Од 45 милиони евра субвенции, за годинава , досега се исплатени само 24 милиони евра. Додека земјоделците ги чекаат парите, едно е сигурно 10% од 80.000 земјоделци кои годинава аплицирале за субвенции, нема да добијат ни денар. „Десет отсто од апликантите ги имаат погрешено бројките во пополнувањето“, изјави Ацо Спасеновски, министер за земјоделство.
Осигурувањето на земјоделското производство не е атрактивна мерка кај земјоделците. Само 120 го заштитија своето производство и покрај тоа што оваа година Владата за прв пат субвенционираше 30% од трошоците за осигурување. Најголемиот дел од фармерите пресметале дека осигурувањето е неисплатливо поради големите трошоци.
Рокот за пријавување за субвенции на лозарите е продолжен до 20-ти ноември. Земјоделците можеа да се пријавуваат за субвенции до крајот на октомври, но по барање на лозарите, Министерството за земјоделство го продолжи периодот за аплицирање до 20-ти овој месец, за како што вели министерот Спасеноски, вистинските лозари да можат да се пријават и да добијат субвенции.
Да се намали основицата за оданочување бидејќи е нереална. Сојузот на земјоделците на Македонија (СЗМ) бара средба со премиерот Никола Груевски на која ќе предложат да се направат измени во Законот за персонален данок бидејќи сметаат дека предвидената основица за оданочување на земјоделците е многу висока.
Начинот на распределбата на субвенциите и државното земјоделското земјиште предизвикаа прв потрес во македонската влада, која неодамна ги одбележа првите сто дена. Весникот „Вест“ во својата статија објавена денеска на насловната страна пишува дека односите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Социјалистичката партија, од чии редови доаѓа министерот за земјоделство Ацо Спасеноски, се во криза.
Нема манипулации во распределбата на земјиштето, ниту застој во исплатата на субвенциите. Со ваква констатација се огласи вчера министерот за земјоделство Ацо Спасеновски. Поддршка му даде и Сојузот на земјоделците, на чие чело е Вељо Тантаров.
Односите на ВМРО-ДПМНЕ и СПМ се во криза. Партиски извори велат дека кавгата избила поради недоразбирањата околу распределбата на земјоделското земјиште. Истите извори шпекулираат оти министерот за земјоделство Ацо Спасеноски сметал дека никој друг, освен министерот, не може да потпише решенија за доделување на земјоделско земјиште.
Се' уште има узурпација на земјиштето. Нема манипулации при распределбата на земјиштето, ниту застој во исплатата на субвенциите. Дури 90 отсто од есенската сеидба е реализирана во оптимален рок, а производителите ги добија парите за предаденото. Ова се заклучоците од денешната средба на претставниците на Сојузот на земјоделците со ресорниот министер Ацо Спасеноски.
Нема манипулации при распределбата на земјиштето, ниту застој во исплатата на субвенциите. Околу 90 отсто од есенската сеидба е реализирана во оптимален рок, а производителите ги добија парите за предадениот род, беше речено на вчерашната средба на претставниците на Сојузот на земјоделците и ресорниот министер Ацо Спасеноски.
Владата треба да ја смени досегашната политика на годишно планирање на поддршката на земјоделците, оценуваат експертите сугерирајќи дека за вистински резулати е потребна долгорочна стратегија за поттикнување на развојот. - Мерките да се испроектираат на подолг рок, да не се проектираат на годишно ниво како досега што беше преку програмата за подршка на земјоделството туку да се направи повеќе ...
Начинот на распределбата на субвенциите и државното земјоделското земјиште предизвикаа прв потрес во македонската влада, која неодамна ги одбележа првите сто дена. Весникот „Вест“ во својата статија објавена денеска на насловната страна пишува дека односите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Социјалистичката партија, од чии редови доаѓа министерот за земјоделство Ацо Спасеноски, се во криза.
Потег за да се спаси министерската позиција или обид за да се убеди јавноста дека нема партиска поделба на субвенциите. За да ја подели одговорноста, по скандалот што го потресе агросекторот, министерот Спасеновски на иста маса ги седна неговиот заменик, раководителите на инспекторатот и платежната агенција.
Соња Јанковска Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Штип е замешана во крупни малверзации при распределба на државно земјоделско земјиште во Штипско. Вработените во подрачната единица десет години нелегално делеле земјоделско земјиште. Досега 400 хектари земјиште се поделени без претходно распишан тендер и без критериуми.
Полициска истрага за распределба на државно земјиште во Штип. Штип - Полицијата истражува како се распределувало државно земјиште во Штип, јави телевизијата А 1. Вработени во Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Штип, цели десет години, без распишан тендер, критериуми и овластувања делеле земјоделско земјиште и го преименувале во градежно.
Земјоделците ќе бараат измена на Законот за персонален данок и формирање на фонд за земјоделците поединци кои не примаат ниту пензии, ниту социјална помош. Барањата дојдоа од претставниците на Сојузот на земјоделци на денешниот состанок со министерот за земјоделство Ацо Спасеновски.
Во 10 ипол месеци исплатени само 53 проценти од предвидените субвенции за земјоделето. Министерот за земјоделство тврди дека до крајот на годината ќе успеат да ги исплатат преостаните пари. Само 24 милиони евра од предвидените 45 милиони за подршка во земјоделството се исплатени до сега, останатите 21 милион ќе бидат исплатени во наредните 45 дена - ова е ветување кое е дадено од мининистерот за ...
На конкурост што го распиша Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за закуп и обработка на државно земјиште се пријавуваат голем број индивидуални земјоделци и земјоделски стопанства од струмичкиот регион, а до завршување на огласот на 20 овој месец, се очекува вкупниот број кандидати да ги надмине очекувањата, информираат од подрачната единица на Министерството за ...
Нема манипулации при распределбата на земјиштето, ниту застој во исплатата на субвенциите, 90 отсто од есенската сеидба е реализирана во оптимален рок, а производителите ги добија парите за предаденото. Ова се заклучоците од денешната средба на претставниците на Сојузот на земјоделците со ресорниот министер Ацо Спасеноски.
Скопје, 14 ноември (МИА) – Нема манипулации при распределбата на земјиштето, ниту застој во исплатата на субвенциите, 90 отсто од есенската сеидба е реализирана во оптимален рок, а производителите ги добија парите за предаденото. Ова се заклучоците од денешната средба на претставниците на Сојузот на земјоделците со ресорниот министер Ацо Спасеноски.
Тврдењата дека има(ло) манипулации при распределбата на земјоделското земјиште се чиста шпекулација. Ова го изјави претседателот на Сојузот на земјоделците на Македонија, Вељо Тантаров на вчерашната средба со ресорниот министер, Ацо Спасеноски.
Вработени во Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Штип, цели десет години од ракав делеле земјоделско земјиште. Освен што земјиштето го делеле без распишан тендер и без определени критериуми, земјоделското земјиште го преименувале и во градежно, за што немале никакво овластување.
Соња Јанковска Министерството за земјоделство вчера почна со силен притисок и со своевидна одмазда врз сточарите кои ден претходно за „Време“ обелоденија дека субвенциите за млекото се делат селективно и дека министерот Ацо Спасеноски ги дава само на партиски луѓе.
Како земјоделството да ги искористи европските пари. Александрија Стевковска. ОХРИД - Македонското земјоделство има голем пат да изоди за да почне да личи на европско, а пред се' во делот на градење ефикасна администрација. Токму слабата и неефикасна администрација беше лоцирана како слаба точка на нашето земјоделство и во извештајот на Европската комисија, поради што тим експерти од Словенија ...
Спасенсоки: Субвенциите не се делат партиски. Исплатата на субвенциите се очекува да заврши до крајот на овој месец. Секое евро од предвидените 45 милиони ќе стигне до земјоделците. Досега поддршка добија околу 65.000, а тоа не е партиска бројка, изјави вчера во Охрид министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ацо Спасеноски, пред почетокот на работилницата „Евроинтеграциските ...
Федерациjа на фармери на РМ. Земјоделците бараат субвенциите за 2009 година да бидат по површина и грло како што е веќе за житата или градинарството. За да се избегне неефикасноста во спроведувањето на овие мерки. Кога земаат субвенции по производство најчесто преработувачите доцнат со списоците за предадено производство и влијаат на висината на откупните цени.
Прехранбената индустрија ќе гладува за суровини. Глобалната криза ќе ги затвори прехранбената и конзервната индустрија и ќе го преполови извозот на свежото овошје и зеленчук од Македонија, стравуваат производителите на храна. - Колку и да тврдат политичарите дека глобалната криза нема да влијае врз нашето земјоделство, факт е дека таа нема да не' заобиколи.
Вработени во подрачната единица во Министерството за земјоделие во Штип десет години делеле земјоделско земјиште на своја рака. Според информациите од СВР Штип, земјиштето се добивало без распишан тендер, за лични услуги и огромни суми на пари. Имало и случаи кога земјоделско земјиште го преименувале во градежно и така го распределувале на бизнисмени.
Годинава 45 милиони евра субвенции за аграрот. Многу пари, а многу незадоволни земјоделци. Во исто село едни имаат земено субвенции за се, други немаат ни денар. „Некој земаа и за седум месеци, некој за еден месец, други не земале ништо“, рече Илија Ставрески, сточар, с.Поешево. „За субвенции не е дадено ниту еден динар.
По откривањето на А1 дека има селективна поделба на субвенциите за млекото, дека пари за двете фази имаат земено земјоделци блиски на власта, се разработија институциите, но во контроли и заплашување на сточарите. Оние земјоделци кои ја кажаа реалната состојба, наместо субвенции, добија страв во коски. Велат, власта има механизми како да ни се одмазди ако зборуваме против.
Соња Јанковска Доцни исплатата на долгонајавуваните субвенции за млеко. Дел сточари се уште немаат земено пари ниту за првото тримесечје. Фармерите велат дека исплатата на субвенцијата од два денари за еден литар млеко требаше да биде навреме, заради набавка на евтина добиточна храна. Одамна најавуваната субвенција за млеко, за сточарите, е само лага.
Субвенции за производството на риба и зголемување на државната помош за одгледување сончоглед побара агробизнис секторот на вчерашниот состанок во Стопанската комора на Македонија. Според Сашо Трангов, претседател на Групацијата за рибарство и аквакултура, рибарството во 2008 година воопшто не било субвенционирано, па затоа Министерството за земјоделство не треба да го заборави во распределбата ...
Земјоделците бараат развојни субвенции, а не социјални. Аграрот во земјава почнува да ги чувствува последиците од финансиската криза, која ги испумпува последните ликвидни средства од џебовите на земјоделците и ги доведува во прашање нивните претстојни активности.
Охрид, 12 ноември (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски ќе ја отвори работилницата за „Евроинтеграциските процеси во земјоделството“ што денеска ќе се одржи во Охрид. На работилницата покрај размената на искуства ќе се дискутира и за улогата на преговорите во секторот земјоделство во претпристапниот период, преговарачката структура и процесот на донесување ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски ќе ја отвори работилницата за „Евроинтеграциските процеси во земјоделството“ што денеска ќе се одржи во Охрид. На работилницата покрај размената на искуства ќе се дискутира и за улогата на преговорите во секторот земјоделство во претпристапниот период, преговарачката структура и процесот на донесување одлуки.
Исплатата на субвенциите се очекува да заврши до крајот на овој месец. Секое евро од предвидените 45 милиони ќе стигне до земјоделците. Досега поддршка добија околу 65.000, а тоа не е партиска бројка, изјави денеска во Охрид министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеноски пред почетокот на работилницата „Евроинтеграциските процеси во земјоделството“.
Словенечките експерти ги учат македонските власти - како македонското земјоделство да стане европско. Според нив, ефикасната администрација е клучен услов. Слично нешто беше посочено и во Извештајот на Европската Комисија - во институциите одоворни за аграрот има неефикасна администрација. Денеска во Охрид, министерот Спасеноски ги слушна словенечките искуства.
Министерот за земјоделство ги отфрли критиките искажани од одредени земјоделци и здруженија дека средствата од субвенциите не стигнуваат до земјоделците. „Секое евро од предвидените 45 милиони евра, ќе стигнат до земјоделците. До сега околу 65.000 земјоделци ги зеле субвенциите, а до крајот на месецот ќе заврши целосно исплатата на субвенциите“ рече министерот Ацо Спасеноски.
Поради лошата државна администрација и ненавременото формирање на надлежните институции, само индивидуалните земјоделци, а не и фирмите ги искористија парите од субвенциите. Компаниите побараа и тие, согласно законот да ги добијат предвидените пари. Индивидуалните земјоделци побргу ги добиваат парите од субвенциите за разлика од фирмите, кои досега немаат земено ниту денар по оваа основа.
Обидите на владата со стимулации во земјдолството да го зголеми производството и продажбата на земјоделските производи, не даваат резултати. Според официјалните податоци на заводот за статистика вкупната вредност на произведени и продадени земјоделски производи во септември е намалена за 1 процент во однос на истиот месец минатата година.
Наместо развоен, субвенциите за земјоделците имаат социјален карактер оценуваат агро бизнисмените и за наредната година бараат навремена исплата, правилна распределба и субвенционирање на други гранки. - Многу поплаки од теренот кажуваат дека луѓето не ги добиваат правовремено субвенциите и на фирмите особено правните субјекти сеуште не им се исплатени субвенциите - вели Зоран Даневски .
Почеток на ноември, а од 45 милиони евра субвенции, досега исплатени само 16 милиони. Најпогодени производителите на млеко. Одамна најавуваната субвенција од два денари за литар млеко, за сточарите само лага. „Субвенциите за предаденото млеко сеуште не се исплатени. Имаше таканаречена прва етапа и втора етапа.