TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Убиен 15-годишен Палестинец во Газа

А1 - 23.02.2003

Едно 15-годишно момче е убиено и петмина други Палестинци се повредени при денешната операција на израелски војници во Беит Ханун, во северниот дел на Појасот Газа, соопштија палестински извори. Израелските сили во акцијата урнале куќа на активист на исламското движење Хамас.

Палестинците објавија прекин на Интифадата

А1 - 22.02.2003

Палестинското раководство донесе одлука за прекин на Интифадата за период од една година, изјави во Москва блискиот соработник на палестинскиот лидер Јасер Арафат, Махмуд Абаз, јавуваат агенциите. По средбата со рускиот министер за надворешни работи Игор Иванов, Абаз истакна дека доколку и по ...

„Четворката“ апелира на прекин на огнот во Израел

А1 - 21.02.2003

Претставниците на таканаречената „четворка“ - САД, Русија, ОН и ЕУ синоќа, по состанокот во Лондон апелира на момонтален прекин на израелско-палестинските судири. На состанокт на „четворката“ централна тема била усвојувањето на мировниот план во кој се предвидува создавање независна палестинска ...

Израелците го поделија појасот Газа на три зони

Утрински - 21.02.2003

По жестоките напади во текот на изминативе неколку дена ЕРУСАЛИМ - Израелската армија го подели појасот Газа на три одделни безбедносни зони и го зајакна ограничувањето за патување на Палестинците кои живеат таму. Чекорот следеше еден ден откако палестинските милитанти истрелаа проектили во Израел ...

Израелските сили го поделија Појасот Газа на три зони

А1 - 20.02.2003

Израелските војници изутрината убија еден вооружен Палестинец во Тулкарем на Западниот брег, откако го поделија Појасот Газа на три безбедносни зони. Според военото радио, Палестинецот е убиен откако група Палестинци отвориле оган кон ираелската војска.

11 палестинци загинаа во израелскиот напад во Газа

Вест - 20.02.2003

ГАЗА, 20 февруари (Ројтерс) - Израелски војници, тенкови и хеликоптери извеле вечерен напад врз милитанттните упоришта во Појасот Газа и убија 11 Палестинци. Еден исламски милитант вооружен со експлозивен појас истрчал преед една израелска вооружена единица извикувајќи: "Алаху акбар" или "Алах е ...

Убиени 11 Палестинци во појасот Газа

Утрински - 20.02.2003

Израелците извршиле силни напади во текот на ноќта ГАЗА - Сведоци и медицински лица вчера соопштија дека израелските сили, со тенкови и хеликоптери извршија силни напади во текот на ноќта врз упориштата на милитантите во појасот Газа, при што убија најмалку 11 Палестинци.

Израелски војници убија 11 Палестинци при напад во Газа

Дневник - 20.02.2003

ПРИ АКЦИЈА ЗА УНИШТУВАЊЕ ФАБРИКА Израелските сили за безбедност убија 11 Палестинци и ранија уште 40, прексиноќа, при операција во палестинскиот град Газа, јави МИА. Израелски војници, поддржани со 40 тенка, булдожери и хеликоптери навлегле во три палестински града, а во Газа со експлозив кренале ...

Нови жртви во Газа

А1 - 19.02.2003

Единаесет Палестинци се убиени, а над 40 се повредени во синоќешната операција на израелските сили за безбедност во градот Газа. Операцијата на израелските сили за безбедност, поддржани од 40 тенкови, булдожери и хеликоптери, започнала со навлегување во три поголеми палестински градови.

Убиен лидерот на военото крило на Хамас

Вест - 18.02.2003

Тел Авив, 18 февруари - Лидерот на военото крило на Хамас Ријад абу - Зед вчера убиен во Појасот Газа. Тој прво беше ранет во по што подоцна им подлегнал на повредите во една израелска болинца. Палестински извори наведуваат дека врз автомобилот во кој се возел Абу-Зед било пукано од заседа во ...

Шест члена на Хамас убиени во чудна експлозија

Утрински - 18.02.2003

За време на безредијата што се случија во појасот Газа ГАЗА - Израелските сили вчера убија двајца Палестинци во престрелки со напаѓачи за време на безредијата што се случија пред зори во појасот Газа, во кои ја кренаа во воздух куќата на еден милитант кој се верува дека е одговорен за ...

Убиен лидерот на военото крило на Хамас

А1 - 17.02.2003

Израелските војници изутрината убија двајца Палестинци во градот Газа, во операцијата на најмалку 30 израелски тенкови и оклопни возила и два булдожери, соопштија палестински извори. Во акцијата е ранет лидерот на военото крило на Хамас, Ријад Абу Зед, по што подоцна им подлегнал на повредите во ...