TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бомбардирана демаркационата линија во северен Ирак

А1 - 30.03.2003

Американски и британски авиони изутрината повторно ги бомбардираа регионите околу демаркационата линија во северен Ирак, која ја дели ирачката територија од курдските автономни области. Централната команда на САД соопшти дека американските и британските сили уништиле „голем терористички објект“, не ...

Двајца маринци загинале во централен Ирак

А1 - 30.03.2003

Двајца маринци загинаа во одвоени инциденти во централен Ирак, соопшти денеска централната команда на американските сили во Катар. Во краткото соопштение се наведува дека еден припадник на Првиот експедициски корпус на американските маринци загинал во петокот.

За првпат протести и во Пекинг

А1 - 30.03.2003

Стотици кинески студенти демонстрираа денеска против војната во кругот на Универзитетот во Пекинг, откако кинеските власти за прв пат им одобрија да го изразат своето противење на американско-британските напади врз Ирак на овој начин.

Непочитување на човековите права во Ирак

А1 - 30.03.2003

Од почетокот на војната против Ирак, пред 11 дена, забележано е непочитување на човековите права во 14 земји, вклучувајќи ги и САД и Велика Британија, соопшти меѓународната организација за заштита на правата на човекот „Амнести интернешнел“.

Ирак ја отфрли програмата „Нафта за храна“

А1 - 29.03.2003

Ирак ја отфрли резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за продолжување на програмата „Нафта за храна“, со која треба да се обезбедат средства за набавка на храна и лекови за жителите на Ирак. „Само Ирак може да управува со оваа програма“, изјави денеска ирачкиот министер за информации Мохамед ...

САД ќе бараат воено учество на Македонија во Ирак?

А1 - 29.03.2003

САД ќе побараат македонско присуство во Ирак уште во текот на војната, ако тоа веќе не е побарано, пишува денеска „Утрински весник“, не наведувајќи извор. Весникот додава дека конкретната помош од сојузниците на коалицијата може да биде побарана побрзо од првичниот план и да се реализира преку ...

Загинаа пет американски војници во самоубиствен напад

А1 - 29.03.2003

Пет американски војници загинаа во самоубиствениот бомбашки напад северно од ирачкиот град Наџаф, соопшти денеска американската команда. „Убиените војници биле припадници на 3. пешадиска дивизија од 1. бригада, а нападот се случил на контролната точка на американската војска на автопатот број 9, ...

Курдски вооружени единици со контрола над дел од северен Ирак

А1 - 29.03.2003

Курдски вооружени единици се наоѓаат на 20 километри од градот Киркук во Северен Ирак. Тие воспоставиле контрола над регионот Кара Инџир, откако ирачките војници ги напуштиле своите позиции и се предислоцирале во градот. „Курдските единици го зазедоа без битка Кара Инџир“, рече командантот на ...

Американската војска призна за силниот ирачкиот отпор

Вест - 29.03.2003

ИРАК, 29 март (Би-Би-Си) - Американската војска признава дека силниот ирачки отпор го забавува процесот на силите на инвазија додека беснеат борбите околу стратешките градови на јужниот дел од Ирак. Високиот армиски командант генерал Вилијам Валанс предупреди дека герилската тактика во борбите ги ...

Инволвираноста на сојузниците ќе се зголемува во Ирак

Утрински - 29.03.2003

Според советничката на Буш, Кондолиза Рајс САД сў повеќе ги вовлекуваат во војната земјите што им дадоа политичка или логистичка поддршка околу Ирак, и тој тренд не само што нема да се намалува, туку и ќе се форсира натаму. Потврда за тоа е изјавата на советничката за национална безбедност на САД, ...

САД бараат македонско присуство во Ирак и пред крајот на војната?

Утрински - 29.03.2003

Додека борбите во Ирак се интензивираат, а земјата се соочува со хуманитарна катастрофа Изненадувачкиот развој на настаните во Ирак, каде настапувањето на американско-британските сили оди со забавено темпо, лесно може да ги измени и улогите на останатите членови на коалицијата, меѓу кои и ...

Воените експерти стравуваат од нов Виетнам

Утрински - 29.03.2003

Предвидувања за можните загуби во жива сила во Ирак ВАШИНГТОН - Голем број на американски воени лица се загинати, повредени или исчезнати на боиштата во Ирак, а воените експерти предупредуваат дека Американсците може наскоро да се соочат со масакар каков што не виделе уште од завршувањето на ...

Британските војници не се егзекутирани

Утрински - 29.03.2003

Официјален Багдад негира БАГДАД - Ирак ги негира обвиненијата од британскиот премиер Тони Блер дека егзекутирал двајца заробени британски војници. Ирачкиот министер за информации Мохамед Саид ал-Сахаф изјави дека Блер ја "излажал јавноста". "Ние никого не сме егзекутирале".

Нашата коалиција

Дневник - 29.03.2003

КОНДОЛИЗА РАЈС Коалицијата што моментално е ангажирана во тешките, опасни активности за разоружување на Ирак е силна, голема и разновидна. Речиси 50 држави се решени да го отстранат целото смртоносно, разорувачко и нелегално оружје на режимот на Садам Хусеин.

Продолжена програмата „Нафта за храна“ за Ирак

А1 - 28.03.2003

Советот за безбеднсота на ОН вечерва едногласно усвои резолуција за продолжување на програмата „Нафта за храна“, со која треба да се обезбедат средства за набавка на храна и лекови за жителите на Ирак. Со резолуцијата се задолжува генералниот секретар на ОН Кофи Анан да преземе итни мерки за ...

Пролонгирањето на војната ги поскапе златото и нафтата

А1 - 28.03.2003

Најавите дека војната во Ирак ќе трае подолго од предвидувањата на воените стратези во Вашингтон и Лондон, денеска резултираа со пад на доларот во однос на конкурентските валути и зголемување на цените на нафтата и златото. На светските девизни берзи доларот се менува за 119,50 јени, 0,93 евра и ...

Ирачката армија гранатира позиции на курдските бунтовници

А1 - 28.03.2003

Силни детонации денеска го потресоа курдското упориште Чамчамал во северен Ирак. Засега нема информации за загинати или повредени. Западните агенции јавуваат дека експлозиите најверојатно се предизвикани од гранати испукани од ирачката артилерија врз позциите на курдските бунтовници.

Русија стравува за нафтените извори во Ирак

А1 - 28.03.2003

Русија може да се прости од своите нафтени интереси во Ирак, бидејќи по војната Вашингтон и Лондон нема да и дозволат на Москва да ги користи богатите ирачки наоѓалишта на нафта, смета Николај Токарев, директорот на руската државна нефтена компанија „Зарубежневт“.

Загинале 28 Американци од почетокот на војната

А1 - 28.03.2003

28 Америкаци загинале од почетокот на нападите врз Ирак, објави Пентагон. Ирачката војска соопшти дека се убиени уште 9 припадници на американско-британските сили во последните 24 часа. „Од вкупно 28 настрадани, 22 загинаа од непријателски оган“, изјави портпаролот на Пентагон Џим Касел, додавајќи ...

Блер: „Војната во Ирак тешка и сложена“

А1 - 28.03.2003

Британскиот премиер Тони Блер денеска соопшти дека пред британско-американските сили кои се борат во Ирак стојат исправени тешки борби и предизвици. Рускиот претседател Владимир Путин, пак, побара итно прекинување на воените дејства.

Опожарени „фордови“ како протест на војната во Ирак

А1 - 28.03.2003

Дванаесет автомобили марка „Форд“ ноќеска биле опожарени во салон за автомобили во туристичка населба западно од Рим, во знак на протест против војната во Ирак. На местото на пожарот била оставена лента на која пишувало „Саботирајте ја империјалистичката војна“.

Паѓаат бомби, промашуваат цели

Вест - 28.03.2003

СОЈУЗНИЦИТЕ И ИРАЧАНИТЕ СИ ПОДМЕТНУВААТ ПОДАТОИ ЗА ЖРТВИТЕ ИРАК, 28 март (Ројтерс) - Деветти ден од почетокот на војната на САД и Велика Британија, а спротиставените страни единствено што прават е броење на жртвите. ИРАК, 28 март (Ројтерс) - Деветти ден од почетокот на војната на САД и Велика ...

ООН бара две милјарди долари помоШ за Ирак

Вест - 28.03.2003

Советот за безедност на Обединетите нации за Ирак, вчера продолжи со јавната расправа. Советниците на ООН Ќе побараат од своите членки две милијарди долари за помоШ на Ирак. Половина од оваа сума, Што претставува најголемо финансиско барање досега на ООН, Ќе биде наменета за храна, додека голем дел ...

Керим: Македонија жали што не се постигна консензус за Ирак

Утрински - 28.03.2003

Македонскиот амбасадор во ОН пред Советот за безбедност Република Македонија го изразува жалењето што Советот за безбедност на Обединетите нации (ООН) не постигна консензус по прашањето за Ирак, а ирачкиот режим не ги исполни своите обврски за разоружување, отфрлајќи ги барањата на меѓународната ...

Ирачаните треба сами да одлучат за својата иднина

Утрински - 28.03.2003

Став на генералниот секретар на ОН, Кофи Анан Њујорк - Генералниот секретар на ОН Кофи Анан ја предупреди меѓународната заедница да го почитува правото на ирачкиот народ сам да одлучува за својата иднина и користењето на природните ресурси на државата.

Ирак може да ги ликвидира воените заробеници

Утрински - 28.03.2003

Стравувања ВАШИНГТОН - Американските официјални претставници од одбраната вчера изјавија дека Ирак најверојатно ќе ги ликвидира американските заробени војници, меѓутоа додадоа дека сў уште собираат докази за да го докажат ова тврдење.

Москва треба да ја спречи приватната продажба на оружје на Ирак

Утрински - 28.03.2003

Колин Пауел предупредува на тешкотиите во руско-американските односи ВАШИНГТОН - Американскиот државен секретар Колин Пауел изјави во средата дека ќе има "големи потешкотии" во американско-руските односи доколку Москва не успее да ги спречи приватните руски фирми да продаваат воена опрема на Ирак.

Со војна нема да се воспостави контрола над Ирак

Утрински - 28.03.2003

Сирискиот претседател Башар ал Асад БЕЈРУТ - Сирија вчера соопшти дека војната предводена од САД нема да успее да воспостави контрола врз цел Ирак и ќе го навлече отпорот на населението низ целиот арапски свет. Во интервјуто на сирискиот претседател Башар ал Асад за весникот "Ас Сафир" од Либан, ...

Буш сака тој, а не Кофи Анан, да решава за обновата на Ирак

Дневник - 28.03.2003

ПЛАНОВИ ЗА ПО ВОЈНАТА ОН подготвуваат хуманитарна помош за Ирак, но Русија и Франција не сакаат испраќањето на оваа помош да се врзе со напредувањето на англиско-американските сили, бидејќи со тоа би се одобрила инвазијата врз Ирак Американскиот претседател Џорџ В.

Асад: САД и Британија никогаш нема да го владеат целиот Ирак

Дневник - 28.03.2003

ДАМАСК ПОРАЧУВА Сирискиот претседател Башар ал-Асад изјави дека САД и Британија никогаш нема да можат да го владеат или да го управуваат целиот Ирак и оцени дека секој таков обид ќе предизвика бунт во арапскиот свет, јави Ројтерс. - САД и Британија нема да можат да го контролираат целиот Ирак.

Двајцата исчезнати британски војници најверојатно се мртви

А1 - 27.03.2003

Двајцата британски војници, кои во неделата исчезнаа во јужен Ирак, најверојатно се мртви, изјави денеска британскиот министер за одбрана Џеф Хун. Катарската телевизија „Ал Џезира“ вчера емитуваше снимка, за која појасни дека ги прикажува телата на двајца британски војници убиени во близина на ...

САД го отвораат северниот фронт во Ирак

А1 - 27.03.2003

Припадници на Патриотската унија на Курдистан денеска ги заземаа позициите на ирачките сили во близина на Киркук, јави „Франс прес“. Киркук во неколку наварти беше цел на американските воздушни напади. Сојузничките авиони претпладнето извршија четири бомбашки напади врз ирачки позиции околу ...

Керим жали што не се постигна консензус за Ирак

А1 - 27.03.2003

Република Македонија го изразува жалењето што Советот за безбедност на ОН не постигна консензус по прашањето за Ирак, а ирачкиот режим не ги исполни своите обврски за разоружување, отфрлајќи ги барањата на меѓународната заедница.

САД сакаат учество на ОН за иднината на Ирак

А1 - 27.03.2003

САД сакаат учество на ОН во решавањето на иднината на Ирак, но без да ја отстапат својата водечка улога, изјави американскиот државен секретар Колин Пауел. „Не сакаме да го носиме тој голем товар заедно со партнерите од коалицијата, ако во крајна сметка не играме водечка улога..

Европарламентарците не усвоија заедничка резолуција за Ирак

А1 - 27.03.2003

Европскиот парламент не успеа да ја усвои заедничката резолуција за војната во Ирак. На денешното гласање против заедничката резолуција, поднесена од социјалистите, зелените и либералите, гласаа 255 пратеници, додека својата поддршка на документот му ја дадоа 218 европарламентарци.

Руска компанија бара отштета поради војната во Ирак

А1 - 27.03.2003

Руската компанија „Енергопромстрој“ побара од САД отштета од 19 милиони долари поради нарушен бизнис, како последица на војната во Ирак, јавуваат руски медиуми. Раководството на компанијата образложи дека „Енергопромстрој“ склучил низа поволни договори со Ирак за изградба на електроцентрали во ...

Борба за економски опстанок

Утрински - 27.03.2003

Аналитичарите ги проценуваат последиците од сојузничката интервенција врз Ирак Со оглед на слабоста на светската економија, ова можеби е посебно лош период за војна Додека британската и американската армија учествуваат во борбите во Заливот, јавноста е повеќе загрижена за моралот на војната, ...

Уште две жртви на "пријателски оган"

Утрински - 27.03.2003

Британски тенкови по грешка стрелале еден кон друг ЛОНДОН - Официјални претставници во вторникот изјавија дека двајца британски војници кои беа во составот на екипажот на еден тенк се убиени од "пријателски оган" од друг британски тенк во близина на ирачкиот јужен град Басра.

Вашингтон обвинет за информативна војна

Утрински - 27.03.2003

Игор Иванов ги повика сојузничките сили да дадат докази за забранетото ирачко оружје МОСКВА - Рускиот министер за надворешни работи Игор Иванов вчера ги презре тврдењата на САД за тоа дека нејзините сили се "ослободители" на Ирак, велејќи дека тие се далеку од реалноста.

Пораст на акциите и доларот, пад на цената на нафтата

Капитал - 27.03.2003

Како светските берзи реагираат на Заливската војнаПораст на акциите и доларот, пад на цената на нафтатаДоколку војната биде кратка и со малку жртви, цените на акциите и понатаму ќе се зголемуваат Крајот на повеќе месечната неизвесност околу кризата во Ирак предизвика олеснување на берзите.

Промената на режимот во Ирак ќе создаде нов баланс во регионот

Капитал - 27.03.2003

Неуспех на меѓународната политика и на Советот за безбедностПромената на режимот во Ирак ќе создаде нов баланс во регионотПричините за војната во Ирак се многудимензионални и нималку лесни за дефинирање и секој обид нејзината генеза да се бара само во една компонента е надвор од објективната ...

Германците ги бојкотираат "кока-колата" и "марлборото"

Дневник - 27.03.2003

ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ВОЈНАТА ВО ИРАК Во Германија почнал бојкот на американските производи, како одговор на кампањата во САД со која граѓаните беа повикани да не купуваат француски и германски производи зашто тие две земји не ја поддржуваат војната во Ирак, јави МИА.

Русија им порачува на САД: "Не глумете ослободители!"

Дневник - 27.03.2003

МИНИСТЕРОТ ИВАНОВ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ Шефот на руската дипломатија вчера ги критикуваше американските тврдења дека сојузниците го ослободуваат Ирак од деспотскиот режим на Садам Хусеин, јави Ројтерс. - Јасно е колку далеку од реалноста забегаа нивните напори да ја претстават воената акција против Ирак ...

Нафтата не е примарна причина за војната во Ирак

Капитал - 27.03.2003

АнализаНафтата не е примарна причина за војната во ИракАргументот дека војната во Ирак во основа се води за нафтата не држи. Ако некој бара убава политичка порака во оваа приказна, се сомневам дека ќе ја најде. Ако, играта се вика одземање на нафтените полиња од антизападните режими, тогаш зошто ...

Арапите тешко ќе простат за невините жртви

Капитал - 27.03.2003

Ирачката војна го запали Блискиот ИстокАрапите тешко ќе простат за невините жртвиКрвта и мртвите тела на екраните, во комбинација со разурнати домови, патриотски танци на ирачките жени, кои мафтаат со ножеви и пушки, молитиви по цркви и џамии и кинење на сликите на Садам се повеќе го разгоруваат ...

Долгата историја на американскиот интервенционизам

Капитал - 27.03.2003

Војната во Ирак не е прва од ваков вид за АмериканцитеДолгата историја на американскиот интервенционизамВојната во Ирак без одобрение од Обединетите нации воопшто не е некарактеристична за САД. Разликата е во тоа што овојпат Вашингтон активно се обидуваше да добие поддршка од ОН, вели аналитичарот ...

Германци сакале да продадат делови за проектили на Ирак?

Дневник - 27.03.2003

ПРОЦЕС ВО БИЛЕФЕЛД Двајца германски бизнисмени од Билефелд завчера биле обвинети дека планирале да и продадат делови за проектили на ирачката армија, јави Ројтерс. Еден од обвинетите на истражните органи им признал дека во декември во Багдад тој и неговиот партнер се сретнале со тројца ирачки ...

Иванов:„САД не го ослободуваат ирачкиот народ“

А1 - 26.03.2003

Рускиот министер за надворешни работи Игор Иванов денеска остро ги критикуваше тврдењата на Вашингтон дека војната во Ирак е за ослободување на ирачкиот народ. „Станува се појасно дека тврдењата за триумфален марш на сојузничките сили за ослободување на народот на Ирак се далеку од реалноста“, ...

Блер предупреди да не се употребува био-хемиско оружје

А1 - 26.03.2003

„Сите ирачки офицери што ќе наредат користење хемиско или биолошко оружје ќе бидат судени и најостро казнувани“, предупреди денеска британскиот премиер Тони Блер. Блер, кој денеска заминува во Вашингтон на разговори со американскиот претседател Џорџ Буш за текот на војната во Ирак, рече дека веќе е ...

Бојкот на американските производи

А1 - 26.03.2003

„Не на „Кока - Кола“, „Бадвајзер“, „Марлборо“, американското виски и кредитните картички „Американ Ексрес““, е паролата која важи во поголемиот број ресторани и продавници во Германија во знак на протест поради војната во Ирак.

„Ал Џазира“ емитуваше тела на убиени британски војници

А1 - 26.03.2003

Катарската сателитска телевизија „Ал Џазира“ денеска емитуваше снимка на која беа прикажани тела на двајца британски војници, убиени во заседа од страна на ирачките борци во близина на Ал-Зубаер јужно од Басра. На снимката беа прикажани и заробени британски војници, како и уништени беспилотно ...

Ирачки проектил повторно заскита во Иран

А1 - 26.03.2003

Иран денеска беше погоден од уште еден заскитан проектил од војната во соседен Ирак, без да предизвика жртви. Од почетокот на војната во Ирак, иранската територија ја погодија најмалку три американски и една ирачка ракета. Се уште не е познато дали ракетата што во понеделникот вечер го погоди ...

САД и Британија ја блокираат програмата "нафта за храна"

Вест - 26.03.2003

Ирак ги обвини Соединетите Американски Држави и Велика Британија дека ги принудиле Обединетите нации да престанат со доставување на помоШта Што е од животна важност за жителите на Ирак. Ирачкиот министер за трговија Мохамед Мехди Салех ги обвини двете земји дека ја блокираат програмата нафта за ...

Судири на полицијата со демонстрантите во Сеул

Утрински - 26.03.2003

И вчера продолжија антивоените протести во повеќе земји во светот Атина - Светски познатиот грчки композитор Микис Теодоракис го обвини американскиот претседател Џорџ Буш дека со војната во Ирак покажува дека е сличен на Хитлер, Џингис Кан, Атила.

Досега загинаа дваесет Британци

Утрински - 26.03.2003

ЦРН БИЛАНС КАМПОТ АС САЈЛИЈА - Велика Британија вчера соопшти дека војник од првиот баталјон е убиен во престрелките во јужен Ирак со што бројот на загинати и исчезнати британски војници од почетокот на војната минатата недела се зголеми на 20.

За Микис Теодоракис Буш е сличен на Хитлер

А1 - 25.03.2003

Светски познатиот грчки композитор Микис Теодоракис го обвини американскиот претседател Џорџ Буш дека со војната во Ирак покажува оти е сличен на Хитлер, Џингис Кан, Атила. „Со почнувањето на библиската катастрофа во Ирак, за мене исчезна сликата за САД како цивилизирана земја.

Русија не испорачувала оружје за Ирак

А1 - 25.03.2003

Рускиот претседастел Владимир Путин во телефонскиот разговор со претседателот на САД Џорџ Буш ги отфрли американските обвинувања за испорака на руско оружје за Ирак. Путин го информирал Буш оти Москва ќе објави информации што докажуваат дека таквата испорака не е извршена.

Убиен американски војник во централен Ирак

А1 - 25.03.2003

Американски војник денеска е убиен во близина на градот Наџаф, во централниот дел на Ирак што се наоѓа на околу 160 километри јужно од Багдад. Американската Трета пешадиска единица соопшти дека се работи за војник од екипаж на тенк, без притоа да соопшти детали за смртта.

Ирак побара арапските земји да не произведуваат нафта

А1 - 25.03.2003

Ирак денеска ги повика арапските земји да одбијат да произведуваат дополнителни количини нафта, со цел САД и сојузниците што поскапо да ја платат војната. „Земјите произведувачи на нафта, особено арапските, не треба да го зголемуваат производството.

Жестоки копнени војни во северн Ирак

Вест - 25.03.2003

Доха, 25 март (АП) - Во северниот дел на Ирак се водат жестоки борби меѓу ирачката армија и американските војници, јави катарската телевизија Ал Џазира. Засега нема информации за жртви. Телевизија претходно јави дека борци на Патриотскиот сојуз на Курдистан зазеле поголем дел од позициите долж ...

Блер пред најтешкиот тест

Утрински - 25.03.2003

Јавноста очекува одговори од британскиот премиер ЛОНДОН - Секое утро во последниве четири дена Британците се будат со информациите дека британски војници загинале или исчезнале во Ирак. Билансот на загинатите и исчезнатите сега достигна 18 лица, во споредба со вкупно 24 во Заливската војна во 1991 ...

САД подготвуваат втор фронт во северен Ирак

Утрински - 25.03.2003

Силите на коалицијата, потпомогнати од Курдите во заштитената област ќе го напаѓаат Багдад и од север ШАМШАМАЛ - Распоредувањето на поголем број американски војници и првите воздушни напади врз ирачките истурени позиции во северниот дел на земјата вчера сигнализираа дека можеби се отвора втор, ...

Исчезнаа уште двајца британски војници

Утрински - 25.03.2003

Според британското МО Министерството за одбрана соопшти дека двајца британски војници се исчезнати во Ирак. Нивните возила вчера биле нападнати на југот од земјата и се прават напори тие да се пронајдат. На друго место пак, британските сили се најдоа под снајперски оган и спорадични престрелки ...

Филмска манифестација во сенка на војната

Дневник - 25.03.2003

другото лице на церемониЈата Воената акција во Ирак дефинитивно фрли сенка врз 75-тата церемонија на доделување на "оскарите. За време на одржувањето на манифестацијата Лос Анџелес беше "забранета зона за летање", а "градот на филмот" го обезбедуваа стотици специјалци и снајперисти, како и ...

Македонија ќе ги затвори границите за ирачки бегалци

Дневник - 25.03.2003

ВО ЕВЕНТУАЛНА ХУМАНИТАРНА КРИЗА Македонија нема ниту намера ниту капацитет да прими бегалци од Ирак. Доколку се случи кон границите на земјава да се упатат ирачки бегалци, Македонија ќе ги затвори границите за "таа категорија", велат владини извори.

По војната нафтата сериозно ќе поевтини

Дневник - 25.03.2003

ОПЕК ПРЕДУПРЕДУВА Организацијата на земјите-производители и извознички на нафта ОПЕК стравува дека по американската инвазија врз Ирак ќе дојде до драстичен пад на цената на нафтата, што ќе ги погоди земјите-извознички на нафта, јави Ројтерс.

Демонстранти се обидоа да влезат во австралискиот Парламент

А1 - 24.03.2003

Стотици австралиски антивоени демонстранти денеска се обидоа насилно да влезат во зградата на државниот Парламент во Канбера, барајќи итно повлекување на австралиските војници од Ирак. Полицијата успеа да ги запре демонстрантите кои го повикуваа премиерот Џон Хауард да излезе и да им се обрати.

Анкара со свои војници во северен Ирак

А1 - 24.03.2003

Анкара и Вашингтон постигнаа договор за распоредување турски сили во одредени погранични реони во северен Ирак, соопшти турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Во телевизиското обраќање до нацијата Ердоган нагласи дека турските сили ќе бидат испратени во северен Ирак за да го спречат очекуваниот бран ...

Нафтата поскапе, доларот падна

А1 - 24.03.2003

Цената на нафтата се зголеми, вредноста на доларот падна, а тенденциите на берзите денеска се спротивставени со оглед на големата веројатност воениот судир во Ирак да трае подолго од планираното, а развојот на настаните да биде непредвидлив.

Побарана заштита на воените репортери во Ирак

А1 - 24.03.2003

Меѓународната федерација на новинари побара денеска од САД и нивните сојузници да ги заштитат сите новинари и другиот медиумски персонал кои ја покриваат војната во Ирак, а не само оние кои кои се во придружба на нивните вооружени сили.

Загинати двајца американски и еден британски војник

А1 - 24.03.2003

Двајца американски маринци и еден британски војник настрадаа во одделни инциденти во Ирак, а уште двајца британски војници кои учествувале во воените операции во јужен Ирак се водат како исчезнати, објавија денеска официјални американски и британски извори.

Жестоки борби во северен Ирак

А1 - 24.03.2003

Во северниот дел на Ирак се водат жестоки борби меѓу ирачката армија и американските војници, јави катарската телевизија „Ал Џазира“. Засега нема информации за жртви. Вооружени единици на Патриотскиот сојуз на Курдистан зазедоа поголем дел од позициите долж ирачко-иранската граница, кои претходно ...

Руски фирми продавале воена опрема на Ирак

А1 - 24.03.2003

„САД поседуваат уверливи докази дека руски фирми продавале воена опрема на Ирак“, изјави денеска портпаролот на Белата куќа Ари Флечер, нагласувајќи дека Вашингтон изразил загриженост до Москва. Претходно рускиот министер за надворешни работи Игор Иванов ги отфрли обвинувањата на САД, нагласувајќи ...

Масовни антивоени протести

Вест - 24.03.2003

Демонстрантите пред Бранденбуршката порта во Берлин со себе носат макета на Статуата на слободата, која во со црвена боја измачканите раце држи буре со нафта и ракета "томахавк" Последните два дена од војната во Ирак, речиси во сите поголеми градови во светот неколку милиони граѓани излегле на ...

Тексашка компанија доби нафтена зделка во Ирак

Утрински - 24.03.2003

Изворите речиси целосно под американска контрола КУВАЈТ СИТИ - Американските и британските сили вчера го засилија нападот кон јужниот ирачки реон во кој има нафта и започнаа со проценките како повторно да го рестартираат извозот од полињата кои претставуваат една половина од нафтеното богатство на ...

САД дигнаа раце од Турција

Утрински - 24.03.2003

Откако добија прелет место дозвола за стационирање ИСКЕНДЕРУН - Очевидците изјавија дека вчера американските сили во Турција, по сў изгледа, ја пакуваат својата опрема, што претставува цврст сигнал за тоа дека Вашингтон се откажа од надежите да го нападне Ирак преку територијата на Турција која е ...

Петкилометарска колона Њујорчани против војната

Дневник - 24.03.2003

ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ВОЈНАТА ВО ИРАК Колона од Њујорчани, долга пет километри, минала по централната улица Бродвеј протестирајќи против американската инвазија врз Ирак, јави Ројтерс. Се проценува дека на овие протести излегле околу 250.000 жители на градот, кој беше цел на терористичките напади на 11 ...

САД напаѓаат кампови на "Ал каеда" во северен Ирак

Дневник - 24.03.2003

СЕВЕРЕН ФРОНТ Американски борбени авиони и командоси во изминативе денови неколкупати напаѓале кампови на исламистичката група Ансар-ал-Ислам, која дејствува во северен Ирак и за која САД тврдат дека е поврзана со терористичката мрежа Ал каеда, јави Ројтерс.

Пријателскиот оган пофатален од непријателскиот

Дневник - 24.03.2003

Сојузниците во изминатите два дена загубија повеќе од 20 војници, но само двајца од нив загинаа од непријателски оган. Американскиот ракетен систем "патриот" за соборување непријателски проектили вчера изутрина по грешка соборил британски борбен авион што се враќал во базата по завршена мисија.