TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ЛДП: Полагањето државна матура да почне од идната година

Канал5 - 07.10.2007

ЛДП смета дека полагањето државна матура треба да почне од идната година. Според партијата, дотогаш Владата треба добро да го осмисли концептот и начинот на кој ќе се полага матурскиот испит. Скопје, 7 октомври (МИА) - ЛДП смета дека полагањето државна матура треба да почне од идната година.

Кинеска матурска револуција

Дневник - 06.10.2007

Вистинскиот проблем не се децата, туку - родителите. А тие не се од СДСМ или од ВМРО или од ДУИ и ДПА, тие се од нашето маало и нашето соседство и фамилија. Тие што ги разгалиле своите деца , што не ги научиле да учат, па да се борат во животот со - знаење и вештина, со чест и достоинство.

Матурантите успеаја да издејствуваат средба со министерот Рушити

Канал5 - 06.10.2007

Министерот Рушити во вторник ќе ги прими матурантите за да ги слушне аргументите против државната матура. Ова е епилогот од средбата на средношколците со државниот секретар во министерството за образование и градоначалникот Костовски.

Со петарди против државната матура

Време - 05.10.2007

ПРОТЕСТИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ Стотина средношколци од Валандово, Радовиш, Куманово и од други градови од земјава, заедно со ученици од скопските средни училишта, вчера пукале петарди пред зградата на Министерството за образование, зашто се против полагањето државна матура.

Владата свесна дека не е подготвена за матурата

Утрински - 05.10.2007

Ова е забележано на официјалната страница на Владата, како соопштение од седницата одржана на 22 ноември 2006 година Вчера пред Министерството за образование протестираа околу 2.000 средношколци, кои по извесно време беа истуркани од полицијата БИЛЈАНА ЈОВАНОВСКА Дали Владата и министерот за ...

И петарди во борба против матурата

Дневник - 05.10.2007

Од скопскиот Иницијативен одбор за укинување на матурата се оградија од вчерашните протести, а директорите на училиштата најавија одработување на изгубените часови Со петарди, скандирања и со транспаренти, средношколци од Куманово, Радовиш и од Валандово вчера протестираа пред зградата на ...

Средношколци од повеќе градови протестираа

А1 - 04.10.2007

Средношколците од повеќе училишта од државава дојдоа на протести пред Министерството за образование. Не сакаат да полагаат државна матура. Но, иако протестите беа ставени во мирување, тие велат, дека тоа важело само за матурантите од Скопје. Со нив никој не преговарал.

Средношколците ќе ја оспорат матурата пред Уставен суд

Утрински - 04.10.2007

Протестите на матурантите од целата држава се ставени во мирување, а в сабота Иницијативниот одбор на средношколците ќе има средба со министерот за образование, Сулејман Рушити. Вчера на состанокот во ГУЦ „Здравко Цветковски“, на кој присуствувале претставници од сите скопски средни училишта, било ...

Нема преговори за матурата

Дневник - 04.10.2007

Средношколците ќе се откажат од натамошните протести, но не и од ставот да се укине државната матура Средношколците ќе полагаат пет предмети во државната матура и во врска со тоа нема да има преговори, изјави вчера министерот за образование Сулејман Рушити.

Средношколците и натаму на улиците протестираат против државната матура

Канал5 - 04.10.2007

Родителите ги поддржаа своите деца против државната матура. Аргументот е дека државната матура падна на Уставниот суд во 2005-та, со образложение дека во текот на образованието не можат да се менуваат условите под кои се запишале во училиште.

Протест на дебарските гимназијалци

Макфакс - 04.10.2007

Дебар Учениците матуранти во гимназијата „Здравко Чочковски“ во Дебар протестираа денеска наутро со барање да не полагаат државна матура. Средношколците - матуранти сметаат дека Mинистерството за образование треба да ја повлече одлуката оваа година матурантите да полагаат државна матура.

Нема преговарање - матура ќе има

Вечер - 04.10.2007

Министерот за образование, Сулејман Рушити вчера уште еднаш јасно им порача на матурантите дека нема да има преговори, дека матурата ќе се полага и тоа четири предмети и проектна задача. Тој вели дека не може да има преговори за процесот на реформите и за пакетот на реформите во кој спаѓа матурата.

Кумановските матуранти се упатија на протести во Скопје

Макфакс - 04.10.2007

Куманово Кумановските матуранти од сите четири средни училишта во градот, денеска претпладне во 12 автобуси се упатија кон Скопје на протести пред Министерството за образование и наука. Матурантите ќе протестираат со барање да се укине одлуката за полагање на матурскиот испит.

Средношколските протести ставени во мирување

А1 - 03.10.2007

Средношколците од денес се враќаат во училиште. По вчерашната неколкучасовна средба во градското собрание, се одговорија протестите да ги стават во мирување до крајот на неделата. „Имавме разговори на кои го изјаснивме нашиот став за поништување на матурата.

Рушити не ги прими матурантите што протестираат

Утрински - 03.10.2007

Матурантите кои вчера го продолжија протестот за укинување на државната матура пред Министерството за образование не беа примени од министерот Сулејман Рушити. По ова, Иницијативниот одбор одлучи да го продолжи бојкотот на наставата, а за в четврток е закажан масовен протест на кој, според ...

Фијаско со матурските протести

Вечер - 03.10.2007

Од МОН се децидни, учениците да се вратат на настава, а ќе преговараат само со легитимните претставници на средношколците Средношколската унија на Македонија (СУМ) и Младинската асоцијација на средни стручни училишта (МАССУМ) Тотално фијаско се случи со протестите на матурантите.

Протестот на матурантите не беше масовен

А1 - 02.10.2007

Матурантите и денеска го блокираа градот, но не во толкав број како што најавуваа. Велат, протестот не бил масовен, затоа што директорите не ги пуштале да дојдат пред Министерството за образование. Дури им се заканувале и дека ќе ги избркаат од училиште.

Ниту една политичка партија не не организира

Време - 02.10.2007

МАТУРАНТИТЕ ВЧЕРА ПАК ПРОТЕСТИРАА Со свирчиња и пцости средношколци од неколку скопски училишта за средно образование вчера повторно протестираа пред зградата на Министерството за образование зашто се против полагањето државна матура.

Матурантите го блокираа центарот на Скопје

Вест - 02.10.2007

Неколку стотини матуранти од средните училишта во Скопје вчера повторно се собраа на протести пред Министерството за образование, барајќи целосно укинување на државната матура. Протестот, кој почна во 12 часот, создаде сообраќаен хаос во гла Неколку стотини матуранти од средните училишта во Скопје ...

Владата не попушта за матурата, протестите продолжуваат

Утрински - 02.10.2007

Се' што е договорено со Средношколската унија е неприфатливо за нас, беше порачано од вчерашните протести Средношколците и вчера беа пред Министерството за образование Неколку стотици матуранти од Скопје и нивни претставници од Велес, Кратово, Кичево и Струмица вчера протестираа пред Министерството ...

Политизацијата влезе во протестот на матурантите

Дневник - 02.10.2007

Учениците што вчера протестираа демантираат дека се организирани од политичка партија, министерот за образование Сулејман Рушити го тврди спротивното Неединствени и обвинети дека се партиски диригирани, малкумина матуранти вчера се приклучија во протестот пред зградата на Министерството за ...

Политичко образование

Дневник - 02.10.2007

Протестите на матурантите за укинувањето на државната матура не се ништо друго освен крик на незадоволство од хаотичниот образовен систем во земјава . Дали годинава ќе се полага матура или не е најмалиот проблем со кој Министерството за образование треба да се зафати.

Матурантите најавија радикализација на протестите

Макфакс - 02.10.2007

Скопје Средношколците во Македонија најавија радикализација на протестите што го почнаа минатата недела, со барање за целосно укинување на државниот матурски испит. Според најавите на Иницијативниот одбор кој е анонимен, средношколците од денеска ќе ја бојкотираат настава, а во четвртокот масовно ...

Стотина најупорни не сакаат матура

Вечер - 02.10.2007

Пропадна обидот за масовни средношколски протести против државната матура. Вчера напладне пред Министерството за образование дојда стотина средношколци, претежно од скопските средни училишта. Имаа единствено барање да се укине државната матура.

Продолжуваат протестите на средношколците

А1 - 01.10.2007

Средношколците решија, од утре нама да одат во училиште, ќе ја бојкотираат наставата и ќе протестираат пред Министерството за образование, се додека не се укине државната матура. Денешните протести не беа масовни како оние од минатата недела, но во Скопје дојдоа претставници на матуранти и од ...

Продолжуваат протестите против државната матура

Време - 01.10.2007

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ НАЈАВИЈА Средношколците денеска повторно ќе протестираат поради неисполнување на нивните барања за укинување на матурскиот испит, најави вчера Иницијативниот одбор за укинување на државната матура. Според најавите, протести ќе се одржат пред зградата на Министерството за образование ...

Матурантите пак на улица

Вест - 01.10.2007

ДЕНЕСКА НОВИ ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ДРЖАВНАТА МАТУРА Средношколската унија апелира средношколците да се стрпат до наредната недела, кога се очекуваат конкретни резултати од преговорите за олеснување на испитот Иницијативниот одбор за укинување на државната матура вчера најави дека средношколците денес ...

Продолжуваат протестите на матурантите

Утрински - 01.10.2007

Наместо компромисното решение што им го вети, Министерството за образование не отстапува од матурскиот испит Точно напладне матурантите низ целата држава ќе ги продолжат протестите против полагањето на матурскиот испит. Овој пат зад протестите стои Иницијативниот одбор за укинување на државната ...

Матурантите пак на протести

Дневник - 01.10.2007

Протестите на матурантите ќе продолжат денеска и ќе траат се' додека не биде усвоено нивното барање да се укине државна матура , најави вчера Михаил Младеновски, претставник на иницијативниот одбор за укинување на државната матура, ученик во Средното медицинско училиште.

Продолжија протестите на средношколците - овој пат тие беа во помал број

Канал5 - 01.10.2007

Средношколците во помал број повторно протестираа пред Министерството за образование против полагање државна матура. Од таканаречениот Иницијативен одбор велат дека причината за послабиот одѕив е тоа што вратите на многу училишта останале заклучени.

Средношколците не се откажуваат од укинувањето на матурата

Вечер - 01.10.2007

Ова е барањето на иницијативниот одбор за укинување на матурата со кое денеска ќе излезат пред надлежните. Од ресорното Министерство посочуваат матурантите своите барања да ги канализираат преку, за нив, релевантните организации како што се Средношколската унија и МАССУМ Иницијативниот одбор за ...