TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Тасева: „Владата не е решителна во борбата против корупцијата“

А1 - 12.10.2003

„Наш впечаток е дека Владата сепак не застана решително зад преземањето конкретни мерки кои ќе покажат одреден резултат во борбата против корупцијата. Се уште сме некаде во сферата на декларативното“, изјави претседателот на Државната комисија за борба против корупцијата Слаѓана Тасева во интервју ...

Антикорупцискиот рејтинг на Македонија за 2003 се должи на двегодишни истражувања

Утрински - 10.10.2003

Меѓународната скала за корумпираност се прави врз основа на анкети кои ги прават независни институции КАТИЦА ЧАНГОВА >„Рејтингот на Македонија за степенот на корупција во 2003 година и 106-тата позиција на меѓународната скала, заедно со Србија и Црна Гора, Украина, Боливија, Хондурас и Зимбабве, ...

Судството треба да загризе за корупцијата

Утрински - 09.10.2003

За антикорупциска борба не е доволна само политичка волја Кривичните пријави поднесени за корупција и за организиран криминал во државава мора да добијат судски епилог. Судовите се на потег и тие треба длабоко да загризат, со изрекување пресуди за кривичните пријави поврзани со корупциските афери ...

За корумпираните власти нема финансиска поддршка

Утрински - 09.10.2003

ПОРАКА Земјите-донатори и меѓународните финансиски институции треба да ја стопираат финансиската поддршка за корумпираните власти и да создадат листа на компании кои биле уловени при плаќање поткуп во странство. Ваква антикорупциска порака адресира претседателот на „Транспаренси интернешенел", ...

Високата корумпираност само збир на впечатоци

Дневник - 09.10.2003

КАТАСТРОФАЛЕН АНТИКОРУПЦИСКИ РЕЈТИНГ НА МАКЕДОНИЈА Владата за неуспехот на антикорупциската кампања вината ја префрла врз судовите Македонија се најде на списокот на најкорумпирани земји во светот според истражувањата направени врз основа на впечатоците на странските инвеститори, македонското ...

Македонија е во светскиот врв по степенот на корупција

Утрински - 08.10.2003

Падот на антикорупцискиот рејтинг во државата го запали црвениот знак за тревога КАТИЦА ЧАНГОВА Република Македонија се наоѓа во светскиот врв по степенот на корупција, покажа истражувањето на ?Транспаренси-интернешнл" направено во 2003, а според кое од вкупно 133 земји во светот, нашата држава ја ...

Тасева: Владата порешително да се справува со корупцијата

Утрински - 08.10.2003

ПРЕПОРАКА Државната комисија за спречување на корупцијата и препорачува на Владата да преземе поефикасни, поинтензивни и порешителни мерки во справување со корупцијата во економијата, вклучително и во приватниот сектор. Тоа би можело да се стори со имплементација на националната програма за ...

Македонија една од најкорумпираните во светот

А1 - 07.10.2003

Македонија е една од најкорумпираните држави во светот. Од 133 рангирани земји покорумпирани од неа се само 27 држави од Африка и од Азија. Во Европа покорумпирана од Македонија е само Украина, а на иста позиција со Македонија е Србија и Црна Гора. Сите останати европски земји стојат многу подобро.

Македонија тоне во корупција.

Канал5 - 07.10.2003

Корупцијата во Македонија речиси се дуплирала во последните 4 години. Ова го покажува истражувањето спроведено од страна на Транспаренси Интернатионал, што секоја година ова време се објавува во 133 земји во светот каде е и вршено испитувањето.