TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Началникот на гостиварската полиција е виновен за оружениот инцидент

Време - 11.11.2006

СПОРЕД ДУИ Фаик Дервиши, началник на гостиварската полиција, и Беким Даути, директор на болницата, се виновни за оружениот инцидент што се случи во средата вечер во Гостивар, обвини ДУИ на вчерашната прес-конференција. Според Талат Џафери, член на претседателството на ДУИ, функционерите на ДПА ...

Меѓусебни обвинувања на ДУИ и на ДПА за гостиварската престрелка

Утрински - 11.11.2006

Нападот бил планиран во координација со началникот Фаик Дурмиши, тврдат од ДУИ КИРО КИПРОВСКИ ГОСТИВАР - „Активистите на ДПА Муамет Зеќири, Самет Емро и Бујар Асани во средата вечерта со автомобил на вандалски и криминален начин го бркале низ гостиварските улици Рахим Пурде, член на ДУИ и поранешен ...

Во Гостивар се „освојувала“ болничката кујна

Дневник - 11.11.2006

Опозициската ДУИ тврди дека владејачката ДПА им дели откази на поранешни команданти на ОНА, кои работеле во државни институции. Партијата обвинува дека со завчерашниот оружен инцидент во Гостивар, во кој беше нападнат нејзин член, ДПА всушност сакала да го преземе раководењето со кујната и ...

Се пукаа активисти на ДУИ и ДПА

Вест - 10.11.2006

ВО ГОСТИВАРСКАТА НАСЕЛБА МЛАКИ Завчера вечерта во 21,30 часот, во населбата Млаки во Гостивар, дошло до вооружена престрелка меѓу активисти на ДУИ и ДПА,при што било оштетено возилото на Рахим Пурда, активист на ДУИ. Полицијата вели дека се приведени три лица и дека се работи на целосно рсветлување ...

Гангстерска престрелка меѓу членови на ДУИ и на ДПА

Време - 10.11.2006

ЗАВЧЕРА НА ГОСТИВАРСКИТЕ УЛИЦИ Гангстерска престрелка со автомобилски брканици како од филмовите се случувала завчеравечер по гостиварските улица меѓу членови на ДУИ и на ДПА. Полицијата не го соопштува идентитетот на учесниците, но неофицијално дознаваме дека во престрелката учествувале Бујар ...

Пиштолска пресметка на активисти на ДУИ и на ДПА во Гостивар

Утрински - 10.11.2006

Партиите на Албанците се обвинуваат меѓусебно за инцидентот ДУИ и ДПА се обвинуваат меѓусебно за пукотниците во Гостивар во средата навечер. Бркотници на автомобили и огнени престрелки, како на филм, се случувале завчеравечер околу 21 часот во гостиварската населба Млаки, тврдат очевидци на ...

Огнени обвинувања помеѓу ДУИ и ДПА

Дневник - 10.11.2006

Владејачката ДПА и опозициската ДУИ вчера си ја префрлаа вината за оружениот инцидент што прексиноќа го вознемири Гостивар. Полицијата соопшти дека на пукањето му претходела бркотница на „мерцедес“ и „сеат кордоба“ по улиците во која автомобилите неколкупати се судриле. Со „сеатот“ управувал Р.П.