Будимпешта/Загреб Хрватска и Унгарија денеска официјално ја признаа независноста на Косово. Унгарската Влада ја усвои одлуката за признавање на независноста и изрази надеж дека тоа нема да ги загрози нејзините односи со Србија.
Белград Белград денеска најави дека парламентарните избори во Србија закажани за 11.мај ќе бидат организирани и во Косово. Ваква најава соопшти српскиот министер за Косово Слободан Самарџиќ, додавајќи дека тоа е согласно позицијата на Белград според која Косово е неделив дел од Србија.
Загреб Бугарија, Унгарија и Хрватска се првите соседи на Белград, кои денеска го признаа Косово, што предизвика експресна реакција на Србија. Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ од Атина ги предупреди трите земји дека со признавањето на Косово не може да сметаат на добри односи со ...
Отава Канада ја призна независноста на Косово, изјави канадскиот министер за надворешни работи Максим Берниер. „Го признавме Косово како независна држава”, рече Берниер синоќа и додаде дека станува збор за „единствен случај” што не може да се користи како преседан „Тоа не може да се спореди со ...
Скопје Против признавање на независноста на Косово се 45 отсто од граѓаните на Македонија, а спротивно мислење имаат 35 отсто. Ова го покажуваат резултатите од анкетата што ја спроведе Центарот за истражување и креирање политики од Скопје.
Брисел Бугарија, Унгарија и Хрватска денеска ќе бидат првите соседи на Белград што ќе го признаат Косово, јави Ројтерс. Во изјава што ќе биде објавена подоцна денеска, трите земји наведуваат дека одлуката се заснова на „темелни проценки“ и ја истакнуваат важноста од заштита на српското малцинство ...
Министерот за надворешни работи на Шведска Карл Билд денеска изјави дека многу држави не се подготвени да го признаат Косово како независна држава. Билд допатува во посета на Приштина само неколку дена откако Шведска ја призна независноста на Косово.
Москва/ЊуJорк - Русија, по барање на Србија, ќе свика седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, посветена на Косово, следниот вторник, изјави портпаролот на руската исија при ОН, Марија Захарова. „ Седницата ќе биде одржана во вторник, на 11 март попладне“, изјави ...
Оклахома Сити - Македонија и Косово преку дијалог треба да го решат проблемот со границата, порачаа од американскиот Стејт департмент. Портпаролот на Стејт департментот, Том Кејси, вчера на новинарско прашање во врска со спорот изрази увереност дека проблемот може да се реши на мирен начин.
Шефот на шведската дипломатија Карл Билд оцени денеска дека голем број земји не се подготвени да го признаат Косово како независна држава. Билд во интервју за Асошиејтид прес, што го пренесува весникот „Интернешнл хералд трибјун“ на својата Интернет страница, оцени дека Обединетите нации ќе мора да ...
Белград Српскиот претседател Борис Тадиќ предупреди дека „противправното признавање на едностраната независност на Косово” од поедини држави, Србија го смета за повреда на својот суверенитет и територијален интегритет. „Се залагаме за продолжување на преговорите под мандатот на Обединетите нации со ...
Токио Јапонија денеска ја призна независноста на Косово, соопшти јапонското министерство за надворешни работи. „Јапонија се надева дека независноста на Косово ќе придонесе за долгорочна стабилност на регионот“, се вели во соопштението, во кое се потенцира дека Јапонија сака да продолжи да одржува ...
Хелсинки Независноста на Косово е неотповиклива и Србија им нанесува штета на сопствените интереси што тоа не го признава, изјави бившиот специјален пратеник на Обединетите нации(ОН) Марти Ахтисари. „Нема враќање во минатото.
Приштина Полициско – правната мисија на Европската Унија (ЕУ) на Косово (ЕУЛЕКС) ќе има потреба од заштита од НАТО со цел да воспостави контрола на Косово. Ова го изјави специјалниот претставник на ЕУ за Косово, Питер Фејт. Тој посочи дека 16 илјади припадници на силите на КФОР треба да овозможат ...
Загреб Хрватска, Унгарија и Бугарија најверојатно утре ќе ја признаат независноста на Косово, јавуваат денеска хрватските медиуми. Хрватската влада би можела утре да ја признае независноста на Косово, иако тоа би можело да предизвика криза во владината коалиција, со оглед на фактот што српскиот ...
Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу завчеравечер отфрли било каква можност за влошување на односите меѓу Приштина и Скопје, поради фактот што Македонија го условува признавањето на независноста на земјата со демаркацијата на границата Македонија и Косово на "пријателски и мирен начин" да го решат ...
Приштина Голем број на држави не се подготвени да го признаат Косово како независна држава. Ова денеска во Приштина го изјави шефот на шведската дипломатија Карл Билт. Според него, цивилната мисија на Обединетите нации (ООН) мора да остане на Косово и да делува како мост меѓу државите чии влади ја ...
Приштина Република Кореја ја призна денеска независноста на Косово, јави приштинската агенција Косовапрес. Јужнокорејската влада се надева дека независноста на Косово ќе придонесе за мирот и стабилноста, демократскиот развој и економското оживување на регионот, пренесе истиот извор.
Демаркацијата на границата кон Косово стигна и во американскиот Стејт Департмент. Вашингтон побара од Скопје и Приштина ова прашање да го решат на пријателски и мирен начин „Во врска со кој било спор меѓу Косово и Македонија или која било друга држава, ги охрабруваме луѓето да ги решат тие прашања ...
Претседателот на Финска Тарја Халонен ја призна независноста на Косово во согласност со предлозите на финската Влада и утврди воспоставување дипломатски односи меѓу Косово и Финска. Финските медиуми пренесоа дека одлуката била донесена без особени дискусии, а распоредот на нејзино извршување било ...
Атина - Новоизбраниот кипарски претседател Димитрис Христофијас изјави дека неговата земја никогаш нема да го признае Косово како независна држава. Христофијас во Атина посочи дека Никозија никогаш нема да го признае Косово поради тоа што ја почитува територијалната целост и суверенитет на Србија.
Мислења Грем Боули Наместо да им се дозволи на мини-државите што се распаѓаат да пропаднат, тие можеби имаат шанса да преживеат како штитеници на цела Европа На Балканот многу работи не се сменија откако Косово прогласи независност од Србија на 17 февруари.
ЉУБЉАНА - Словенија ја призна независноста на Косово и е прва поранешна југословенска република која го стори тоа. Предлогот да се признае Косово - кое Белград го смета за дел од Србија - беше донесен со 57 гласа „за“ наспроти четири „против“ во словенечкиот парламент.
Србија го повлече својот амбасадор во Љубљана и упати протестна нота до Словенија, која завчера ја призна еднострано прогласената независност на Косово. Министерот за надворешни работи Вук Јеремиќ наложи амбасадорот Предраг Филипов да ја напушти Словенија во рок од 48 часа од предавањето на ...
Хрватска овој месец ќе ја признае независноста на Косово, изјави хрватскиот претседател во интервјуто за јапонскиот весник „Асахи“. Токио, 7 март (МИА) - Хрватска овој месец ќе ја признае независноста на Косово, изјави хрватскиот претседател во интервјуто за јапонскиот весник Асахи .
Русија, на барање на Србија, ќе свика седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, посветена на Косово, следниот вторник, изјави портпаролот на руската мисија при ОН Марија Захарова. Москва/Њујорк, 7 март (МИА) - Русија, на барање на Србија, ќе свика седница на Советот за безбедност на ...
Косовскиот премер Хашим Тачи по средбата со претставникот на словенечката канцеларија во Приштина, Војко Волк, изјавил дека е многу значајно започнувањето со признавање на независноста на Косово од страна на земјите од поранешна Југославија.
Брисел Шефовите на дипломатии на Европската унија (ЕУ) в понеделник во Брисел ќе ја разгледуваат ситуацијата на Косово по прогласувањето независност во Приштина. Според најавите, тема на средбата ќе биде настојувањето на Унијата целосно да ја распореди правосудно-полициската мисија чии претставници ...
Вашингтон Официјален Вашингтон ги повика Македонија и Косово на „пријателски и мирен начин“ да го решат прашањето за демаркација на границата, пренесува Макфакс. „Што се однесува до постоечкиот спор меѓу Косово и Македонија, ние ги охрабруваме да го разрешат на мирен начин и преку разговори.
Загреб Мнозинството хрватски граѓани го поддржуваат признавањето на Косово и не се плашат од понатамошна дестабилизација во регионот, покажуваат резултатите од истражувањето на агенцијата Пулс. Признавањето на Косово го поддржуваат четири петини од испитаниците, мнозинството од 51 отсто смета дека ...
Хелсинки Финска денеска официјално го призна Косово, јавуваат медиумите. Финската претседателка Тарја Халонен денеска ја потпиша одлуката што вчера ја донесе финската Влада. Косово до сега го признаа повеќе од 20 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија.
Њујорк Русија, на барање на Србија, ќе свика во вторник седница на Советот за безбедност на ОН посветена на Косово, соопшти руската мисија во светската организација. Ова е договорено на средбата меѓу рускиот амбасадор во Обединетите нации (ОН) Виталиј Чуркин и шефот на српската дипломатија Вук ...
Приштина „Имаме потврда дека Македонија ќе ја признае независноста на Косово. Потврден ни е и временскиот период и деновите кога ќе се донесе таа одлука“. Ова вчера за скопската телевизија „Алсат М“ го изјави косовскиот премиер Хашим Тачи, додавајќи дека постои добра воља од страна на Македонија да ...
Загреб Хрватскиот амбасадор во Белград Тони Станичиќ денеска призна дека имало меѓународен притисок врз Загреб за да ја признае независноста на Косово. „Имаше меѓународен притисок тоа да биде направено, но ние брзавме токму поради почитта кон Србија и нашите партнерски односи“, изјави Станичиќ, ...
Белград Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ ги демантира тврдењата дека српскиот предлог за соработка претставен пред мисијата на ООН во Косово, претставува иницијатива за поделба „Исклучително важно е да се изјаснам за тоа. Србија не е за поделба на Косово“, рече Јеремиќ.
Белград Србија бара да управува со етнички српски области на Косово преку времена спогодба со мисијата на Обединетите нации во покраината. Ова денеска го изјави српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, според кого времената спогодба е неопходна за косовските Срби, со цел да се избегне ...
САД изразија задоволство поради тоа што голем број држави досега ја признаа независноста на Косово, меѓу кои и повеќе земји од ЕУ. „Во наредниот период очекуваме нови признавања од земјите од ЕУ, но од други држави“, изјави портпаролот на Стејт департментот Том Кејси.
САД побараа Русија „отворено и недвосмислено“ да ги повика Србите „да се смират“: Виталиј Чуркин Москва - Едностраното прогласување на независноста на Косово може да доведе до фактичка поделба, изјави постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Виталиј Чуркин, и нагласи дека сите ...
Мислења Ермира Мехмети Како што се зголемуваат апетитите на Србија за поделба на Косово, така расте и општата тензија во регионот Одбивањето на Србија да ја прифати независноста на Косово претставува закана за стабилноста и трајниот мир на целиот регион.
Граница За што зборуваме ние, за признавње на границата со Косово или за нејзина демаркација. Ова се два потполно различни термини. Границите на Македонија се меѓународно признати и тука нема дилема. Косово како новоформирана држава и според првичните изјави на неговото раководство и според планот ...
Условувањата од Косово, Македонија прво да ја признае независноста, а потоа да се пристапи кон демаркација на границата, за претседателот Бранко Црвенковски е лош почеток на градење на односите од страна на Приштина. Тој додаде дека декларацијата со која Косово прогласи независност се темели на ...
Без оглед кој ќе биде победник на парламентарните избори во Шпанија, што ќе се одржат в недела, ниту социјалистите, ниту десницата немаат намера да го признаат Косово,пишува вчера парискиот "Либерасион". Дописникот на овој весник од Мадрид ја пренесува изјавата на министерот за надворешни работи ...
Македонија прво да ја признае независноста на Косово, а потоа да се обележи границата. Ова се очекуваше да биде еден од заклучоците на Централното претседателство на ДУИ, кое вчеравечер требаше да расправа за актуелните политички настани.
Хрватскиот претседател Стипе Месиќ денеска предупреди дека Србија самата ќе настрада ако бара казени марки за земјите кои ја признаа независноста на Косово, пренесува АФП. Хрватска се уште је нама признаено независноста на Косово, прогласена на 17 февруари, а нејзиниот државен врв изјави дека ќе ги ...
Скопје Мешовитата македонско-косовска комисија за одбележување на границата треба да започне со работа денеска во Скопје. Ова го најави портпаролот на македонската влада, Ивица Боцевски, кој додаде „очекуваме дека во најскоро можен рок Комисијата ќе почне со практичната работа“.
Брисел ЕУ и САД разгледуваат можност за признавање на независноста на Косово долгорочно да се посегне по формулата на двете корејски држави за членство во Обединетите нации од 1991 година. Русија, тогаш стави до знаење дека нема да дозволи повторување на истиот случај.
Приштина Косово верува дека наскоро ќе биде признато од Македонија и се обврзува да ги заврши задачите за демаркација на границата, согласно планот на Марти Ахтисари. Ова, како што јавува Макфакс, го посочија денеска претседателот и премиерот на Косово, Фатмир Сејдиу и Хашим Тачи, на прес ...
Љубљана Парламентот на Словенија денеска донесе одлука да ја признае независноста и суверенитетот на Косово. Одлуката уследи по четиричасовна расправа во словенечкиот парламент, во која дел од пратениците искажаа загриженост за судбината на економските односи на Словенија со Србија, за ...
Скопје Одложена е средбата на мешовитата македонско-косовска комисија за демаркација на границата, што беше предвидена за денеска во Скопје, потврдија владини извори за Макфакс. „Средба денеска нема да има. Термините за тоа се усогласуваат“, изјави попладнево портпаролот на македонската влада Ивица ...
Загреб Обидите за уставно намалување на ингеренциите на претседателот, хрватскиот шеф на државата Стипе Месиќ, го оцени како „обид да биде ставен во функција на фикус“. „Тоа се прави од едноставна причина со цел оној што ќе воспостави извршна власт да може да има целосна контрола над сите државни ...
Шведска реши да го признае Косово како независна држава, изјави портпаролот на шведското министерство за надворешни работи Сара Малмгрен. Косово еднострано ја објави независноста на 17 февруари. Уште следниот ден Стокхолм соопшти дека има намера да ја признае независноста на новата држава.
Мислења Џилијан Миловановиќ Нашата задача сега е да им помогнеме на лидерите и на луѓето на Косово да ја развијат оваа држава во една мултиетничка земја што ќе биде самоодржлива Соединетите Држави го поздравуваат големиот чекор што го направи Европа неодамна во насока на остварувањето на целта - ...
Шведска денеска ја призна независноста на Косово од Србија, соопшти шведското Министерството за надворешни работи, пренесува АФП. -Шведска одлучи да го стори тоа денеска. Официјалното признавање ќе се случи на владината седница што следи, изјави владиниот портпарол Сара Малмагрен, пренесува АФП.
Приштинскиот весник „Зери“ денеска оценува дека македонските власти „брзаaт со барањето за одбележување на границата на Македонија кон Косово, пред да донесат став за Косово по прогласувањето независност“. Приштина, 4 март (МИА) - Приштинскиот весник Зери денеска оценува дека македонските власти ...
По прогласувањето независност Косово станува европска Палестина која ќе продуцира нестабилност и нови кризни ситуации во регионот, смета професорот Љубомир Цуцуловски. На денешната трибина организирана од демократската партија на Србите во Македонија, прогнозираше дека новата ситуација ќе ги ...
Амстердам Холандија денеска ја призна независноста на Косово, соопшти холандското Министерство за надворешни работи. „Од името на Кралството Холандија, министерот за надворешни работи Максим Верхаген му соопшти на Косово дека го признава како независна држава“, соопштија од Министерството.
Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека нема да се откаже од борбата да го зачува Косово под суверенитет на Србија, но и од интеграцијата на земјата во Европската унија. "Никој не треба да мисли дека ќе се откажам од таа политика", изјави Тадиќ на средба со раководството на неговата ...
Никозија Новата кипарска Влада нема да ја признае едностраната сецесија на Косово, изјави денеска во Брисел кипарскиот претседател Димитрис Христофијас. Ова е првпат новиот кипарски претседател, кој е избран кон средината на февруари, го изразува својот став за статусот на Косово.
Прага Европската унија (ЕУ) треба да се обедини и да ја признае независноста на Косово. Ваков апел денеска упати бившиот шеф на американската дипломатија Медлин Олбрајт, во интервју за чешкото Радио. “Навистина мислам дека е важно ЕУ да се обедини околу тоа прашање.
Приштина Македонија требало во пакет со Унгарија, Бугарија и Хрватска да ја признае независноста на Косово, но отстапила поради прашањето за демаркација на границата. Ова денеска го објави приштинскиот весник „Зери“, повикувајќи се на западни дипломатски извори Весникот наведува дека, поради ...
Приштина Мисијата на ЕУ на Косово не е нелегална, иако нема одобрување од ОН да ги преземе овластувањата на УНМИК, изјави нејзиниот раководител, холандскиот дипломат Питер Фејт. „Моето присуство на Косово не е незаконско. Тоа што засега нема консензус, ниту пак поддршка од српската Влада за нашата ...
СПЕЦИЈАЛНИОТ ПРАТЕНИК ПИТЕР ФЕЈТ Специјалниот претставник на Европската унија за Косово, Питер Фејт, изјави дека Србите од северот на Косово нема да добијат автономија, пренесува српскиот портал „Мондо“- Тоа не е предвидено и никогаш за тоа не сум разговарал со косовската влада.
ДПА НАВРЕДЕНА ОД КОСОВО Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, и косовскиот премиер Хашим Тачи се скараа за прашањето кој во Македонија ќе биде најзаслужен за признавањето на Косово. Мендух Тачи се почувствувал повреден откако косовскиот премиер, говорејќи за Македонија, не го спомнал него или неговата ...
КОСОВО ГО УБЛАЖИ СТАВОТ Признавањето не е услов за демаркација на границата. Косово го ублажува ставот откако вицепремиерот на Владата во Приштина, Хајдерин Кучи, изјави дека Македонија ќе мора прво да ја признае независноста, па потоа да бара обележување на северната граница.
ОХРИД - Демаркацијата на границата меѓу Македонија и Косово е во интерес на двете страни и нема потреба од меѓусебни условувања. Ова е пораката на министерот за локална самоуправа на Косово, Сади Ферати, што завчера ја упати од Охрид.
Белград/ Приштина - Специјалниот претставник на Европската унија за Косово, Питер Фејт, изјави дека српската заедница на северот на Косово нема да има никаков специјален статус во однос на поголемиот дел од покраината,, исклучувајќи каков било облик на кантон или автономија.
Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека нема да се откаже од борбата да го зачува Косово под суверенитет на Србија, но и од интеграцијата на земјата во Европската унија. Белград, 3 март (МИА) - Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави дека нема да се откаже од борбата да го зачува Косово под ...
Приштина Косово во целина е мирно, но можно е избувнување на насилство, предупреди денеска висок претставник на силите на КФОР на Косово, германскиот генерал Герхард Шелц. „Секој ден се соочуваме со провокации, но исто така и со мирни протести, најчесто од страна на студенти од српскиот дел на ...
Министерот за Косово и Метохија во Владата на Србија, Слободан Самарџиќ, вчера оцени дека изјавите и ставовите на специјалниот претставник на ЕУ за Косово Питер Фејт немаат никаква "обврзувачка сила" за власта во Србија, ниту за Србите кои живеат во покраината.
Белград Обидот за создавање на „држава Косово“ е стратешка грешка и ќе сториме сè тој дух да биде вратен во шишето и Приштина и Белград повторно да седнат на преговарачка маса. Ова, во интервјуто за српските медиуми, го изјави шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ.
Приштина Постои можност на Косово во рок од девет месеци да се одржат нови избори, пишува денеска приштинскиот весник „Коха Диторе“. Ова е предвидено со планот на специјалниот претставник за Косово Марти Ахтисари, кој има наведено дека по прогласувањето на независноста во рок од девет месеци би ...