TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кривични за Еленовски и за Манасиевски?

Време - 15.11.2008

Стотици милиони денари се ненаменски потрошени во Министерството за одбрана во 2006 година, обелодени Антикорупциската комисија, која најави дека ќе покрене иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење на двајцата поранешни министри, Јован Манасиевски и Лазар Еленовски.

Манасиевски и Еленовски на тапет на Антикорупциска

Утрински - 15.11.2008

Димовска демантираше дека е избрана за директор на МТВ. Катица Чангова. На тапет на Антикорупциска се ексминистрите за одбрана, Јован Манасиевски и Лазар Еленовски, поради сомневање дека во 2006 година го испразниле Буџетот за милионски суми.

Манасиевски и Еленовски обвинети за незаконско трошење

Дневник - 15.11.2008

Министерството за одбрана се најде под лупата на Антикорупциската комисија. Антикорупциската комисија побара кривична постапка за поранешните министри за одбрана Јован Манасиевски и Лазар Еленовски, обвинувајќи ги за незаконско трошење на буџетот на Министерството во 2006 година.

Антикорупциска бара кривично да се гонат Манасијевски и Еленовски

Н.Македонија - 15.11.2008

Мирјана Димовска, претседателка на антикорупциската комисија, бара да се понесат кривични пријави против поранешните министери за одбрана Јован Манасијевски и Лазар Еленовски поради незаконски набавки во 2006 година, врз основа на извештајот од државниот ревизор од април годинава.

Министерството за одбрана и Фондот за здравство се двете институции најподложни на корупција

Сител - 15.11.2008

Љубен Пауновски па Владо Бучковски, од вчера и Јован Манасиевски и Лазар Еленовски- од 2001ва до денеска ниту еден поранешен министрер за одбрана не остана со кристално чисто досие без сомневања или обвинувања. Иако за двајцата последни поранешни министри се уште нема официјална истрага, антикорупциската комисија вчера побара обвинителството да постапува поради нетранспарентното трошење државни ...

Еленовски и Манасиевски на списокот на антикорупциска

А1 - 14.11.2008

Стотици милиони денари ненаменски потрошиле во Министерството за одбрана, обелодени антикорупциската комисија. Државниот ревизор констатирал дека во 2006-та година тогашниот министер за одбрана Манасиевски 60 проценти од јавните набавки главно ги извршил на заминување, во периодот кога неговата влада технички функционирала.

Антикорупциска: Манасиевски и Еленовски го оштетиле МО за неколку стотини илјади денари

Алсат-М - 14.11.2008

Против поранешните министри за одбрана Манасиевски и Еленовски да се подигнат обвиненија за кршење на Законот за јавни набавки, побара Антикорупциската комисија од Јавното обвинителство. Според Комисијата, во 2006, на неколку дена пред изборите, во Министерството за одбрана се реализирале 60 отсто од јавните набавки предвидени за таа година.

Димовска бара да се гонат Манасијевски и Еленовски

Алфа - 14.11.2008

Антикорупциска бара кривично да се гонат Јован Манасијевски и Лазар Еленовски, објацата министри за одбрана во 2006-та. Мирјана Димовска ги товари дека ја злоупотребиле службената должност и вршеле јавни набавки спротивно на законските норми. За разлика од Еленовски кој е надвор од државава и бара време за да се запознае со деталите, Манасијевски експресно одговори на обвинувањата од Димовска.

Антикорупциската комисија бара кривично гонење на двајца министри за одбрана во 2006 година

Кирилица - 14.11.2008

Државната комисија за спречување корупција врз основа на наоди во ревизорски извештаи на Министерството за одбрана за 2006 година ќе покрене иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење на службени лица од МО, двајца министри, за кои постои основа за сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, со што го оштетиле Буџетот со стотици милиони денари.

Антикорупциска побара кривична постапка против Манасијевски и Еленовски

Канал5 - 14.11.2008

Екс министрите за одбрана Јован Манасијевски и Лазар Еленовски да се гонат кривично – побара државната Комисија за спречување корупција од Јавното обвинителство. Според Антикорупциска двајцата министри додека биле на функција ненаменски и нетранспарентно потрошиле 100-тици милиони денари.

Кривична постапка против поранешните министри за одбрана Јован Манасиевски и Лазар Еленовски

Сител - 14.11.2008

Државната комисија за спречување на корупцијата поведе постапка за кривично гонење на Јован Манасиевски и Лазар Еленовски како поранешни министри за одбрана. Имено, за време на нивното министерување ја злоупотребиле својата положба и овозможиле нетранспарентно трошење на буџетски средства за спроведување на јавни набавки.

Кривична одговорност за Манасиевски и Еленовски?!

Вечер Прес - 14.11.2008

Според антикорупционерите, двајца министри и други службени лица, во текот на 2006 година овозможиле незаконско трошење на буџетски средства, како и за спроведување на постапки за јавни набавки спротивно на законот. Кривично да се гонат екс-министрите за одбрана Лазар Еленовски и Јован Манасиевски, побараа вчера антикорупционерите.

Антикорупциска ги гони поранешните министри Еленовски и Манасиевски

Нетпрес - 14.11.2008

На списокот иницијативи за кривично гонење на Државната комисија за спречување на корупција, испратена до Јавното обинителство, се најдоа и екс министрите од одбрана, Лазар Еленовски и Јован Манасиевски, како и други службени лица од министерството, поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, со што, според антикорупционерите е направена штета на Буџетот од ...