УРБАНИСТИЧКИ ХАОС Во Комисијата за денационализација тврдат дека скопскиот градоначалник не само што е тотално неиформиран, туку го крши и Уставот и работи противзаконски на Плоштадот Градоначалникот на Скопје Ристо Пенов го крши Уставот и работи противзаконски на Плоштадот.
ЗАШТИТА НА СКОПСКАТА ТВРДИНА Не сакам да се повтори состојбата со Камени мост, вели Васил Иљов, автор на проектот Градските власти најверојатно ќе распишат нов тендер за реставрација на западната порта и јужниот бедем на скопската тврдина, зашто на јавниот повик конкурирале само две фирми.
НА ВРАЧУВАЊЕТО НА НАГРАДИТЕ "13 НОЕМВРИ" Градоначалникот повтори дека ќе изгради нов плоштад, мостови и спортска сала По повод 59 години од ослободувањето на Скопје, градоначалникот Ристо Пенов вчера на деветте годинашни добитници свечено им ги врачи најголемите награди на градот - "13 Ноември".
ГРАДОТ И ОПШТИНАТА НЕ МОЖАТ ДА СЕ ДОГОВОРАТ КОЈ ЌЕ ЈА ГРАДИ НОВАТА УЛИЦА Одговорните од Чаир чекаат Градот да им го побара проектот за улицата и да ја продолжи изградбата, а градската власт пак чека општината сама да им го достави Изградбата на новопроектираната улица Словенечка што жителите на ...
ЧУДНИ РАБОТИ СО РЕСТАВРАЦИЈАТА НА СИМБОЛОТ НА СКОПЈЕ Скопскиот градоначалник Ристо Пенов вели дека тендерот е и завршен но не може да се избере изведувачот,бидејќи Градот не ја знае цената за реставрацијата. Градскиот завод за заштита на спомениците на култура Градот се уште не избрал изведувач за ...
ПО ПОВОД празникот Градоначалникот Ристо Пенов денеска напладне свечено ќе ги врачи наградите "13 Ноември" во големата сала на Советот на Скопје. Во рамките на свеченоста ќе настапи Женскиот младински хор на Младинскиот културен центар.
ПО ПЛОШТАДОТ, ПРОБИЕН РОКОТ ЗА ИЗГРАДБА И НА ДРУГИОТ ГОЛЕМ ПРОЕКТ НА СКОПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК Фирмите што се јавиле на тендерот понудиле превисоки цени за изградба на салата, па градот бара начин да ги намали или, пак, ќе го поништи тендерот, а тоа ќе го одложи почетокот на градбата Градоначалникот ...
КОГА ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ СЕ РЕКОНСТРУИРА ПРЕКУ ТРУПА Градежната дозвола за поплочувањето доцни бидејќи две парчиња од Плоштадот по пат на денационализација им биле вратени на поранешни сопственици Градот се уште нема градежна дозвола за поплочувањето на плоштадот Македонија.
реакција >„СегаШните општини и со новиот закон за Скопје добиваат сериозни надлежности во областа на урбанизмот, односно можност за издавање градежни дозволи, обврски во основното образование и во други домени. Но, законот бара и повеќе обврски во делот кој и досега беше ингеренција на градот.
раскопан центарот на главниот град Нова година скопјани заеднички ќе ја дочекаат на платото пред МНТ, зашто и покрај ветувањата на градоначалникот Ристо Пенов, дотогаш нема да биде завршено поплочувањето на раскопаниот плоштад "Македонија".
СПОРТСКА САЛА И покрај најавите на градските власти, на 13 Ноември нема да почне изградбата на големата спортска сала. Градоначалникот Ристо Пенов потврди дека на тендерот не била избрана ниедна фирма зашто сите понудиле превисоки цени за изградба на објектот.
ПОНИШТЕН ТЕНДЕР На 13 Ноември, градоначалникот Ристо Пенов нема да ги постави темелите за големата спортска сала. Градските власти решиле да го поништат тендерот за изведувач на салата. Пред еден месец кога го претстави проектот за спортската сала кај хотелот "Александар палас", Пенов најави дека ...