втори е во кома, јави италијанската државна телевизија РАИ. Извори во Ватикан демантираа дека поглаварот на римокатоличката црква е во кома. "Светиот Отец не во кома. Тоа е апсолутна бесмислица. Нема да паднеме толку ниско за да играме такви игри“, ги пренесува Ројтерс ...

Папата е целосно свесен, ведар и спокоен

Макфакс - 01.04.2005

Рим Поглаварот на Римокатоличката црква папата Јован Павле Втори е целосно свесен и е ведар и спокоен по претрпениот срцев удар и сериозното влошување на здравствената состојба, изјави портпаролот на Ватикан Хоакин Наваро-Валс.

Папата во критична состојба

Макфакс - 01.04.2005

Рим Здравствената состојба на папата Јован Павле Втори уште повеќе се влоши и тој е во критична состојба - соопшти изутрината портпаролот на Ватикан Жоакин Наваро Валс. Според агенциските извештаи, папата е во тешка криза со влошена состојба на дишните органи.

Сабах: „Атентатот врз Папата во 1981 дело на КГБ“

А1 - 31.03.2005

Турските весник „Сабах“ во денешниот број ги пренесуваат тврдењата на италијанскиот весник „Кориере дела сера“, кој повикувајќи се на документи од поранешните источногермански тајни служби, тврди дека обидот за атентат врз папата Јован Павле Втори во 1981 година бил извршен од страна на бугарските ...

Папата го хранат преку носно цевче, соопшти Ватикан

Вест - 31.03.2005

ВАТИКАН, 31 март (Ројтерс) - Во последниот драматичен пресврт во здравјето на Папата Јован Павле втори, Ватикан вчера соопшти дека докторите го хранат болниот Понтиф преку носна цевка за да ја зголемат неговата сила и да помогнат во неговото оздравувањето од операцијата на грлото.

Папата го хранат преку носот

Време - 31.03.2005

ВАТИКАН Тешкоболниот папа Јован Павле Втори од вчера се храни преку црево, кое минува низ неговиот нос. Лекарите решиле да ја применат оваа невообичаена техника на хранење за да го зголемат количеството на калориите што ги прима поглаварот на Римокатоличката црква, јави АФП.

Папата ќе остане нем?!

Вечер Прес - 31.03.2005

Според информации што пристигнуваат од Ватикан, папата, веројатно, третпат ќе биде однесен во поликлиниката "Џемели" во Рим. Неопходно е да се извршат нови контроли, бидејќи состојбата е сериозна и се влошува. Голем прав во јавноста крена изјавата на неврологот, професор на Универзитетот "Сапиенца" ...

Атентатот на папата во 1981 година го нарачала КГБ

А1 - 30.03.2005

Атентатот на Јован Павле II го нарачала советската тајна служба КГБ, а планот го спровеле тајните служби на поранешната Источна Германија и Бугарија, кои ја ангажирале турската терористичка организација „Сиви волци“, чиј член Али Акџа, пукаше на Папата на 13 мај 1981 година на плоштадот Свети Петар ...

Ратцингер нов папа?

Вечер Прес - 30.03.2005

Папата не може да зборува, а германскиот кардинал Јозеф Ратцингер (78) станува клучен човек на Црквата, за која се вели дека личи на "чамец што пропушта вода од сите страни". Ратцингер беше меѓу шесте кардинали кои во текот на обредот Велика недела го заменија папата, но се покажа како најцврст и ...

Кориере дела Сера: „Папата ќе се врати во болница“

А1 - 29.03.2005

Папата Јован Павле Втори веројатно наскоро ќе се врати во болницата „Џемели“ во Рим, објавува денеска италијанскиот весник „Кориере дела Сера„ Според весникот, папата ќе биде повторно хоспитализиран, бидејќи лекарите треба да го проверат апаратот за дишење поставен во неговото грло.

Папата не ги благослови верниците

А1 - 28.03.2005

Илјадници верници денеска се собраа на плоштадот Свети Петар во надеж дека ќе ги благослови поглаварот на Римокатоличката црква, папата Јован Павле Втори, но тој не се појави. Иако Ватикан оваа церемонија никогаш не ја прогласил за официјална, многу верници се собираат на плоштадот Свети Петар на ...

Велигден без глас од папата

Вест - 28.03.2005

ВАТИКАН, 28 март (Ројтерс) - Болниот папа Јова павле Втори вчера се појави на прозорецот од Ватикан за да ги благослови верниците на Велигденската недела, но во драматична сцена од која на многумина им навреа сол ВАТИКАН, 28 март (Ројтерс) - Болниот папа Јова павле Втори вчера се појави на ...

Прв Велигден без папата

Време - 28.03.2005

ВАТИКАН Првпат во 26-годишното владеење на папата Јован Павле Втори, тој немаше сила лично да ја води молитвата во чест на Велигден. Тешкоболниот папа се појавил на својот прозорец со микрофон и се мачел да изговори макар еден збор од молитвата, по што се повлекол во своите одаи.

Папата не успеа да одржи велигденска молитва

Утрински - 28.03.2005

Иако Јован Павле Втори се појави пред верниците Кревкиот папа Јован Павле се појави на прозорецот за да ги благослови верниците по повод Велигден, меѓутоа драматичната сцена откако не успеа неговиот обид да прозбори, им ги наполни со солзи очите на голем број луѓе. Помошниците му принесоа микрофон.

Папата благослови, но не проговори

Дневник - 28.03.2005

ЗА КАТОЛИЧКИОТ ВЕЛИГДЕН Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Јован Павле Втори, вчера се појави на прозорецот од својот апартман во Ватикан и ги благослови верниците насобрани пред базиликата "Свети Петар", каде што се одржа верската служба за католичкиот Велигден, јави МИА.

Папата не можеше да говори!

Вечер Прес - 28.03.2005

ВАТИКАН, 28 МАРТ (МАКФАКС). - Папата Јован Павле Втори вчера не го упати традиционалниот благослов Урби ет Орби, пред насобраните верници по повод прославата на католичкиот Велигден, поради немоќ. Агенциите јавуваат дека папата се појавил на балконот на зградата над плоштадот "Свети Петар", каде ...