TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Јувентус победува и кога игра лошо

Време - 12.11.2004

ФУДБАЛ - ИТАЛИЈА Имавме среќа, рече Фабио Капело, тренерот на актуелниот лидер Јувентус, откако „старата дама“ со една шанса стигна до победа над Фиорентина и ја зголеми предноста на шест бода во однос на шампионот Милан, кој ремизира без голови кај Бреша.

Јуве му избега шест бода на Милан

Утрински - 12.11.2004

Со победата над Фиорентина и ремито во Бреша Лидерот Јувентус му избега шест бода на Милан, совладувајќи ја Фиорентина на Деле Алпи со 1:0 во 11. коло на Серија А, додека шампионот одигра само без голови на гостувањето против Бреша.

Интер не губи, но и не победува

Дневник - 12.11.2004

ФУДБАЛ - ИТАЛИЈАНСКО ПРВЕНСТВО Јувентус ја зголеми предноста на 6 бода во италијанското калчо, откако минимално со 1-0 славеше над Фиорентина, а Милан на гостувањето против Бреша играше нерешено 0-0. Интер се уште останува единствениот непоразен тим во Лигата, по деветтото реми.

Милан му направи услуга на Јувентус

Вест - 09.11.2004

ИТАЛИЈА - СЕРИЈА А, 11. КОЛО Кикс по киксот на Јуве. - Шевченко во дуел со Куфре Актуелниот шампион на Италија, Милан, му направи голема услуга на лидерот Јувентус откако одигра 1:1 со Рома во 11. коло од Серија А и не го искористи првиот овосезонски пораз на "старата дама".

Викенд на нерешени мечеви

Време - 09.11.2004

ФУДБАЛ - ИТАЛИЈА Актуелниот италијански шампион Милан пропушти шанса да му се доближи на лидерот Јувентус, по ремито во дербито на 10. коло во Серија А, со Рома. Викендов во Италија дури седум од десетте меча завршија нерешено.

Милан не успеа да му се доближи на два бода на Јуве

Утрински - 09.11.2004

Со нерешениот резултат (1:1) на Сан Сиро против Рома во 10. коло Шампионот Милан не успеа да се приближи на само два бода до лидерот Јувентус, играјќи 1:1 на Сан Сиро против Рома во последниот натпревар од 10. коло на Серија А.

Интер и непоразен заостанува 11 бода

Дневник - 09.11.2004

ИТАЛИЈА Актуелниот италијански фудбалски првак Милан не ја искористи шансата да се приближи два бода зад Јувентус откако во дербито на 10. коло, на "Сан Сиро", ремизира против Рома, 1-1. Дури седум меча од осумте што се играа во неделата завршија без победник.