TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Пенов каубојски го гради Плоштадот

Вест - 15.11.2003

УРБАНИСТИЧКИ ХАОС Во Комисијата за денационализација тврдат дека скопскиот градоначалник не само што е тотално неиформиран, туку го крши и Уставот и работи противзаконски на Плоштадот Градоначалникот на Скопје Ристо Пенов го крши Уставот и работи противзаконски на Плоштадот.

Градот ќе распише нов тендер за Калето

Дневник - 14.11.2003

ЗАШТИТА НА СКОПСКАТА ТВРДИНА Не сакам да се повтори состојбата со Камени мост, вели Васил Иљов, автор на проектот Градските власти најверојатно ќе распишат нов тендер за реставрација на западната порта и јужниот бедем на скопската тврдина, зашто на јавниот повик конкурирале само две фирми.

Пенов се обврза дека ќе го разубави Скопје

Дневник - 14.11.2003

НА ВРАЧУВАЊЕТО НА НАГРАДИТЕ "13 НОЕМВРИ" Градоначалникот повтори дека ќе изгради нов плоштад, мостови и спортска сала По повод 59 години од ослободувањето на Скопје, градоначалникот Ристо Пенов вчера на деветте годинашни добитници свечено им ги врачи најголемите награди на градот - "13 Ноември".

Трасата на Словенечка од чекање стана депонија

Вест - 13.11.2003

ГРАДОТ И ОПШТИНАТА НЕ МОЖАТ ДА СЕ ДОГОВОРАТ КОЈ ЌЕ ЈА ГРАДИ НОВАТА УЛИЦА Одговорните од Чаир чекаат Градот да им го побара проектот за улицата и да ја продолжи изградбата, а градската власт пак чека општината сама да им го достави Изградбата на новопроектираната улица Словенечка што жителите на ...

За Кале распишан тендер без проект

Вест - 13.11.2003

ЧУДНИ РАБОТИ СО РЕСТАВРАЦИЈАТА НА СИМБОЛОТ НА СКОПЈЕ Скопскиот градоначалник Ристо Пенов вели дека тендерот е и завршен но не може да се избере изведувачот,бидејќи Градот не ја знае цената за реставрацијата. Градскиот завод за заштита на спомениците на култура Градот се уште не избрал изведувач за ...

Пенов ќе ги врачи наградите "13 Ноември"

Дневник - 13.11.2003

ПО ПОВОД празникот Градоначалникот Ристо Пенов денеска напладне свечено ќе ги врачи наградите "13 Ноември" во големата сала на Советот на Скопје. Во рамките на свеченоста ќе настапи Женскиот младински хор на Младинскиот културен центар.

Спортската сала прескапа за Пенов

Вест - 12.11.2003

ПО ПЛОШТАДОТ, ПРОБИЕН РОКОТ ЗА ИЗГРАДБА И НА ДРУГИОТ ГОЛЕМ ПРОЕКТ НА СКОПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК Фирмите што се јавиле на тендерот понудиле превисоки цени за изградба на салата, па градот бара начин да ги намали или, пак, ќе го поништи тендерот, а тоа ќе го одложи почетокот на градбата Градоначалникот ...

Пенов на Плоштадот работи без дозвола

Вест - 11.11.2003

КОГА ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ СЕ РЕКОНСТРУИРА ПРЕКУ ТРУПА Градежната дозвола за поплочувањето доцни бидејќи две парчиња од Плоштадот по пат на денационализација им биле вратени на поранешни сопственици Градот се уште нема градежна дозвола за поплочувањето на плоштадот Македонија.

Пенов: Градот мора да добие поголеми надлежности

Утрински - 11.11.2003

реакција >„СегаШните општини и со новиот закон за Скопје добиваат сериозни надлежности во областа на урбанизмот, односно можност за издавање градежни дозволи, обврски во основното образование и во други домени. Но, законот бара и повеќе обврски во делот кој и досега беше ингеренција на градот.

Скопјани останаа без плоштад за Нова година

Дневник - 11.11.2003

раскопан центарот на главниот град Нова година скопјани заеднички ќе ја дочекаат на платото пред МНТ, зашто и покрај ветувањата на градоначалникот Ристо Пенов, дотогаш нема да биде завршено поплочувањето на раскопаниот плоштад "Македонија".

Поради скапите понуди - нов тендер

Дневник - 11.11.2003

СПОРТСКА САЛА И покрај најавите на градските власти, на 13 Ноември нема да почне изградбата на големата спортска сала. Градоначалникот Ристо Пенов потврди дека на тендерот не била избрана ниедна фирма зашто сите понудиле превисоки цени за изградба на објектот.

На 13 Ноември без камен-темелник за салата

Дневник - 10.11.2003

ПОНИШТЕН ТЕНДЕР На 13 Ноември, градоначалникот Ристо Пенов нема да ги постави темелите за големата спортска сала. Градските власти решиле да го поништат тендерот за изведувач на салата. Пред еден месец кога го претстави проектот за спортската сала кај хотелот "Александар палас", Пенов најави дека ...