КУП НА ЕХФ, 2. КОЛО Македонскиот претставник во Купот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), Младост од Богданци, денеска во Брага, Португалија, е решен да победи против АБЦ Брага и покрај нерешениот резултат од првиот меч во Богданци минатата недела, 31-31. Ова е натпревар од 2.
ЕВРОПСКИ РАКОМЕТНИ КУПОВИ Вардар веќе се гледа во третото коло на Купот на победниците на куповите и уверува дека ПАОК вечерва во "Кале" (20.15, влез бесплатен) нема да биде способен да му ја прекина серијата од 19 меча без пораз.
Доколку сака да остане во еврокуповите, Младост од Богданци ќе мора да победи на гостувањето во Португалија, против АБЦ Брага. Пред една недела во Богданци на првиот меч резултатот беше 31-31. Иако оптимистички ја почнаа сезонава, богданчани нанижаа три порази по ред, од Металург, Вардар про и ...
Миодраг Мицковиќ Колку ги чини македонските клубови настапот во европските ракометни купови. Не добиваат никаков паричен надомест, ниту од Агенцијата за спорт и млади, ниту пак од Европската ракометна федерација. Дури се принудени токму нејзе да и платат котизација доколку сакаат да играат во еден ...
КУП НА ЕХФ, 2. КОЛО Ракометарите на Младост од Богданци одиграа нерешено против португалски АБЦ Брага, 31-31 (16-13) во мечот од 2. коло од Купот на Европската ракометна федерација (ЕХФ) и в сабота во Брага ќе се обидат да направат подвиг и да го продолжат натпреварувањето во Европа.
КУП НА ЕХФ, 2. КОЛО МЛАДОСТ - БРАГА 31:31 (16:13) БОГДАНЦИ. - Сала "Млаз". Гледачи: 1.000. Судии: Шал (Украина) и Азгаров (Азербејџан). МЛАДОСТ: Дупјачанец, Паунков, Лисичков, Банцалиски 8, Караиванов 8, Кирилов 4, Арнаудов 3, Подосинов 4, Телепњев 2, Василев 1, Роглев 1. Седмерци: 3-2.
Само една секунда ги делеше ракометарите на Младост од Богданци од победа против португалскиот претставник во Купот на ЕХФ, Брага, бидејќи водеа со 31:30. Меѓутоа, во таа последна секунда Андраде од далечина постигна гол заедно со звукот на сирената и мечот заврши без победник.