TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Деца од Гораждевац повторно цел на терористички напад

А1 - 17.08.2003

Во српското село Гораждевац попладнево повторно беше стрелано кон пет деца, но при нападот немаше жртви. За разлика од пред пет дена, кога беа убиени двајца тинејџери, денеска беше стрелано од правец на селото Грабовац, населено со Албанци.

КФОР не може да им гарантира безбедност на сите

А1 - 16.08.2003

НАТО е шокиран со убиството на српските деца од Гораждевац и иако го осудува настанот, повтори дека КФОР сепак не може да им гарантира безбедност на сите жители на Косово. „Шокирани сме со злосторството. Меѓународната заедница стори огромен напор Косово и Метохија да бидат сигурно место за сите ...

ОН именуваа специјален обвинител за убиството во Гораждевац

Утрински - 16.08.2003

По грозоморното убиство на двете српски деца во Косово Новиот администратор на ОН за Косово, назначи специјален меѓународен обвинител да ја предводи истрагата во врска со оружениот напад кој се случи во средата и во кој две момчиња од српската заедница беа убиени.

Србија жали по убиените косовски деца

Дневник - 16.08.2003

ПО МАСАКРОТ КАЈ ГОРАЖДЕВАЦ Српската влада вчера прогласи ден на жалост, по стрелањето на две српски деца на плажа кај косовското село Гораждевац, јави Ројтерс. Гневни косовски Срби завчера во знак на протест по убиството на Пантелија Дакиќ (11) и Иван Јововиќ (20) го блокираа патот Ниш-Приштина.

Ден на жалост во спомен на жртвите од Гораждевац

А1 - 15.08.2003

Во Србија денеска е прогласен ден на жалост по повод завчерашното убиство на Пантелије Дакиќ (11) и Игор Јововиќ (19) во косовското село Гораждевац. Еден од шестмината повредени во нападот, Богдан Букумириќ (15) се наоѓа на Воената медицинска академија во Белград и се уште е во животна опасност.

Резолуцијата 1244 приоритет за Живковиќ и Холкери

А1 - 15.08.2003

Исполнувањето на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност е главна задача и цел на новиот специјален претставник на ОН за Косово, се согласиле денеска српскиот премиер Зоран Живковиќ и новименуваниот шеф на УНМИК Хари Холкери.

Две српски деца убиени на Косово, Белград бара седница на Советот за безбедност на ОН

Вест - 15.08.2003

Белград, 15 август (АП) - Двајца тинејџери загинаа, а шест други беа повредени во средата попладне во напад во околината на Пеќ, кој го изведоа непознат број лица скриени во грмушка. Тие отвориле оган од калашњиков врз група тинејџери, од кои повеќето биле Срби, додека тие се капеле во реката ...

Две српски деца застрелани додека пливале во река во Косово

Утрински - 15.08.2003

Србите се почесто се цел на насилнички напади и заплашувања од страна на Албанците Две момчиња од малцинската српска заедница во Косово се убиени во еден напад од страна на непознат напаѓач. Уште четири други се повредени во нападот, кој се случил кога децата пливале во реката која поминува во ...

Косовските Срби прашуваат: До кога ќе ни ги убиваат децата?

Дневник - 15.08.2003

по МАСАКРот ВО СЕВЕРНО КОСОВО Вооружени напаѓачи во српското село Гораждевац, убиле две деца, а уште едно се бори за живот Косово врие откако две српски деца беа изрешетани, а едно уште се бори за живот, по завчерашниот масакр кај Пеќ, кога напаѓачи пукале врз група српски деца што се капеле во ...

Борбата против тероризмот приоритет на Холкери

А1 - 14.08.2003

Новонаименуваниот шеф на УНМИК Хари Холкери изјави вечерва дека во текот на мандатот приоритети ќе му бидат борбата против организираниот криминал, тероризмот, меѓуетничкото насилство и заложба за развој на демократските институции и пазарно стопанство.

Убиени две српски деца додека се капеле близу Пеќ

А1 - 13.08.2003

Две млади лица загинале, а шест се повредени во денешниот напад во околината на Пеќ, кога непознат број лица скриени во грмушка отвориле оган од „калашњикот“ врз група тинејџери, од кои повеќето биле Срби, додека тие се капеле во реката Бистрица, во близина на селото Гораждевац, изјави денеска ...

Новиот шеф на УМНИК во посета на Косово

А1 - 13.08.2003

Новоименуваниот шеф на УНМИК Хари Холкери попладнево допатува во посета на Приштина, соопшти Мисијата на ОН во покраината. Холкери ќе се сретне со функционерите на УНМИК и со командантот на КФОР Фабио Мини, а за утре се планирани средби со претседателот на Косово Ибрахим Ругова, премиерот Бајрам ...