TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Европскиот Устав на референдум пред Французите

А1 - 29.05.2005

Европскиот Устав денеска на референдум пред Французите. Последните анкети покажуваа дека повеќе од 50% од 42 милиони регистрирани гласачи ќе се изјаснат против највисокиот европски правен акт. Резултатите од референдумот ќе бидат познати вечерва.

Уставот за малку нема да помине?

Време - 28.05.2005

ФРАНЦИЈА Францускиот претседател Жак Ширак завчеравечер и се обрати на нацијата со молба да не го отфрла предложениот Устав на Европската Унија само затоа што е лута на француската влада. - Во прашање се вашата иднина и иднината на важите деца, иднината на Франција и иднината на Европа.

Германскиот парламент гласаше "за" европскиот устав

Вест - 28.05.2005

БЕРЛИН (Ројтерс) - Горниот дом на германскиот парламент (Бундесрат) со огромно мнозинство вчера го одобри новиот устав на Европската Унија во гласањето темпирано да ги охрабри француските гласачи да го сторат истото на нивниот референдум во недела.

Скепска дека ќе се промени ставот на Французите за Уставот на ЕУ

Утрински - 28.05.2005

По апелот на францускиот претседател Ширак за прифаќање на европскиот документ ПАРИЗ - Француските новинари вчера не беа убедени дека ТВ-апелот на претседателот Жак Ширак беше доволен да го промени очекуваното отфрлање на европскиот Устав од страна на Французите.

Ширак ќе го лекува Уставот на ЕУод францускиот куршум?

Дневник - 28.05.2005

СПРОТИ РЕФЕРЕНДУМОТ В НЕДЕЛА Францускиот претседател Жак Ширак ќе бара од европските партнери да продолжат да го ратификуваат првиот Устав на ЕУ, дури и ако Французите утре на референдум станат првите што го отфрлиле документот, тврди британскиот весник "Тајмс".

Ако Франција рече “не”- уставот е мртов!

Вечер Прес - 28.05.2005

Отфрлувањето на Уставот на Европската унија на утрешниот референдум во Франција , ќе ја турне унијата во институционална и политичка криза, од која излезот нема да биде лесен. Ова е оценка на најголемиот дел од аналитичарите во Брисел, кои додаваат дека ЕУ нема план “Б” за случај на “не” за ...

ЕУ нема план ако се отфрли Уставот

А1 - 27.05.2005

Отфрлувањето на Уставот на Европската унија на референдумот во Франција закажан за в недела и три дена подоцна во Холандија, ќе ја турне унијата во институционална и политичка криза, од која излезот нема да биде лесен. Ова е оценка на најголемиот дел од аналитичарите во Брисел, кои додаваат дека ЕУ ...

Германскиот парламент го одобри Европскиот устав

А1 - 27.05.2005

Германскиот Бундесрат (горниот дом на парламентот) денеска го ратификуваше Европскиот устав. Во присуство на поранешниот француски претседател Валери Жискар д’Естен, кој го раководеше Конвентот, што го изработи уставниот договор на Европската унија, членовите на Бундесратот го ратификуваа договорот.

54 отсто од Французите се против Европскиот устав

Вест - 27.05.2005

Три дена пред референдумот за Европскиот устав, 54 отсто од Французите изјавуваат дека ќе гласаат против, додека 46 отсто ќе го поддржат, посочуваат резултатите од анкетата на весникот "Монд" и телевизиските канали РТЛ и ЛСИ.

Француското "не" за уставот на ЕУ ќе одекне како експлозија

Дневник - 27.05.2005

луксембург ПРЕДУПРЕДУВА Премиерот на Луксембург и актуелен претседавач на ЕУ, Жан Клод Јункер, предупреди на катастрофа ако Французите го отфрлат уставот на Унијата на референдумот в недела, јави Макфакс. - Ако Франција в недела каже "не", тоа би било катастрофа за Франција, за (претседателот Жак) ...

54% французи против европскиот Устав

А1 - 26.05.2005

Три дена пред референдумот за Европскиот устав, 54% од Французите изјавуваат дека ќе гласаат против, додека 46% ќе го поддржат, посочуваат резултатите од анкетата на весникот „Монд“ и телевизиските канали Ер-Те-Ел и Ел-Се-И. Анкетата, спроведена на 23 и 24 мај, е 11-та по ред, која дава предност на ...

Францускиот и холандскиот табор против Уставот се во предност

Утрински - 26.05.2005

И покрај силните дипломатски апели до француските и холандските гласачи Новата анкета објавена во "Пари мач° покажа дека 54 отсто од Французите што ќе гласаат ќе го отфрлат Уставот ПАРИЗ/ ХАГ - Холандскиот премиер Јан Петр Балкененде во вторникот апелираше до француските и холандските гласачи да го ...

Австрија го ратификуваше европскиот Устав

А1 - 25.05.2005

Австрија денеска стана осма членка на Европската унија што го ратификува европскиот Устав, откако документот доби зелено светло во Горниот дом на парламент. Пред две недели европскиот Устав мина и во долниот дом на австрискиот парламент.

Зошто Французите не го сакаат уставот на ЕУ?

Време - 25.05.2005

РЕПОРТАЖА НА БРИТАНСКИОТ ВЕСНИК „ИНДИПЕНДЕНТ“ ОД ПРЕДРЕФЕРЕНДУМСКА ФРАНЦИЈА Ил де Франс. Овој дел од Франција би можел да се вика Њу Џерси-на-Сена. Збир од предградија на западниот дел на париската метропола полн со фабрики, деловни канцеларии, трговски центри и десетици илјади куќарки се ...

Данците се премислија

Дневник - 24.05.2005

УСВОЈУВАЊЕ НА УСТАВОТ НА ЕУ Повеќето Данци најверојатно ќе гласаат за усвојување на првиот Устав на Европската Унија на референдумот на 27 септември, иако до неодамна тие беа една од ретките нации што се противеа, јави МИА. Нова анкета покажува дека 45 отсто од Данците се решени да гласаат за ...

Француското одбивање ќе ја врати ЕУ 20-30 години назад

Утрински - 23.05.2005

Премиерот на Луксембург, Жан Клод Јункер ЛУКСЕМБУРГ - Евентуалното одбивање Франција да го поддржи европскиот Устав на референдумот на 29 мај ќе ја врати Европската унија 20-30 години назад. Ова го изјави премиерот на Луксембург, Жан-Клод Јункер, кој претседава со ЕУ.

Таборот за француското „не" протестрираше во Париз

Утрински - 23.05.2005

Противниците на европскиот Устав уште се во водство пред референдумот на 29 мај Левоориентираната алијанса истакнува дека договорот за уставот ќе доведе до пропаѓање на благосостојбата на Франција ПАРИЗ - Неколку илјади луѓе се собраа во центарот на Париз за да ја поддржат кампањата ?против" за ...

Француското "не" ќе ја парализира Унијата

Дневник - 23.05.2005

ПОЛИТИЧКАТА ЕЛИТА НА БРИСЕЛ ПРЕДУПРЕДУВА Француското "не" за европскиот устав ќе ја парализира Европската Унија, предупредува високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана во неговиот авторски текст објавен во германскиот "Билд", јави МИА.