TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Со воведување визи за Косово се признава неговата независност

А1 - 01.05.2005

Воведување на визи за Косово би била голема грешка, велат македонски експерти за меѓународно право, кои инсистираат на анонимност. Тие му порачуваат на премиерот Бучковски да не наседне на замката и со воведување на визи за граѓаните на Косово директно да го признае суверенитетот на Покраината.

УНМИК и косовската влада ги прифаќаат критиките на ООН

Макфакс - 01.05.2005

Приштина Претставниците на УНМИК и косовските привремени институции ги прифатија критиките на Советот за безбедност на ОН поради доцнење на спроведувањето на пилот проектите, како прва, пробна фаза за децентрализација на власта на Косово.

Петерсен: Косово оствари голем напредок

Макфакс - 01.05.2005

Приштина Шефот на меѓународната администрација на Косово (УНМИК) Сорен Јесен Петерсен наредната недела ќе го извести Советот за безбедност на ОН дека Косово остварило голем напредок во областите на безбедност и заштита на правата на малцинствата.

Црвенковски: Стандардите на Косово се далеку од исполнување

Макфакс - 01.05.2005

Белград Македонскиот претседател Бранко Црвенковски оцени дека нивото на остварени стандарди на Косово е далеку од потребното и предупреди дека нивното неспроведување пред разговорите за статусот, го прави решението уште подалечно и потешко.

Манасиевски утре на Косово

Макфакс - 01.05.2005

Приштина Македонскиот министер за одбрана Јован Манасиевски утре ќе оствари еднодневна посета на Косово, јавија попладнево приштинските медиуми. Манасиевски, како што пренесува Макфакс, во Приштина ќе има средби со шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен, со командантот на КФОР, францускиот генерал Ив ...

Србија:УНМИК не прави ништо за враќање на бегалците

Макфакс - 01.05.2005

Белград УНМИК и привремените институции на Косово не направиле речиси ништо за враќање на Србите и останатите неалбанци во покраината. Ова на синоќешната седница го оцени Советот на српската влада за Косово, со кој претседаваше премиерот Воислав Коштуница.

Бучковски ја наследи базата, Црвенковски старата слава

Време - 30.04.2005

ПРИВРЗАНИЦИТЕ НА СДСМОВСКИТЕ ЛИДЕРИ МЕЃУ ДВА ОГНА Александра М. Митевска Владо Бучковски ја наследи базата на Бранко Црвенковски во СДСМ, во пакет со лидерската функција. Затоа нивните приврзаници се збунети од дворските игри во врвот на извршната власт, оценуваат во партијата.

Косово не е во позиција да не уценува

Вест - 30.04.2005

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ МУ ПОРАЧА НА ПРЕМИЕРОТ ДА НЕ СЕ ПЛАШИ Бранко Црвенковски, претседател на Република Македонија, вчера рече дека завчера разговарал со премиерот Владо Бучковски, од кого добил цврсто уверување дека по празниците ќе свика седница на Владата за прашањето за визниот реципроцитет со Косово.

Косовските царини се извесни, се чека датумот

Утрински - 30.04.2005

Залудни надевањата на нашите производители дека ќе нема давачки Косовските бизнисмени поагресивни и супериорни во настапот од нивните македонски колеги АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Со оградувањето на УНМИК од †аминувањетоои на одлуката на косовската влада за воведување царина за македонските производи, ...

Косово го подели државниот врв

Утрински - 30.04.2005

Претседателот на државата и премиерот имаат различни стојалишта за т.н. косовски визен режим Црвенковски бара визен реципроцитет, Бучковски вели нема визи СаШко Димевски Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Владо Бучковски, дефинитивно, имаат различни ставови околу тоа како треба да се реши ...

Бранко не го визира Бучко

Дневник - 30.04.2005

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ПРЕМИЕРОТ НЕ ГИ НАДМИНАА РАЗЛИКИТЕ за визите со косово Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Владо Бучковски се со различни ставови за визниот режим со Косово и покрај нивната завчерашна средба на која размениле аргументи за своите позиции.

Што има зад ридот?

Дневник - 30.04.2005

Ѓунер исмаил Заклучно со вчерашниот ден (Петок) сосема е јасно дека во редовите на македонските политичари, било да се од власта, било да се од опозицијата, владее тотална конфузија. Во врска со Косово, се разбира! Некаква (намерно)несреќно срочена изјава од некаков косовски функционер, пренесена, ...

Нема визи, ќе има засилена контрола од Косово!

Вечер Прес - 30.04.2005

"Косовските власти нема да воведат визи за македонските државјани и активностите на УНМИК за засилена контрола на границите е погрешно интерпретирана од македонската јавност", соопштил Сорен Јесен Петерсен, шеф на мисијата УНМИК, во вчерашниот телефонски разговор со македонскиот премиер Владо ...

Црвенковски не попушта пред Бучковски

Вечер Прес - 30.04.2005

Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Владо Бучковски вчера останаа секој на својот став за прашањето за воведување визи за жителите од Косово. "Косово не треба да ја уценува Македонија. Косово на двапати ја уценува Македонија со најавите за менување на договорот за слободна трговија и за ...

Продолжува битката меѓу Црвенковски и Бучковски за Косово

А1 - 29.04.2005

Продолжува битката меѓу Претседателот и Премиерот за тоа како треба Македонија да ги решава проблемите со Косово. И покрај договорот меѓу Црвенковски и Бучковски визите да бидат тема на наредната владина седница, денеска потврда на ставот на Претседателот кој порачува дека не треба да остави визите ...

Косовските царини стануваат реалност за македонските стоки

А1 - 29.04.2005

Косовските царини стануваат реалност за македонските стоки. Македонската Влада ја загуби оваа битка со властите во Приштина. Се надеваше дека УНМИК нема да дозволи воведување царини и не направи ништо да го спречи тоа. Наместо да лобира во СТО и да ги алармира сите меѓународни инстанци, Владата ...

Бучко трпеливо ќе ги чека визите од Косово

Вест - 29.04.2005

ПРЕМИЕРОТ ОДБИВА ДА ДЕБАТИРА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ ЗА РЕЦИПРОЧЕН ВИЗЕН РЕЖИМ СО КОСОВО Не треба да се затвораат вратите со Косово. Трпеливоста е особина на мудрите, се вели во реакцијата од кабинетот на премиерот Бучковски во врска со изјавата на претседателот Бранко Црвенковски за ...

Бучковски не брза со контравизите на Црвенковски

Време - 29.04.2005

ВИЗНА И ТРГОВСКА ВОЈНА СО КОСОВО Боби Христов Македонската влада не ја отфрла можноста да се воведат визи за жителите на Косово, како противмерка за визите што ги најави УНМИК, но смета дека се уште има и други можности да се заштитат интересите на македонските државјани, соопштија владини ...

Косово нема да воведе визи за македонските граѓани

Утрински - 29.04.2005

Според УМНИК, не станува збор за визен режим туку за примена на Уредбата за влегување и излегување на странските граѓани За влез во Косово нема да се плаќа никаква такса или друга давачка. Македонската Влада била запозната со уредбата за граничниот режим што ќе се применува од јули: Приштина ...

ВМРО-ДПМНЕ застана зад предлогот на Црвенковски

Утрински - 29.04.2005

Владејачката ДУИ и ВМРО-Народна тврдат дека Приштина нема да ни воведе визи По воведувањето на визниот режим од Косово спрема Република Македонија, неопходни се мерки на реципроцитет од наша страна смета Бонева Барањето на шефот на државата, Бранко Црвенковски, Македонија соодветно да возврати на ...

Бучковски го отфрли предлогот на Црвенковски за визи за Косово

Утрински - 29.04.2005

Црвенковски од Софија пред два дена ја повика Владата да воведе визи за Косовците, оценувајќи дека треба да преземе активни чекори во тој правец Премиерот најавува дека наместо радикални потези, какви што побара претседателот, ќе се интензивираат преговорите со властите во Косово БОРИС ГЕОРГИЕВСКИ ...

Македонските и косовските стопанственици поделени околу царините

Утрински - 29.04.2005

Во Приштина се одржа конференција за унапредување на трговската размена меѓу Македонија и Косово Нашите претставници се категорични во тврдењето дека царината од страна на Косово ќе го уништи македонското производство ОД НАШИОТ ИЗВЕСТУВАЧ АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА ПРИШТИНА- Косовските стопанственици ...

Бранко и Бучко во косовска битка

Дневник - 29.04.2005

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ И ПРЕМИЕРОТ СО РАЗЛИЧНИ СТАВОВИ Претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Владо Бучковски водат тивка војна со изјавите за визниот режим кон Косово. Шефот на државата, завчера за време на посетата на Бугарија, ја повика македонската влада да воведе визи за граѓаните на Косово како ...

Косовските царини ќе ги скиселат зеленчукот и овошјето

Дневник - 29.04.2005

ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ СЕ ИСПЛАШЕНИ Повеќе од триесет години произведувам домати и пиперки, а најредовни купувачи ми се косовските трговци. Ако сега Косово воведе царина од 25 отсто за нашите земјоделски производи, тоа ќе значи катастрофа и пропаст на сите земјоделци што годинава се надеваа на овој пазар, ...

ЦРВЕНКОВСКИ ОСТАНУВА НА СТАВОТ ЗА ВИЗИТЕ ЗА КОСОВО

Канал5 - 29.04.2005

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски денеска изјави оти останува на ставот искажан за време на неговата посета на Софија дека Македонија треба да воведе визи за граѓаните на Косово. Црвенковски, кој присуствуваше на отворањето на Детското СОС-село, Македонскиот претседател Бранко Црвенковски ...

Нема визи за македонските граѓани

Вечер Прес - 29.04.2005

Приштина, 29 април (МИА). - Уредбата на Администрацијата на ОН на Косово со која се предвидуваат нови правила за влегување и престој на странци што треба да стапи во сила на 1 јули не предвидува воведување визен режим за Македонија, ниту какви било давачки при влегување во Косово.

УНМИК го одложи воведувањето на визи за 1 јули

А1 - 28.04.2005

Администрацијата на Обединетите нации во Косово го одложи за први јули стапувањето во сила на новите правила за влез и престој на странци. Според новите правила на ОН, кои требаше да стапат во сила од први мај, странците ќе треба да имаат визи, издавани на граничните премини, а правото на 90 денови ...

Косово дефинитивно воведува царини за Македонија

А1 - 28.04.2005

УНМИК не може да ја спаси Македонија од Косовската царинска рампа, воведувањето на царини за македонските стоки е во исклучива надлежност на косовската влада. Со оваа изјава на вториот човек на УНМИК Лари Росин паднаа во вода надежите на владата во Скопје дека УНМИК нема да дозволи Косово да и ...

Владата смета дека не треба да се затвораат вратите кон Косово

А1 - 28.04.2005

Бучковски му ја враќа топката на Црвенковски по неговото барање владата прва да воведе визи за Косово. „Ние имаме повеќе мотиви од нив да воведеме визен режим, бидејќи на тој начин ќе имаме подобра контрола на границата, што е предуслов за поефикасна битка против инфилтрирањето на поединци и ...

Реципрочен визен режим со Косово

Вест - 28.04.2005

ЦРВЕНКОВСКИ ЈА КАРА ВЛАДАТА И БАРА На новинарско прашање како Црвенковски ги коментира најавите за воведување визи од страна на Бугарија за македонските граѓани, одговори дека во моментот со нивното пристапување кон ЕУ ќе мораат да ги прифатат европските стандарди за сите сектори, вклучувајќи го и ...

Будимпешта се нуди за домаќин на преговорите за статусот на Косово

Вест - 28.04.2005

БЕЛГРАД, 28 април - Унгарскиот министер за надворешни работи Ференц Шомоѓи предложил Будимпешта да биде домаќин на преговорите за статусот на Косово, потврди портпаролот на унгарското министерство за надворешни работи Виктор Полгр.

Црвенковски побара визи за Косово

Утрински - 28.04.2005

Претседателот на државата ја повика Владата да воведе визен режим за граѓаните од покраината Според него, Македонија не треба пасивно да чека што ќе реши Приштина Софија - Претседателот Бранко Црвенковски од Софија ја повика македонската Влада веднаш да воведе визи за жителите на Косово по најавите ...

Визи за граѓаните на Косово

Дневник - 28.04.2005

црвенковски На прашањето каков е ставот на Црвенковски по најавата на Косово да воведе визи за македонските граѓани, тој одговори: - Ја повикувам Владата на Македонија веднаш да воведе визи за граѓаните на Косово и од таа позиција да продолжи да ги води разговорите за спогодбата за слободна ...

Во Будимпешта да се преговара за иднината на Косово

Дневник - 28.04.2005

ПРЕДЛОГ НА УНГАРИЈА Унгарскиот министер за надворешни работи Ференц Шомоди предложи Будимпешта да биде домаќин на преговорите за конечниот статус на Косово, изјави портпаролот на унгарското министерство за надворешни работи Виктор Полгр, пишува весникот "Данас", јави МИА.

Бучковски за визниот режим од Косово

Канал5 - 28.04.2005

,,трпеливоста е особина на мудрите,,, е коментарот на владата за вчерашната изјава на претседателот бранко црвенковски воведувањето визи за косово е крајна мерка што треба да се преземе за така наречената трговска војна меѓу македонија и косово.

Воведете визи за Косово!

Вечер Прес - 28.04.2005

"Ја повикувам македонската Влада да воведе визен режим од наша страна кон граѓаните на Косово и од таа позиција да продолжи да ги води разговорите околу задржување на спогодбата за слободна трговија или околу либерализација на трговскиот режим", изјави вчера во Софија претседателот на државата ...

УНМИК го разбира барањето на Косово за царини кон Македонија

А1 - 27.04.2005

УНМИК интензивно преговара со косовската влада за нејзината намера да воведе царини за македонските стоки. Конечна одлука нема, УНМИК се уште не одлучил дали ќе ги одобри царините за Македонија. Ќе се знае наскоро откако ќе заседава економско фискалниот совет.

Црвенковски бара визи за граѓаните од Косово

А1 - 27.04.2005

Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски ја повика Владата веднаш да воведе визен режим кон граѓаните на Косово и од таа позиција да продолжи да ги води разговорите околу задржување на Спогодбата за слoбодна трговија и околу либерализацијата на трговскиот режим.

Царините ќе ги погодат Македонците, но и Косовците

Утрински - 26.04.2005

Во очекување дали ќе се прифати одлуката на косовската влада за воведување царина за македонските производи АЛЕКСАНДРИЈА СТЕВКОВСКА Во очекување практично имплементирање или отфрлање на одлуката за воведување царини за македонските земјоделски производи од страна на косовската влада, нашите ...