TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

„Диво месо“ и „Дон Жуан“ пред римската публика

Дневник - 07.10.2006

Претставите „Диво месо“ од Горан Стефановски и „Дон Жуан“ на Молиер, и двете во режија на Александар Поповски, вечерва и утревечер ќе учествуваат на првиот Театарски и музички фестивал на постјугословенските држави во Рим. Фестивалот го организира Римскиот театар и ќе трае до 16 овој месец.

Драмски со две претстави

Време - 05.10.2006

РИМ Драмскиот театар учествува на првиот театарски и музички фестивал на постјугословенските држави во Рим со претставите „Дон Жуан“ и „Диво месо“, и двете во режија на Александар Поповски. „Диво месо“ ќе биде прикажана пред фестивалската публика во Рим в сабота, а „Дон Жуан“ ќе има две изведби в ...

"Диво месо" и "Дон Жуан" во Рим

Вест - 04.10.2006

ДРАМСКИ ТЕАТАР ОД СКОПЈЕ НА ФЕСТИВАЛ Претставите "Диво месо" и "Дон Жуан" , и двете, во режија на Александар Поповски како проекти на Драмски театар од Скопје одат на фестивал во Рим. Фестивалот чиј директор е Џорџо Орсини, освен театарски има и музички дел, се ореганизира првпат и во него ...

Драмски со „Диво месо" и „Дон Жуан" ќе гостува во Рим

Утрински - 04.10.2006

Драмски театар со „Диво месо" и „Дон Жуан", двете претстави во режија на Александар Поповски, ќе гостува на првиот Театарски и музички фестивал на пост југословенските држави во Рим, во Италија. На 7 октомври, ансамблот на Драмски ќе се претстави со култната класика на Горан Стефановски, „Диво ...

Драмски во Италија

Вечер Прес - 04.10.2006

Драмскиот театар од Скопје со претставите "Дон Жуан" и "Диво Месо" на 7 и 8 овој месец ќе настапи на првиот "театарски и музички фестивал на постјугословенските држави, што ќе се одржи во Рим, Италија. Во експедицијата "Диво месо" учествуваат: Никола Ристановски (Димитрија), Билјана Беличанец ...

Македонскиот „Дон Жуан" го освои БИТЕФ

Утрински - 03.10.2006

На 29 септември, пред преполн салон, во престижниот театар „Ателје 212" во Белград, Драмски театар гостуваше со „Дон Жуан" од Молиер, во режија на Александар Поповски. Гостувањето се реализираше во рамките на јубилејниот 40-ти БИТЕФ, кој се одржа од 15 до 30 септември, а претставуваше своевидна ...