Преодната ирачка влада ќе им понуди амнестија на сите Ирачани кои од „очајот во кој се нашле поради новата ситуација“ делувале против коалиционите сили, но кои притоа не сториле никакво злосторство, изјави ирачкиот премиер Ијад Алави за лондонскиот весник „Индепендент он Сандеј“.
Експлозија на бомба одекна денеска во седиштето на партијата Национална слога на ирачкиот премиер Ијад Алави во северноирачкиот град Бакуба. „Третиот кат на зградата каде што се наоѓа седиштето на Национална слога е целосно разрушен во експлозијата“, изјави еден очевидец на настанот.
ПРЕД ТРАНСФЕРОТ НА ВЛАСТА По завчерашните крвави судири, во сунитските делови на Ирак се водат помали престрелки, а билансот се искачи на околу 90 загинати и 320 повредени. Борбите во градовите Мосул, Бакуба, Рамади и Фалуџа беа најтежок напад врз американските сили и ирачката полиција во ...
Државниот секретар на САД, Колин Пауел, за развојот на настаните во Ирак Соединетите Американски Држави признаа дека се соочуваат со сериозни проблеми со бунтовниците во Ирак, само неколку дена пред предавањето на власта закажано за 30 јуни.
ЗАКАНИ ДО ИРАЧКИТЕ БУНТОВНИЦИ Ирачкиот министер за внатрешни работи Ијад Алави се закани дека полицијата ќе го скрши отпорот на баатистите и на странските платеници, кои ги обвини за завчерашниот масакр кога при самоубиствени бомбашки напади беа разнесени стотина луѓе, јави Ројтерс.
Двајца Ирачни загинаа, а седуммина се повредени во меѓусебна престрелка меѓу сунитските бунтовници и американските сили во Фалуџа. Престрелката почнала по полноќ и со мали прекини траела до утрово. „Американската авијација вчера во Фалуџа фрли десет бомби од по 250 килограми со ласерско ...
Околу сто лица се убиени, а неколку стотини ранети во вчерашните терористички напади во пет ирачки градови. Портпаролот на коалицијата соопшти дека 62 лица се убиени во Мосул каде што нападите биле дело на атентатори-самоубијци, а меѓу 20 и 30 во Бакуба.
БАГДАД, 25 јуни, (Ројтерс) - Бунтовниците кои сакаат да го попречат предавањето на ирачката власт вчера предизвикаа крвопролевање во пет града со координирани напади врз локалните безбедносни сили во кои загинаа речиси 75 луѓе, меѓу кои и тројца американски војници.
Бунтовниците во Ирак вчера извршија неколку координирани напади Во Мосул се случија повеќе напади со автомобили-бомби во кои загинаа најмалку 44 лица БАГДАД - Бунтовниците вчера направија пустош во пет ирачки града, со координирани напади со автомобили-бомби и напади врз локалните сили за ...
Претседателот на привремената ирачка Влада Ијад Алави, со омаловажување ја примил смртната закана од озлогласениот ирачки терористички лидер Абу Муаб ал Заркави, јави МИА. - Тој уби стотици Ирачани, донесе неред и страв. Научени сме на закани и знаеме како да излеземе на крај со нив - изјави Алави, ...
КООРДИНИРАНИ НАПАДИ ВО ИРАК Нападите во Бакуба, Фалуџа, Рамади, Мосул и во Багдад се извршени само една недела пред планираниот крај на сојузничката окупација Најмалку 75 луѓе загинаа, а 260 се ранети во низа координирани напади од терористичката група на Абу Мусаб ал Заркави во пет ирачки града, ...
Водачот на терористите Абу Мусаб ел Заркави се закани со ликвидација на претседателот на привремената ирачка Влада Иљад Алави, информира италијанскиот весник „Ил џорнале“, оценувајќи дека Алави со омаловажување ја примил оваа закана. Алави рече дека Заркави е криминалец кој ќе биде уапсен и осуден.
Најмалку 75 луѓе загинаа, меѓу кои тројца американски војници, а повредени се околу 260 лица во серијата координирани напади на ирачките бунтовници врз безбедносните сили во четири градови во северозападниот дел на Ирак. Најновите напади се случија само 6 дена пред коалиционите сили да им ја ...
Ирак БАГДАД - Исламистички милитанти вчера се заканија дека ќе го убијат привремениот премиер на Ирак, неколку часа откако јавија дека му ја отсекле главата на јужнокорејскиот залложник, во насилничките припреми за предавањето на власта на Ирачаните.
ФАЛУЏА, 21 јуни (Ројтерс) - Вчера ирачкиот премиер застана во одбрана на американскиот воздушен напад во кој загинаа 22 луѓе во Фалуџа, но ирачки полицајци во градот велат дека загинатите се жени и деца, а не исламски милитанти. "Знаеме дека е погодена куќа која ја користеле терористи.
Воздушен напад во Ирак во кој загинаа 22 лица Според ирачки офицери, меѓу загинатите има жени и деца наместо странски муслимански милитанти, како што се тврдеше претходно ФАЛУЏА - Ирачкиот премиер вчера застана во одбрана на американскиот воздушен напад што се случи во Фалуџа, а во кој загинаа 22 ...