„Црна Гора, како и Србија ќе имаат своја војска“, изјави заменикот министер за одбрана на СЦГ Вукашин Мараш. Тој за подгоричките гласила изјави дека Црна Гора ќе има „мала, специјализирана, добро опремена и вооружена, и добро платена професионална војска“.
Незавиноста на Црна Гора официјално ќе биде објавена следната недела, изјави денеска во Подгорица црногорскиот претседател Филип Вујановиќ. Белград, 28 мај (МИА) - Незавиноста на Црна Гора официјално ќе биде објавена следната недела, изјави денеска во Подгорица црногорскиот претседател Филип ...
ЦРНОГОРСКИОТ ПРЕМИЕР ОБВИНУВА Владата на Србија е одговорна за се што во моментот се случува во политичкиот живот на Црна Гора, а црногорската опозиција работи по инструкции на Белград, изјавил Мило Ѓукановиќ, црногорски премиер.
ПОДГОРИЦА, 27 мај (Ројтерс) - Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ вчера ја обвини српската влада дека ги поттикнува опозицијата на етничките Срби во Црна Гора да ги отфрлат резултатите од референдумот во полза на независност.
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ вчера ја обвини српската влада дека директно ги насочува активностите на унионистите Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ вчера ја обвини српската влада дека директно ги насочува активностите на унионистите со што се меша во политичкиот живот во Подгорица, ...
На 21 мај, на Референдумот за независност, граѓаните на Црна Гора со значително мнозинство, преку почитувањето на правилата на демократската процедура и дадоа целосна легитимација на идејата за одвојување од Србија, односно за заокружување на сопствената државност.
УНИОНИСТИТЕ СЕ УШТЕ НЕ ГО ПРИЗНАВААТ ЦРНОГОРСКИОТ РЕФЕРЕНДУМ Блок за одржување на државната заедница Србија и Црна Гора завчеравечер и ги предал приговорите на Републичката референдумска комисија за регуларноста на одржувањето на референдумот во неколку општини во Црна Гора, јави белградското радио ...
Еден килограм пршута во Црна Гора чини од 12 до 14 евра, а за истата количина во белградскиот минимаркет „Максим“ купувачот мора да издвои 2.000 динари (речиси 25 евра) Пред одржувањето на референдумот, главен аргумент со кој унионистите ги убедуваа граѓаните да се изјаснат против независност беа ...
Подгорица вчера ја погоди земјотрес со јачина од 3,8 Рихтерови степени, јави Макфакс. - Земјотресот се случи вчера во 12 часот и 45 минути, а епицентарот на потресот беше шест километри јужно од Подгорица - соопшти црногорскиот Сеизмолошки завод.
Неколку организации во Придњестровието му предложиле на рускиот претседател Владимир Путин решавање на кризата во регионот со организирање референдум под закрила на Русија, објавуваат локалните весници. Букурешт, 26 мај (МИА) - Неколку организации во Придњестровието му предложиле на рускиот ...
СРПСКИ „ВЕЧЕРЊЕ НОВОСТИ“ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ ВО ЦРНА ГОРА Гласовите на малцинските групи во Црна Гора биле пресудни на референдумот за независност, пишува српски „Вечерње новости“. Весникот наведува дека на 28 избирачки места на кои со 100 отсто победил блокот за суверена Црна Гора, според пописот од ...
ХЕЛСИНКИ, 25 мај (Ројтерс) - Било каков обид на меѓународната заедница да наметне решение за Косово Србите ќе го сметаат за понижување и би можело да предизвика нови немири на Балканот, изјави вчера министерот за надворешна политика на Србија и Црна Гора Вук Драшковиќ.
ДрашковиЌ ХЕЛСИНКИ - Какви било меѓународни чекори за наметнување решение за Косово би се сметало за понижување од страна на Србите и би можело да предизвика нови турбуленции на Балканот, изјави вчера министерот за надворешни работи на СЦГ Вук Драшковиќ.
Унионистите вчера требаше да поднесат жалби и да побараат повторување на гласањето на оние места каде што ќе се утврди дека имало неправилности Унионистите, со непризнавањето на резултатите од референдумот на кој беше изгласана независност на републиката, ги подигаат тензиите и се подготвуваат за ...
Независната Црна Гора, Србија и Косово, кое формално се' уште е дел на Србија, се очекува заедно да влезат во Европската Унија, кога за тоа ќе се создадат услови и кога тие ќе бидат подготвени за членство, објави „Фајненшел тајмс“, јави МИА.
Климава е судбината на Балканот и на ЕУ ако ксенофобијата стапи на сцена. Такви знаци има и не треба да се бега од нив. Треба да се констатираат и решат. Како? Со уште поголема посветеност на земјите-членки и на европските институции во проектот наречен обединета Европа Балканот е променет.
ПОСЛЕДИЦИ ОД РАСПАДОТ НА ДРЖАВНАТА ЗАЕДНИЦА СРБИЈА И ЦРНА ГОРА Статусот на студентите и на другите граѓани од Црна Гора, отпуштањата во јавната администрација на државната заедница Србија и Црна Гора, односите со Европската Унија и пренесувањето на надлежностите на двете републики се само дел од ...
БЕЛГРАД, 24 мај (Ројтерс) - Српскиот претседател Борис Тадиќ вчера изјави дека ги признава резултатите од референдумот во Црна Гора каде што државата се одлучи за независност. "Ги признавам прелиминарните резултати на референдумската комисија", изјави тој што беше прв официјален коментар од Србија ...
ЉУБЉАНА, 24 мај (Ројтерс) - Црна Гора се надева дека ќе ги заврши преговорите со Србија за отцепување на сојузот за три месеци, соопшти вчера црногорскиот министер за надворешна политика Миодраг Влаховиќ. ЉУБЉАНА, 24 мај (Ројтерс) - Црна Гора се надева дека ќе ги заврши преговорите со Србија за ...
ПЕРСПЕКТИВА БРИСЕЛ - Европската комисија вчера соопшти дека ќе препорача посебни разговори за поблиски односи со Црна Гора и конечно членство во ЕУ, откако оваа поранешна југословенска република гласаше за отцепување од Србија.
ДИПЛОМАТИЈА Од нашиот дописник Бранко ВлаховиЌ МОСКВА - Разделувањето на Србија и Црна Гора нема да доведе до негативни последици меѓу нив, бидејќи и досега тие де факто постоеја како две одвоени држави кои имаа заедничка дипломатија и војска.
Весниците пишуваат за процесот на Ѓукановиќ во Италија за шверц со цигари Од нашиот дописник Томислав Ивановски ЛОНДОН - На политичката карта на Европа одново се појавува една нова држава, Црна Гора, првата по 1993 година, велат британските медиуми во своите реагирања по одлуката на граѓаните на ...
Премиерот Ѓукановиќ очекува Црна Гора да добие место во Обединетите нации најрано во септември Европската комисија вчера соопшти дека ЕУ со независна Црна Гора набрзо ќе ги продолжи разговорите за асоцијација и стабилизација, јави Ројтерс.
Националниот идентитет на Црногорците е спорен бидејќи тој регион веќе многу долго има заедничка судбина со Србите, изјави професорот Кристијан Фос Келн, 24 мај (МИА) - Националниот идентитет на Црногорците е спорен бидејќи тој регион веќе многу долго има заедничка судбина со Србите, изјави ...
Сега веќе независната Црна Гора, Србија и Косово кое формално се уште е дел на Србија, се очекува заедно да влезат во Европската унија,тогаш кога за тоа ќе се создадат услови и кога тие ќе бидат подготвени за членство... Лондон,24 мај (МИА) - Сега веќе независната Црна Гора, Србија и Косово кое ...
Црногорскиот министер за внатрешни работи Јусуф Каламперовиќ најави денеска дека новите пасоши и лични карти за граѓаните на независна Црна Гора ќе почнат да се издаваат од 2007 година. Подгорица, 24 мај (МИА) - Црногорскиот министер за внатрешни работи Јусуф Каламперовиќ најави денеска дека новите ...
Одлуката на граѓаните на Црна Гора да имаат сопствена држава целосно ја прифаќаме. Ова попладнево го изјави српскиот претседател Борис Тадиќ пред средбата со специјалниот претставник на ЕУ за референдумот во Црна Гора Мирослав Лајчак.
55,5% „да“ за независна Црна Гора, 44,5% „против“. Тоа се првичните неофицијални резултати на црногорскиот референдум, соопшти претседателот на Референдумската комисија, словачкиот дипломат Франтишек Липка. Во претстојните 72 часа тече рокот во кој унионистите, блокот партии кои се залагаа за ...
Европската унија денеска соопшти дека „во целост ја почитува одлуката на граѓаните на Црна Гора” и побара од „сите заинтересирани страни да го прифатат резултатот” од референдумот за државно-правниот статус на републиката, соопшти денеска австриското претседателство ЕУ.
УСПЕШЕН РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИСТАПУВАЊЕ ОД ДРЖАВНАТА ЗАЕДНИЦА СО СРБИЈА Републичката референдумска комисија вчера ги соопшти резултатите од референдумот за независност на Црна Гора, според кои 55,4 отсто од избирачите што излегле на гласање се изјасниле „за“ самостојна Црна Гора, додека 44,6 отсто ...
ЦРНА ГОРА НЕЗАВИСНА Подгорица, 23 мај - За независност на Црна Гора гласаа 55,4, а за останување во државната заедница 44,6 отсто од гласачите во Црна Гора, соопшти претседателот на Референдумската изборна комисија Франтишек Ли Подгорица, 23 мај - За независност на Црна Гора гласаа 55,4, а за ...
За независност гласаа 55,4 отсто од Црногорците, 0,4 отсто повеќе од потребните гласови ПОДГОРИЦА - Црногорците гласаа за независност и извојуваа победа на референдумот што ќе ја оконча заедницата со Србија, која трае речиси еден век и ќе го затвори последното поглавје во сторијата за Југославија.
Профил Црна Гора, со статус република во државната заедница на Србија и Црна Гора, е една од најстарите држави во Европа иако поради сплет на историски околности, неправди и поради погрешни политики на самите црногорски елити во различни период од 20 век овој факт денес не е широко познат.
ТЕЛЕГРАМИ Претседателот Бранко Црвенковски, по повод референдумското изјаснување за независност на Црна Гора, упати честитка до црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, во која го поздрави успешниот исход од изјаснувањето. „Тоа претставува реализација и потврда на историските аспирации на Вашиот ...
Многу Срби се уморија од црногорската драма „да или не" за отцепување БЕЛГРАД - Во Србија вчера се чувствуваше неволно прифаќање и само најава за сомневање по гласањето во Црна Гора, при што пронезависните Црногорци извојуваа тесна победа на референдумот за погребување на нивната заедничка држава.
Веста дека мнозинството од граѓаните се изјасниле за независност, беше дочекана со огномет и со скандирање: „Имаме држава“ и „Вива Монтенегро“ Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ синоќа во 1.40 ч. огласи независност на Црна Гора. - Имаме држава и никогаш повеќе нема да дозволиме да ја изгубиме.
Демократски изразената волја на црногорскиот народ ќе придонесе за стабилизација на регионот и таа мора да се почитува, изјавија вчера Санадер и Бучковски по референдумот во Црна Гора. - Јас вчера околу 1.30 часот разговарав со премиерот Мило Ѓукановиќ и ја поздравив волјата на граѓаните.
Многу големи и историски зборови од вчера се изговараат секаде до каде што се простира Црна Гора. Поводот е таков, обновени се самостојноста и независноста на државата. Во земјата што, како и сите други балкански, премногу консумира историја, не е првпат да се кажуваат такви зборови, да се виорат ...
Македонија со раздружувањето на Подгорица и Белград добива директна дестинација за пласман на своите производи. Црногорскиот пазар е мал но е погоден за нашето земјоделство- отвора нови скромни трговски перспективи за земјава- е експертската економска анализа по стекнатата независност на Црна Гора.
На референдумот за идниот државно-правен статус на Црна Гора за независност на републиката гласаа 230.711 лица, односно 55,5 отсто од црногорските граѓани што го искористија своето гласачко право или , соопшти денеска во Подгорица претседателот на Републичката изборна комисија, Франтишек Липка.
Претседателот на Уставниот суд на Србија Слободан Вучетиќ оцени дека со победата на суверенистите во Црна Гора, Србија во рок од неколку денови со измена на Законот за влада и со прифаќање декларација за прогласување независност, може да се уреди како самостојна држава.
За независност на Црна Гора гласаа 55,4, а за останување во државната заедница 44,6 отсто од гласачите, соопшти претседателот на Референдумската изборна комисија Франтишек Липка, потенцирајќи дека станува збор за прелиминарни резултати.
- Дефинитивно во неделата бевме сведоци на завршувањето на проектот Југославија, кој започна во 1918 година. Ова беше последната фаза на десолуцијата на поранешната држава. Се надевам дека ова ќе делува отрезнувачки кај властите во Белград и тие побрзо ќе фатат приклучок со другите земји од ...
Во Белград прелиминарните резултати не се примени со рамнодушност. Тие може да се протолкуваат како уште еден неуспех на премиерот Коштуница по фијаското со прекините на преговорите со ЕУ. Инаку од Кабинетот на српскиот Премиер соопштија дека Коштуница ќе го изнесе својот поглед на идните односи со ...
Црна Гора го живее првиот ден на обновената независност. Се уште трае славењето на независноста што почна синоќа веднаш по 22 часот кога Центарот за мониторинг и агенцијата Цесид објавија дека блокот за независност освоил 56,3% од гласовите.
Славењето се уште трае. Низ улиците на Подгорица се движат автомобили со знамиња на независна Црна Гора. „Имаме држава“, ечеше синоќа пред зградата на Владата, каде неколку илјади луѓе ги очекуваа резултатите од референдумот.
Црна Гора, просторно и по бројот на жители најмала република од поранешна СФРЈ, географски припаѓа на среден Медитеран, односно Јужна Европа. Се простира на речиси 14.000 километри и според податоците од 1998 години во неа живеат повеќе од 650.000 жители.
ПОДГОРИЦА, 22 мај (Ројтерс) - Одsивот на референдумот за независност на Црна Гора вчера лесно го мина условот да биде повисок од 50 отсто, со што беше исполнет еден од критериумите договорени со Европската унија за да може референдумот да се смета за ПОДГОРИЦА, 22 мај (Ројтерс) - Одsивот на ...
РЕФЕРЕНДУМ ЗА ИСТАПУВАЊЕ ОД ДРЖАВНАТА ЗАЕДНИЦА СО СРБИЈА Граѓаните на Црна Гора вчера на референдум одлучуваа дали сакаат да живеат во независна држава или во заедница со Србија. Според Центарот за набљудување на гласањето ЦЕМИ, вчера до 11.30 часот на гласање излегле 35,6 отсто од граѓаните со ...
До 13 часот се изјаснија 51,8 отсто од вкупно запишаните 484.718 граѓани ПОДГОРИЦА - Црногорците вчера лесно ја минаа првата пречка за валиден референдум за независност, бидејќи во првите неколку часа одзивот надмина 50 отсто.
Уште пред почетокот на референдумот, во Подгорица активисти на блокот за независност подготвуваа огномет, а државното знаме на Црна Гора се вееше од многу балкони Одѕивот на граѓаните на Црна Гора вчера попладнето ја надмина границата од 50 отсто, еден од условите поставени од Евроспката Унија за ...
Црна Гора подобро ќе функционира како независна држава отколку во заедница со Србија. Експертите и политичките аналитичари сметаат дека иако вчерашниот референдум дефинитивно значи распад на поранешна Југославија, новата држава на Балканот подобро ќе се пробие на меѓународната сцена.
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ прогласи ноќеска, во еден часот и 40 минути по полноќ, независност на Црна Гора. Подгорица, 22 мај (МИА) - Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ прогласи ноќеска, во еден часот и 40 минути по полноќ, независност на Црна Гора.
Независноста на најмалата некогашна југословенска република Црна Гора означува, конечен крај на поранешната југословенска федерација, пишува лондонски Гардијан, коментирајќи ги резултатите од вчера одржаниот референдум на која граѓаните избираа меѓу независноста и останувањето во заедница со Србија.