Британскиот премиер Тони Блер денеска го предупреди претседателот Садам Хусеин дека е соочен со јасен избор или сам ќе се разоружа или на тоа „на поинаков начин“ ќе биде присилен од страна на меѓународната заедница. Без оглед на противењето на Русија и Франција се уште е можно во ОН да се однесе ...
Предлогот за нова резолуција на Обединетите нации за Ирак содржи строги одредби за разоружувањето и не може да се примени - изјави денеска официјални извори во Москва. „Резолуцијата, онака како што е предложена не може да се примени“ - изјави агенцијата „Интерфакс“ неименуван руски дипломат.
САД ја доставија до Советот за безбедност на Обединетите Нации нацрт-резолуцијата со која на ирачкиот претседател Садам Хусеин му се дава рок од седум дена за прифаќање на условите за разоружување и враќање на инспекторите на ОН.
ВАШИНГТОН, 28 септември (Ројтерс) - Американските и британски воени авиони вчера бомбардирале две ирачки бази јужно од Багдад откако ирачките сили отвориле оган на еден од нивните авиони со проектили од типот земја-воздух. Авионите за западните сојузници прво погодиле цел во близина на градот Калат ...
Се засилува пропагандната реторика на американската администрација ВАШИНГТОН / БАГДАД - Соединетите Американски Држави и Велика Британија постигнаа согласност околу договорот во врска со клучните елементи на новата цврста резолуција на ОН, во која се бара разоружување на Ирак, а администрацијата на ...
ВОЕНА АНАЛИЗА ЗА ЕВЕНТУАЛНАТА АМЕРИКАНСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА ПРОТИВ САДАМ Првите процени укажуваат дека Американците не смеат ни да помислат да го нападнат Ирак без да ангажираат 100.000 војници со механизација и транспортни возила Американците при евентуалната интервенција врз Ирак сигурно ќе го ...
Франција и Русија имаат подеднаков пристап по прашањето на Ирак, соопшти портпаролот на Елисејската Палата, по телефонскиот разговор што синоќа францускиот претседател Жак Ширак го водеше со својот руски колега Владимир Путин.
МОСКВА, 27 септември (Ројтерс) - Рускиот претседател Владимир Путин вчера повика да се најде политичко решение за ирачката криза преку постоечките резолуции на ОН, потег што би можел да ги поткопа барањата на САД за силна меѓународна акција против Багдад.
Вашингтон, 26 септември - Американскиот претседател Џорџ Буш вчера изјави дека ирачкиот лидер Садам Хусеин и терористичката организација Ал Каеда "работеле во договор", со што првпат експлицитно го поврза Ирак со мрежата на Осама Бин Ладен, која е одговорна за минатогодишните терористички напади во ...
БАГДАД, 27 септември (Ројтерс) - Ирак вчера соопшти дека американски воени авиони извеле воздушен напад врз цивилниот аеродром во Басра оштетувајќи ги радарските системи и главата зграда. "Американските авиони во средата навечер извршија нова агресија кога го нападнаа меѓународниот аеродром во ...
САД побараа од ирачката армија да подготви попис на кандидати за евентуална воена обука за задачи со кои би им се помогнало на американските сили во Ирак и би придонело за соборување на претседателот Садам Хусеин, соопштија ирачки воени извори.
БАГДАД, 26 септември (Ројтерс) - Кабинетот на ирачкиот претседател Садам Хусеин вчера ги осуди "лагите и клеветите" во досието на британскиот премиер Тони Блер велејќи дека Багдад ќе даде темелен одговор на овој документ. "Тоа досие е лажна пропаганда која нема материјални и убедливи докази", се ...
Пред главниот инспектор на ОН за оружје да се состане со ирачките експерти идната недела Одлуката на Ирак да ги прими инспекторите за оружје по четиригодишен прекин ја "збуни" дебатата во Советот ВАШИНГТОН - САД се соочуваат со тешкотии околу усвојувањето на резолуција во ОН за разоружување на ...
Мини-портрет: Ханс Бликс, главен инспектор на УНМОВИКЧовекот што стои меѓу војната и мирот во ИракБликс (74), кој пред две години ги прекина пензионерските денови што ги минуваше во својата куќичка на Антарктикот, сега треба да одлучи дали Ирак ќе ја почувствува сета моќ на армијата на САД Ханс ...
Американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд објави мошне чувствителни и отрезнувачки информации за хемиското и нуклеарно вооружување на Ирак, соопшти генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон на неформалната средба на министрите за одбрана на Алијансата што се одржа во Варшава.
Британија вчера го објави долгоочекуваното досие во кое се вели дека ирачката војската е подготвена да лансира оружје за масовно уништување 45 минути по издавањето на наредбата, обвинување што Багдад веднаш го отфрли како неосновано ЛОНДОН, 25 септември (Ројтерс) - Британија вчера го објави ...
ПЕКИНГ, 25 септември (Ројтерс) - Кина како постојана членка на Советот за безбедност на ОН вчера соопшти дека би сакала да ја разгледа новата резолуција на САД и Британија во врска со употребата на сила доколку Ирак не ги исполни барањата за инспекцијата на оружјето.
Британската влада објави досие за воената моќ на ирачкиот претседател ЛОНДОН - Велика Британија вчера соопшти дека ирачкиот претседател Садам Хусеин поседува воени планови со кои би можел да почне напад со оружје за масовно уништување во рок од 45 минути.
БЛЕР ОБЈАВИ "ДОСИЕ ИРАК" Ирачкиот претседател Садам Хусеин со биолошко и хемиско оружје им се заканува на регионот и на светската стабилност, а паралелно развива и поубиствено нуклеарно оружје, тврди британската власта во "досието Ирак" што го објави вчера за да ги оправда плановите за воена ...
Британскиот премиер Тони Блер на вчерашниот состанок на владата изјави дека нема никакви сомненија оти ирачкиот претседател Садам Хусеин продолжува да развива оружје за масовно уништување. Британскиот премиер оцени дека проблемот со ирачкото вооружување се влоши во годините во кои во таа земја не ...
Колку се реални ирачките биолошко-хемиско-нуклеарни закани за другиот дел од светот Димитар Чулев Ќе бидат потребни недели па и месеци, инспекцискиот тим на ОН задолжен за Ирак да го изготви првиот нацрт-извештај за моменталната опременост на режимот во Багдад со биолошко, хемиско и нуклеарно ...