TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Кандидатите за ЕСМ, бараат продолжување на рокот за понуди

А1 - 19.02.2006

Компаниите кои се во трка за купување на АД ЕСМ - Дистрибуција бараат пролонгирање на рокот за доставување на понудите за две недели, односно наместо на 1 март крајниот рок да биде на 15 март. Според информацијата објавена на официјалната веб страница за приватизација на АД ЕСМ - Дистрибуција ...

Нема да има понуди за ЕСМ на 1 март

Канал5 - 19.02.2006

Се разнишува ли тендерот за продажба на ЕСМ Дистрибуција. Рокот за продажба, смислено или случајно, се пролонгира. Нема да има понуди од потенцијалните купувачи на 1 март. Официјално, ЕРВЕ, ЕНЕЛ, ЧЕЗ и ЕВЕН барале од Владата да ги причека до 15-ти.

Купопродажниот договор за ЕСМ ќе биде јавен

Вест - 18.02.2006

ВЛАДАТА СЕ ПРЕМИСЛИ, НЕМА ДА ПРЕГОВАРА СО НАЈПОВОЛНИОТ ПОНУДУВАЧ Содржината на купопродажниот договор за ЕСМ дистрибуција, откако Владата ќе ги добие парите од купувачот, ќе стане јавен документ, објасни вчера министерот за економија Фатмир Бесими.

Договорот за ЕСМ на увид штом ќе биде потпишан

Време - 18.02.2006

МИНИСТЕРОТ БЕСИМИ ГИ ПРАВДА ГАФОВИТЕ Владата останува на ставот дека процесот на приватизација на „ЕСМ-дистрибуција“ е транспарентен и таков ќе биде до изборот на најповолниот понудувач, вели Фатмир Бесими, министер за економија.

Бесими вели дека договорот за "Дистрибуција" нема да биде таен

Утрински - 18.02.2006

Министерот за економија гарантира транспарентна продажба на ЕСМ Отворањето на понудите на 1 март ќе биде јавно, а текстот на договорот ќе биде во архивата на Владата и ќе е достапен за увид за сите заинтересирани: Фатмир Бесими МАЈА ТОМИЌ Во јавноста се прават погрешни толкувања околу ...

Транспарентно во четири очи

Дневник - 18.02.2006

Милан Банов Последното нешто што објективно вреди во оваа земја и што бездруго им припаѓа на сите граѓани во Република Македонија ќе биде продадено тајно, крајно сомнително и можеби на начин што во себе крие елементи на кривично дело.

Договорот за продажба на ЕСМ ќе биде јавен

Дневник - 18.02.2006

ФАТМИР БЕСИМИ, МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА Купопродажниот договор за "ЕСМ дистрибуција" ќе биде јавен и достапен за сите откако ќе заврши продажбата, рече вчера министерот за економија Фатмир Бесими. Оваа изјава на Бесими следува по информациите на неодамнешната трибина за приватизацијата на ЕСМ дека ...

Прво понудите, потоа договорот за ЕСМ

Време - 17.02.2006

БЕСИМИ ВЕТУВА ДЕКА ЌЕ ЈА ПРЕКИНЕ ТАЈНОСТА Купопродажниот договор за ЕСМ што ќе го склучат Владата и новиот сопственик на Дистрибуција ќе биде достапен за јавноста на денот кога ќе бидат отворени финансиските понуди од компаниите што учествуваат на тендерот.

Стратегија на мракот

Време - 17.02.2006

МИРЧЕ КОТЕВСКИ Станавме заложници на „бисерите“ што речиси секојдневно ни ги сервираат господата од Владата за тоа колку успешно ја туркале приватизацијата на „Електростопанство“. Се удавија надежите на министерот Бесими, кој онака, полн со самодоверба, неодамна изјави дека „ќе претставуваме ...

Платија за јавна, планираат тајна продажба на ЕСМ

Дневник - 17.02.2006

ПРАЗНИ НАЈАВИ ЗА ТРАНСПАРЕНТНА ПРИВАТИЗАЦИЈА Слободан Содиќ За транспарентно спроведување на продажбата на "ЕСМ дистрибуција" во минатата година се потрошени околу 80.000 евра, но и експертите и "Транспарентност Македонија" признаваат дека постапката не е доволно отворена за јавноста.

Секој ќе може да го види договорот за ЕСМ, се обврзува Владата

Канал5 - 17.02.2006

Купопродажниот договорот за ЕСМ нема да се крие, ќе биде достапен за јавноста, ветува министерот за економија Фатмир Бесими откако неговите луѓе објавија за скандалозните тајни преговори со идниот газда. Купопродажниот договорот за ЕСМ нема да се крие, ќе биде достапен за јавноста, ветува ...

Срамота е да се крие договорот за ЕСМ!

Време - 16.02.2006

ЕКСПЕРТИТЕ ЖЕСТОКО ЈА КРИТИКУВААТ ВЛАДАТА Мирче Котевски Владата ќе направи скандал доколку дозволи купопродажниот договор што ќе го склучи со новиот сопственик на ЕСМ-Дистрибуција да остане деловна тајна бидејќи е нелогично постапка за приватизација на природен монопол да заврши со спогодба меѓу ...

Се урива тендерот за продажба на ЕСМ

Дневник - 16.02.2006

НА КУПУВАЧИТЕ ИМ СЕ ПРАЌААТ ЛОШИ СИГНАЛИ Слободан Содиќ Се подгрева теренот за четирите заинтересирани купувачи за "ЕСМ дистрибуција" да се повлечат од тендерот бидејќи Владата оценила дека не и оди во прилог продажбата на енергетската компанија пред избори.

Мајстори за наместени тендери

Дневник - 16.02.2006

Слободан СодиЌ Владата распиша меѓународен тендер за да избере партнер со кого во четири очи ќе се пазари за шиткање на ЕСМ. За работата да биде уште посомнителна, договорот треба да биде тајна, зашто станувало збор за обичен правен документ со кој државата продава еден монопол, во чија изградба со ...

Парите од ЕСМ ќе се трошат по изборите

Вечер - 16.02.2006

"Средствата што ќе се добијат од продажбата на ЕСМ Дистрибуција ќе се замрзнат и ќе се инвестираат по парламентарните избори". Ова го најави премиерот Владо Бучковски во интервјуто за денешното издание на неделникот "Капитал".

Изјавите на министерот може да ја замрзнат продажбата

Време - 15.02.2006

ГАФ НА ПОПОВСКИ ИЛИ СЦЕНАРИО ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ? Некои министри и советници во Владата можеби смислено пуштаат прогнози за сумата што може да ја добие Владата по продажбата на ЕСМ-Дистрибуција, за да создадат амбиент за одложување на продажбата на ЕСМ, укажуваат стручни познавачи на оваа проблематика.

Тајна ќе бил договорот за ЕСМ

Време - 15.02.2006

СКАНДАЛОЗЕН УДАР ВРЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТА Мирче Котевски Купопродажниот договор за ЕСМ ќе остане деловна тајна меѓу Владата и новиот сопственик на Дистрибуција. Ова вчера го признаа владините претставници на јавната трибина што ја организираа невладината организација „Транспарентност“ и Министерството ...

Продажбата на ЕСМ ќе заврши во четири очи

Вест - 15.02.2006

ВЛАДАТА КРИЕ ЗА ШТО ЌЕ ПРЕГОВАРА СО НАЈПОВОЛНИОТ ПОНУДУВАЧ Купопродажниот договорот за "ЕСМ дистрибуција" бил правен документ и од јавноста ќе се крие како деловна тајна, иако неговата финална содржина Владата и купувачот ќе ја договораат во преговори Содржината на купопродажниот договорот за "ЕСМ ...

Владата ќе го чува во тајност договорот за продажба на ЕСМ

Утрински - 15.02.2006

Се подготвува нацрт-верзијата на купопродажниот договор за ЕСМ "Дистрибуција" Владата нема утврдено долен лимит под кој не може да ја продаде "Дистрибуција", но верува дека ќе добие добра цена МАЈА ТОМИЌ Владата не сака да обелодени што ќе содржи купопродажниот договор што ќе го потпише со идниот ...

Зад тендерот се крие продажба на ЕСМ во четири очи

Дневник - 15.02.2006

ПРИВАТИЗАЦИЈАТА е СЃ ПОЗАМРСЕНА Слободан Содиќ Владата и идниот газда на "ЕСМ дистрибуција" во четири очи ќе ги решаваат спорните прашања за приватизацијата на компанијата, а конечниот купопродажен договор нема да биде објавен.

ЕСМ оди на референдум

Дневник - 15.02.2006

Продажбата на ЕСМ ќе оди на референдум. Ваква иницијатива покрена Љубе Петревски. Тој вчера соопшти дека претседателот на Собранието Љупчо Јордановски ја оценил иницијативата како уредна и побарал автентично толкување од Уставниот суд, кој е должен да го направи тоа во рок од 15 дена.

Кандидатите за ЕСМ незадоволни од тендерските правила

А1 - 14.02.2006

Странците што сакаат да го купат ЕСМ, незадоволни од дел од условите што Владата ги поставила во купопродажниот договор. Ги испратиле своите забелешки, деталите на кои приговарале не се откриваат. Се прави конечната верзија на купопродажниот договор што треба да ја усвои Владата и да ја потпишат ...

Прво референдум, па приватизација на ЕСМ

Време - 14.02.2006

ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА Европските компании што учествуваат на тендерот за продажба на ЕСМ да се воздржат од купување на Дистрибуцијата бидејќи со тоа ќе го прекршат македонскиот Устав, повика Љубе Петревски, подносител на граѓанска иницијатива за распишување референдум против продажбата на ЕСМ.

Никола Поповски предизвика струен удар во ЕСМ

Време - 14.02.2006

НЕВИДЕН ГАФ НА ЧУВАРОТ НА ДРЖАВНАТА КАСА Мирче Котевски Министерот за финансии Никола Поповски грубо ја наруши тендерската постапка за приватизација на ЕСМ-Дистрибуција, бидејќи јавно најави колку пари очекува од продажбата на таа компанија.

Поповски: Само протестите ја намалуваат цената на ЕСМ Дстрибуција

Вест - 14.02.2006

ДЕНЕСКА БЛОКАДИ НА ВЛЕЗ ВО СКОПЈЕ Министерот за финансии Никола Поповски смета дека единствено протестите против продажбата на ЕСМ дистрибуција ќе ги намалат финансиските понуди од потенцијалните купувачи. Ниту специјалното законско решение за надминување на имотно - правните проблеми со ...

Бучковски: Некој буквално сфатил дека треба да се минира ЕСМ

Вест - 14.02.2006

Во врска со бомбата пред ЕСМ, Бучковски со одговор: Не станува збор за бомба кашикара, туку за индустриски динамит. Веројатно некој ја сфатил буквално атмосферата што ја создаваат политички центри да се минира продажбата на ЕСМ и мислам дека политичките центри со многу нешта влегоа во ваква ...

Власта не знае која цена е прифатлива за продажба на "Дистрибуција"

Утрински - 14.02.2006

ДИЛЕМА Власта сў уште нема процена која цена за неа би била прифатлива за продажба на ЕСМ "Дистрибуција". Министерот за финансии, Никола Поповски, вели дека минималната цена, всушност, треба да ја одреди пазарот, па затоа досега не била разгледувана ниту на разговорите со ММФ.

Не е време за закон за припадниците на ОНА

Утрински - 14.02.2006

Премиерот Бучковски бара да им се помогне на сите што претрпеле штета од војната Некој буквално сфатил дека со експлозии треба да се минира продажбата на ЕСМ ПРИЛЕП - "По изборите, за сите оние што претрпеле штети во конфликтот во 2001 година, не само инвалидите, туку и за членовите на потесните ...

Паѓа цената на ЕСМ

Дневник - 14.02.2006

НА ЕДЕН МЕСЕЦ ДО ПРОДАЖБАТА Слободан Содиќ Владата, иако не смее, на тацна им ја нуди цената на "ЕСМ дистрибуција" на четирите заинтересирани купувачи - германската компанија РВЕ, италијанската ЕНЕЛ, чешката ЧЕЗ и австриската ЕВН АГ.

Несериозен тендер

Дневник - 14.02.2006

слободан содиЌ Здружението на граѓани "Глас за светлина", со одвај 20 активисти и со исто толку возила претставувало сериозна закана зашто со блокадите на сообраќајниците можело да ја намали цената на ЕСМ на само 80 милиони евра. Ова го тврди министерот за финансии Никола Поповски.

Желбите на инвеститорите Владата може ќе ги вметне во купопродажниот договор за ЕСМ

Канал5 - 14.02.2006

Желбите на инвеститорите ќе бидат вметнати во купопродажниот договор за ЕСМ дистрибуција. Желбите на инвеститорите ќе бидат вметнати во купопродажниот договор за ЕСМ дистрибуција. Владата ќе преговара за нив откако ќе го избере најдобриот на тендерот.

Бомба врз објект на ЕСМ во центарот на Скопје

Вечер - 14.02.2006

Експлозивна направа со помала разорна моќ беше активирана завчеравечер околу 20.30 часот пред влезот на Електродистрибуција, на улицата "Ленинова", во Скопје. Од експлозијата нема повредени. Причинета е само материјална штета. Искршени се повеќе стакла од зградата.

Кој ја урива цената на ЕСМ?

А1 - 13.02.2006

Опозицијата и власта во директни обвинувања кој ја урива цената на ЕСМ. На неполн месец пред да дојдат финалните понуди од четирите фирми, бомби, блокади, невнимателни изјави. Министерот за финансии, Поповски, се правда дека немал намера да ја урива цената со вчерашната изјава, напротив.

Не се знае кој ја фрли бомбата пред ЕСМ Дистрибуција

А1 - 13.02.2006

Кој стои зад синоќешната експлозија пред објектот на ЕСМ Дистрибуција, не кажуваат ниту од полицијата, ниту од ЕСМ, ниту од „Гласот на светлината“. Само премиерот Бучковски го лоцира мотивот на напаѓачите. МВР тврди дека се уште води истрага , во ЕСМ веруваат дека тоа се хулигани, од „Гласот на ...

Песимист сум за цената

Време - 13.02.2006

ПОПОВСКИ ЗА ЕСМ Четирите компании заинтересирани за купување на „ЕСМ-дистрибуција“ можат да помислат дека не вреди да се инвестира во компанија во која десетина луѓе можат да ви ја блокираат работата и поради тоа песимистички гледам на мојата процена дека Македонија ќе инкасира од 80 до 100 милиони ...

Чесите добиле 18 милиони евра од ЕСМ

Време - 13.02.2006

ОТКАКО ДРЖАВАТА БЕСПЛАТНО ГИ ПРОДАДЕ ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ Мирче Котевски Чешката компанија „Хидропол“, која веќе четири години под концесија управува седум мали хидроцентрали, за испорачаната струја заработила околу 18 милиони евра од „Електростопанство на Македонија“.

Средствата од продажбата на ЕСМ ќе се употребат за повеќе намени

Утрински - 13.02.2006

Интервју на министерот за финансии, Никола Поповски, за Радио Слободна Европа ,,Случајот даночна пирамида" не е стивнат, тврди Поповски. Досега се поднесени пријави против повеќе од 300 компании, а вкупната вредност на затајувањата надминува повеќе десетици милиони евра Средствата од продажбата на ...

Песимист сум за цената на ЕСМ

Дневник - 13.02.2006

ПОПОВСКИ ЗА РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА Парите од продажбата на "ЕСМ дистрибуција" ќе бидат за повеќе намени, но песимист сум за сумата што ќе ја добиеме поради сите работи што се случуваат, изјави министерот за финансии Никола Поповски во интервју за Радио Слободна Европа.

Бомби пред ЕСМ, улични протести- лош сигнал за странските инвеститори

Канал5 - 13.02.2006

Како Македонија ги пречекува странските инвеститори кои толку гласно ги повикува? Бомби, парtиски препукувања, протести ја разнишуваат нашата бизнис клима пред нивното доаѓање. Како Македонија ги пречекува странските инвеститори кои толку гласно ги повикува? Бомби, парtиски препукувања, протести ја ...

МВР: Бомбата пред ЕСМ немала силна разорна моќ, туку звучна

Канал5 - 13.02.2006

Бомбата која ја фрлиле напаѓачите вчера вечер пред подружницата на „Електро – Скопје“ немала разорна моќ. Од МВР се сомневаат дека според јачината на бомбата напаѓачите имале намера само да привлечат внимание, а не и да предизвикаат штета.

Експлодира бомба пред ЕСМ

Канал5 - 13.02.2006

Силна експлозија одекна попладнево пред зградата на „Електро- Скопје“ на улицата Ленинова во близина на грчката амбасада во центарот на градот. Силна експлозија одекна попладнево пред зградата на Електро- Скопје на улицата Ленинова во близина на грчката амбасада во центарот на градот.