TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Бучковски умерен оптимист за членството во НАТО

А1 - 23.11.2002

„Најоптимистичката варијанта е поканата за членство во НАТО да ја добиеме во 2004-та, но јас сум умерен оптимист и ќе бидам задоволен ако тоа се случи во 2006-та година“, изјави министерот за одбрана Владо Бучковски во интервју за Македонското радио, по самитот во Прага.

Берлускони за влез на балканските земји во НАТО

А1 - 23.11.2002

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони, за време на Самитот во Прага, се сретнал со лидерите на Македонија, Албанија, Хрватска, Ерменија, Романија и Казахстан, како и со украинскиот претседател Леонид Кучма, пишува во денешниот број италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

Буш во Русија да го убеди Путин дека проширувањето на НАТО не е страшно

Вест - 23.11.2002

Американскиот претседател Џорџ Буш вчера пристигна во Русија за да го увери својот руски колега Владимир Путин дека ширењето на НАТО кон териториите на бившите советски републики не претствавува закана за Русија, а се разговараше и за теми како што с САНКТ ПЕТЕРБУРГ, Русија, 23 ноември (Ројтерс) - ...

НАТО бара соработка од аспирантите во борбата со тероризмот

Утрински - 23.11.2002

Наш специјален известувач Слободанка Јовановска Лидерите на НАТО, на заедничкиот самит вчера во Прага, побараа од земјите- членки на Партнерството за мир да застанат со нив рамо до рамо во борбата против тероризмот и другите предизвици за Алијансата.

Буш не го прифати Калининград за идна средба со Путин

Утрински - 23.11.2002

Претседателот на Русија, Путин, му предложи на Буш нивната следна средба да се одржи во Калининград. Доаѓањето на двајцата претседатели би имало симболика зашто Калининград се смета за најзападната точка на Русија. Меѓутоа, американската страна не се согласи поради "технички причини".

Америкаска поддршка за Русија во царска атмосфера

Утрински - 23.11.2002

Седма средба меѓу Владимир Путин и Џорџ Буш по Самитот на НАТО во Прага Од нашиот дописник Бранко ВлаховиЌ МОСКВА - Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џорџ Буш вчера попладне се состанаа во Екатеринскиот дворец во Царското село, недалеку од Санкт Петербург.

Проширувањето на НАТО не е закана за Русија

Утрински - 23.11.2002

Алијансата ја смирува Москва по приемот на новите седум членки ПРАГА - НАТО вчера се обиде да ја убеди Русија дека неговото проширување на поранешната советска територија не претставува закана, по "трансформацискиот самит"м чија цел беше Западната алијанса да се адаптира за да одговори на ...

Македонија примена во светскатаантитерористичка коалиција

Дневник - 23.11.2002

ЗАВРШИ САМИТОТ НА НАТО ВО ПРАГА Благодарни сме што политиката на отворена врата ќе остане основен принцип, рече македонскиот претседател Македонија е спремна да учествува во трансформацијата на Алијансата и така да помогне во борбата против тероризмот и оружјето за масовно уништување.

НАТО ќе се ослободува од култот, а ќе ја зајакнува реалната моќ

Дневник - 23.11.2002

Нано Ружин - Алијансата по самитот во Прага Неполни 24 часа по терористичкиот напад, на 12.9. 2001 првпат во историјата на НАТО, членките го активираа членот 5 од Вашингтонскиот договор, со што се декларираа дека нападот врз САД, претставувал и напад против сите 19 членки на Алијансата.

Состојбата на соседите пречка за влез на Албанија во НАТО

А1 - 22.11.2002

Албанија не била повикана за членство во НАТО на Самитот на Алијансата во Прага поради политички, воени и економски причини, како и поради се уште нестабилната ситуација во Македонија и на Косово, наведуваат денешните весници во Тирана.

Трајковски ја поздрави политиката на отворени врати на НАТО

А1 - 22.11.2002

Претседателот Борис Трајковски денеска во рамките на Самитот на НАТО во Прага ја поздрави политика на отворени врати, што останува основен принцип и во иднина, се додека не заврши процесот на интеграција. „При идното проширување на НАТО, Македонија не сака да биде привилегирана без причина, но не ...

Бучковски и Митрева ја гледаат шансата во 2006

А1 - 22.11.2002

Министрите за одбрана и за надворешни работи Владо Бучковски и Илинка Митрева денеска во Прага го изразија задоволството од третманот на Македонија во завршната декларација од Самитот во Прага, кого го сметаат за историски момент во еволуцијата на Алијансата.

Самитот на НАТО заврши со скандал

А1 - 22.11.2002

Самитот на НАТО и земјите од Партнерството за мир во Прага денеска заврши со инцидент. На крајот на завршната конференција за новинари, на генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон две лица му пријдоа и фрлија кон него домати, а според други, балони наполнети со вода.

НАТО се прошири со 7 екскомунистички земји

Вест - 22.11.2002

НА САМИОТ ВО ПРАГА Бугарите со шампањ среде Софија го прославија приемот во НАТО ПРАГА, 22 ноември (Ројтерс) - НАТО вчера се согласи на историско поместување кон исток со проширувањето на членството надвор од границите на поранешниот Советски Сојуз среде измените кои треба да одговорат на новите ...

НАТО е за разоружување, но не и за војна со Ирак

Утрински - 22.11.2002

Откако САД извршија притисок врз Алијансата за поддршка за разоружување на Ирак Блер: НАТО е обединет во однос на потребата да се разоружи Садам, а како ќе се случи, тоа е негов избор ПРАГА - Земјите-членки на НАТО вчера постигнаа согласност да ги поддржат напорите на ОН за разоружување на Ирак, но ...

Сили на НАТО за брза интервенција при напад

Утрински - 22.11.2002

КОНСЕНЗУС ПРАГА - Лидерите на НАТО вчера се согласија да воспостават сили за напад за поинтензивна војна и ветија дека ќе ги обноват воените капацитети за совладување на нови закани на безбедноста, вклучувајќи тероризам и оружја за масовно уништување.

НАТО се прошири, Македонија ќе чека прием

Утрински - 22.11.2002

САМИТ Лидерите на земјите-членки на НАТО решија вчера во Прага да ги прошират границите на Алијансата и таа, од воен сојуз на 19 земји, да стане сојуз на 26 партнери, бришејќи ја источно-западната граница. Со приемот на Бугарија и Романија, Алијансата го почна проширувањето и кон Балканот , ...

За Трајковски одлуката на НАТО е објективна

Утрински - 22.11.2002

РЕАКЦИЈА Првата реакција на претседателотБорис Трајковски вчера во Прага беше дека не е среќен поради одлуката на НАТО да не ја прими Македонија и да не и вети датум за членство, но дека таа сепак е објективна. "Свесни сме, рече Трајковски, дека во реформите не постигнавме толку колку што требаше ...

Помалку војници, повеќе цивилно присуство

Дневник - 22.11.2002

МАНДАТ НА НАТО ВО МАКЕДОНИЈА Македонија од НАТО бара зајакнување на цивилната компонента во функција на приближувањето на европските земји кон евроатлантските интеграции Македонија вчера и официјално побара продолжување на мандатот на НАТО за дополнителни шест месеци.

Нашата земја доби комплименти за прогресот во реформите и ветувања дека ќе и се помогне во приближувањето кон НАТО, но ...

Дневник - 22.11.2002

САМИТ НА НАТО ВО ПРАГА Македонија и Албанија ќе останат можни кандидати за членство на НАТО. Ова се наведува во декларацијата усвоена на крајот од состанокот на шефовите на држави и на влади на земјите-членки на НАТО на вчерашната средба на Северноатлантскиот совет, кој се одржува во главниот град ...

Трајковски: „Македонија на крајот ќе се приклучи на НАТО“

А1 - 21.11.2002

„Македонија на крајот ќе се приклучи на Северноатлантското семејство, а целта на нејзините лидери е да ја однесат таму што поскоро“, изјави македонскиот претседател Борис Трајковски на денешниот форум на лидерите на Атлантскиот совет, што во организација на Радио Слободна Европа се одржува на ...

Писмо на Трајковски до Робертсон

А1 - 21.11.2002

„Безбедносната состојба е подобрена, така што е оправдано намалувањето на военото присуство на НАТО во Македонија“, му пишува Трајковски на Робертсон, објаснувајќи ја потребата од нова, помала мисија на Алијансата во земјава по 15-ти декември.

НАТО се прошири кон Исток и ги остави вратите отворени

А1 - 21.11.2002

„Македонија останува во предвид за идно членство во НАТО“, тоа е заклучокот за Македонија во декларацијата од Прашкиот самит, каде Словенија, Словачка, Естонија, Летонија, Литванија, Романија и Бугарија денеска и официјално беа поканети да и се придружат на Северно-атлантската алијанса.

Хавел: Поради тероризмот не може да се биде неутрален и вон НАТО

Вест - 21.11.2002

ДЕНЕСКА ПОЧНУВА САМИТОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА АЛИЈАНСАТА Чешкиот претсдеател Хавел, на ден пред историскиот Самит, во прашкиот дворец го прими американскиот претседател Буш ПРАГА, 21 ноември (АП) - Глобалниот тероризам ги оневозможува традиционално неутралните европски земји да останат надвор од ...

НАТО останува уште 6 месеци

Вест - 21.11.2002

СОВЕТОТ НА АЛИЈАНСАТА ОДЛУЧИ ДА НЕ ЈА НАПУШТА МАКЕДОНИЈА ПО 15 ДЕКЕМВРИ Новата мисија ќе биде драстично помала, велат дипломати од Алијансата, нема да има водечка нација како досега, а оставена е и можноста да се прави ревизија на подготвеноста на ЕУ силите да го сменат НАТО, вед Северноатлантскиот ...

Телефонски разговор Трајковски-Робертсон за мисијата и за членството во НАТО

Утрински - 21.11.2002

КОНТАКТИ Расправата со Северноатланскиот совет која резултираше со едногласна решеност на сите земји-членки да продолжи помошта и поддршката на НАТО кон Македонија, е темата на вчерашниот телефонски разговор на претседателот Борис Трајковски со генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон.

Хавел побара Балканците да не бидат заборавени

Утрински - 21.11.2002

Македонската делегација со скромни очекувања во Прага Чешкиот лидер Вацлав Хавел вчера на тркалезна маса, на која беше присутен и генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, побара од НАТО да не ги заборави земјите на Балканот и побрзо или подоцна и тие да бидат примени во Алијансата.

Мисијата од стотина војници на НАТО продолжена за уште шест месеци

Утрински - 21.11.2002

ОДЛУКА Брисел - НАТО донесе одлука Мисијата на Алијансата во Македонија да биде продолжена за уште шест месеци, соопштија за Макфакс дипломатски извори во Брисел. Според истите извори, новата Мисија на НАТО во Македонија ќе биде значително помалубројна и ќе има, најверојатно, стотина припадници.

Буш бара поддршка од НАТО за разоружување на Ирак

Утрински - 21.11.2002

Доколку Садам Хусеин одбие да се откаже од смртоносниот арсенал Буш: Доколку се донесе одлука да се употреби воена сила, ќе се консултираме со нашите пријатели и се надеваме дека тие ќе ни се приклучат ПРАГА - Американскиот претседател Џорџ Буш вчера изјави дека ќе побара од земјите-сојузнички во ...

Алијансата ќе добие нови мускули

Утрински - 21.11.2002

Денеска историски Самит на НАТО во Прага на кој ќе учествуваат 45 лидери на земјите-членки и партнери НАТО денеска ќе добие екстра-мускули- е сублимат на вкупните реакции околу денешниот самит на Алијансата во Прага, кој ќе собере 45 лидери на земјите-членки и партнери во обид да го сменат ...

НАТО останува, ЕУ се подготвува да ја преземе мисијата

Дневник - 21.11.2002

АЛИЈАНСАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА Промовирањето на евросилите ќе зависи од постигнувањето рамковен договор меѓу НАТО и ЕУ за користење на капацитетите и од тоа дали Македонија ќе сака и дали ќе # треба меѓународно присуство, изјави за "Дневник" Кристина Галах, портпаролка на Солана НАТО вчера постигна ...

Во Прага по потврда за покана за членство

Дневник - 21.11.2002

ДЕНЕСКА ПОЧНУВА САМИТОТ НА НАТО Поканата на седум нови членки во НАТО, новиот безбедносен концепт и можната интервенција во Ирак се трите клучни прашања на самитот (Наш специјален известувач од Прага) Македонија е подготвена да помогне во новиот концепт на борбата против тероризмот - е клучната ...

Историјат на Алијансата

А1 - 20.11.2002

НАТО е формиран на 4-ти април 1949-та година врз основа на Северноатланската спогодба, со која беше оформен сојузот за колективна одбрана, како што е дефиниран со Конститутивната декларација на Обединетите Нации. Северноатланската спогодба, позната и како Вашингтонска, беше склучена на неопределено ...

НАТО со политика на отворени врати кон Македонија

А1 - 20.11.2002

Северноатланската aлијанса се очекува на Самитот во Прага, што започнува утре, да ја потврди политиката на отворени врати и да изрази очекување дека Македонија во иднина ќе биде примена во членство. Токму затоа во Прага амбициозно отпатуваа претседателот Борис Трајковски, шефицата на дипломатијата ...

Мисијата на НАТО во Македонија уште шест месеци

А1 - 20.11.2002

Советот на НАТО изутрината го прифатил предлогот на Политичко-воениот комитет за испраќање на нова мисија во Македонија за временски период не подолг од шест месеци. Новата мисија на НАТО нема да има име, бидејќи ќе нема ниту оперативен план, а со тоа ниту водечка нација.

Буш: Русија веќе не е опасност и НАТО треба да ја менува стратегијата

Вест - 20.11.2002

УТРЕ ВО ПРАГА ПОЧНУВА САМИОТ НА АЛИЈАНСАТА Самитот во Прага ќе го обезбедуваат 12 илјади полицајци, но сепак се стравува од терористички напади ВАШИНГТОН, 20 ноември (АП) - Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека во текот на оваа недела ќе го увери својот руски колега Владимир Путин дека ...

НАТО заглави околу Македонија?

Утрински - 20.11.2002

МИСИЈА Франција вчера повторно го блокира продолжувањето на мисијата на НАТО во Македонија, инсистирајќи да и се даде можност на Европската унија да ја преземе мисијата во земјава. Расправата околу новата мисија добива маратонска димензија, па и вчера до затворањето на весникот не беше донесена ...

Приемот изостана, останува надежта за отворена врата на НАТО

Утрински - 20.11.2002

Висока делегација од Македонија, предводена од претседателот Трајковски, денеска заминува на Самитот на Алијансата во Прага Македонија нема да добие покана за членство во НАТО, но се надева дека барем ќе добие гаранција за отворена врата за прием во Алијансата - е очекувањето на претседателот Борис ...

Пронајдена бомба на железничка пруга во Прага

Утрински - 20.11.2002

Пред самитот на НАТО во Чешка ПРАГА - Чешката полиција пронајде мала бомба на железничка пруга во Прага, неколку часа пред да пристигне американскиот претседател Џорџ Буш во чешката престолнина на самитот во НАТО. Околу девет часот, во предградието на Прага, работниците кои ги проверувале пругите ...

Џек Строу : Вратите на НАТО ќе останат отворени и по Прага

Утрински - 20.11.2002

ИЗЈАВА Скопје - НАТО ќе остане отворен за прием на нови земји-членки и по Самитот на Алијансата во Прага, кога се очекува драматично проширување со нови седум земји кои ќе бидат поканети во полноправно членство, изјави британскиот секретар за надворешни работи, Џек Строу.

Влезот на балтичките земји во НАТО е во интерес на Русија

Утрински - 20.11.2002

Според американскиот претседател Џорџ Буш ВИЛНУС - Американскиот претседател Џорџ Буш вчера изјави дека проширувањето на НАТО, со кое ќе бидат опфатени Литванија и другите поранешни советски балтички републики, е во интерес на Русија.

Буш нема да бара воена интервенција

Утрински - 20.11.2002

Ханс Бликс и првите триесет експерти за разоружување ја почнаа работата во Ирак Буш: Садам Хусеин на овој или на оној начин, ќе биде разоружен и во сечиј интерес е да се случи тоа БАГДАД - Главниот инспектор за оружје на ОН, Ханс Бликс, и тим од околу 30 експерти го почнаа првиот ден на работа во ...

Македонија се надева на следниот круг проширување

Дневник - 20.11.2002

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА НАТО Алијансата ветува дека нема да ги затвори вратите за нови членки, а Македонија настапува со регионален концепт, заеднички со Хрватска и со Албанија На самитот на НАТО, кој почнува утре во Прага и е оценет како "историски", Македонија очекува Алијансата да ја продолжи ...

Во Македонија сили на ЕУ наместо мисијата на НАТО

Дневник - 20.11.2002

ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА Мисијата на НАТО во Македонија мора да биде заменета со воени сили на Европската Унија, кои, како што е планирано, ќе бидат формирани во 2003 година, изјави вчера во Брисел германскиот министер за одбрана Петер Штрук.

Вратите на НАТО ќе останат отворени

А1 - 19.11.2002

„НАТО ќе остане отворен за прием на нови земји - членки и по Самитот на Алијансата во Прага, кога се очекува драматично проширување со нови седум земји кои ќе бидат поканети во полноправно членство“, изјави британскиот секретар за надворешни работи Џек Строу.

Пред самитот на НАТО, Македонија очекува „отворени врати“

А1 - 19.11.2002

Делегацијата на Македонија на дводневниот Самит на НАТО и земјите членки на Партнерството за мир, што треба да започне во четврток во Прага, ќе ја предводи претседателот Борис Трајковски, а нејзини членови се министрите за надворешни работи и за одбрана Митрева и Бучковски.

Буш в петок во Москва

Вест - 19.11.2002

Вашингтон, 19 ноември - Американскиот претседател, Џорџ Буш в петок по Самитот на НАТО во Прага, накратко ќе ја посети Русија, на разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Се очекува американскиот претседател на средбата да се обиде да го увери Владимир Путин дека проширувањето на НАТО не е ...

Македонија ги засилува реформите за влез во Алијансата

Утрински - 19.11.2002

Делегација Скопје - "И покрај тоа што Македонија на Самитот на НАТО, што ќе се одржи идната недела во Прага, нема да добие покана за членство во Алијансата, ние уште повеќе го засилуваме спроведувањето на реформите во одбраната и другите сегменти во државата", изјави шефот на собраниската ...

Македонија сигурно ќе стане членка на НАТО

Утрински - 19.11.2002

Реј Лахуд, републикански конгресмен и член на Комисијата за разоружување Специјално за "Утрински весник" Владица Кокаловиќ Непосредно пред самитот на НАТО во Прага, неофицијално е најавено дека Вашингтон нема да го поддржи зачленувањето на Македонија.

Новата мисија во Македонија предизвика нервозна расправа во НАТО

Утрински - 19.11.2002

Новата мисија на НАТО во Македонија вчера беше причина за жестока расправа во Северноатлантскиот совет на Алијансата по сў изгледа поради спротивставените концепти на САД и на Франција околу идното безбедносно присуство во нашава земја.

Франција води битка за дебитирање на евросилите во Македонија

Дневник - 19.11.2002

БРИСЕЛ Амбасадорскиот совет на НАТО, кој вчера одлучуваше за новата мисија на Алијансата во Македонија, се соочи со обидите на Франција да го одбие предлогот за новата мисија на НАТО во нашата земја. Оваа земја-членка на НАТО бара начин да обезбеди период што ќе дозволи ЕУ сепак воено да дебитира ...

Македонија не се откажува од НАТО

А1 - 18.11.2002

Македонија, Албанија и Хрватска побараа од НАТО да ја продолжи политиката на проширување на Алијансата и по претстојниот самит во Прага. Ваквото барање е содржано во заедничкиот амандман на нацрт - резолуцијата „Зајакнување на трансатлантското поврзување“, кој го поднесоа делегациите од овие три ...

НАТО решава за новата мисија во Македонија

А1 - 18.11.2002

НАТО денеска официјално треба да донесе одлука за изгледот на новата мисија во Македонија по 15-ти декември, кога завршува едногодишниот мандат на постоечката мисија на Алијансата, „Килибарни лисици“. Дипломатски извори потврдија дека новата мисија ќе биде со значително помал контингент војници и ...

НАТО во Македонија уште шест месеци

Вест - 18.11.2002

МЕЃУНАРОДНАТА КРИЗНА ГРУПА ПРЕОПРАЧУВА "Без разлика дали преку НАТО или ЕУ, меѓународната заедница мора да продолжи да и помага на Македнија во периодот на транзиција. Затоа НАТО би требало да остане уште 6 месеци или се додека ЕУ не биде подготвена да ги преземе безбедносните функции.

Новата мисија редуцирана и без име

Утрински - 18.11.2002

НАТО Новата мисија на НАТО во Македонија, што ќе ги замени "лисиците", ќе нема име и ќе биде значително редуцирана по големина. Како што се дознава неофицијално, одлуката за мисијата треба да биде донесена неделава, а веројатно уште денеска и таа, за разлика од досегашнава, ќе има безбедносна и ...

Во Прага ќе ја потврдиме решеноста да бидеме во следното проширување на НАТО

Утрински - 18.11.2002

Трајковски за МРТВ "Сў поизвесно е дека Република Македонија нема да биде примена во НАТО во овој круг на проширување. Според моите досегашни сознанија, само седум од десетте држави од Вилнус-групата ќе бидат на претстојниот прашки самит поканети за членство во Алијансата.