TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ПДП под команда на Ахмети омекнува за преамбулата

А1 - 04.11.2001

Лидерите на ДПА, на ПДП и на НДП, Арбен Џафери, Имер Имери и Кастриот Хаџиреџа на синоќешната тајна средба во тетовското село Шипковица со поранешниот политички лидер на веќе распуштената ОНА, Али Ахмети, ги усогласувале ставовите пред утрешната седница на Собранието во врска со дополнителните ...

Седница на парламентот утре

А1 - 04.11.2001

Седницата на парламентот на која се разгледуваат предложените промени на уставот ќе продолжи утре, соопшти претседателот на собранието Стојан Андов. Тој изјави дека парламентот ќе продолжи да работи и во вторник, а за в четврток се планира собранието да ја заокружи седницата со усвојување на целиот ...

Преамбулата ја докажува полинационалната држава

А1 - 03.11.2001

„Новиот текст на преамбулата на Уставот на Македонија ја докажува полинационалната држава“, изјави во интервју за денешниот број на скопскиот весник на албански јазик „Фљака“ потпретседателот на Демократската партија на Албанците, Илијаз Халими.

Ако не гласаат Албанците, нема потреба од нов Устав

Вест - 03.11.2001

СПИКЕРОТ АНДОВ СО НОВА ФОРМУЛА ЗА ИЗГЛАСУВАЊЕ НА АМАНДМАНИТЕ "Целата уставна реформа беше иницирана по барање на партиите на Албанците, ако тие не гласаат, што ќе ни е тогаш реформата", рече Андов, објаснувајќи го со тоа прекинот на собраниската седница за изгласување "Ако две третини од ...

Чае шукарие

Вест - 03.11.2001

САКАМ ДА КАЖАМ Во Македонија Шпанците се Роми, а Шкотите се Власи 1 Оној Хавиер Солана треба да си ги побара парите назад од експертите што се мачеа со Уставот. Љубомир Фрчкоски и Владо Поповски да го вратат хонорарот за напорната работа во Охрид и за интензивната дружба со Борис.

Андов во клин, ПДП во плоча!

Дневник - 03.11.2001

СОБРАНИСКАТА ДЕБАТА ЗА УСТАВНИТЕ ПРОМЕНИ ПРОДОЛЖУВА В ПОНЕДЕЛНИК Странците предупредуваат - Македонија ќе се извлече од банкрот само ако Уставот се промени до 15 ноември Финалето на собраниската дебата за уставните промени, одложено за в понеделник поради денешниот христијански празник Задушница, ...

Седницата продолжува во понеделник

А1 - 02.11.2001

Првиот парламентарец повторно предупреди на целисходност од усвојување на измените на уставот доколку за нив не гласаат најмалку две третини од пратениците од партиите на Албанците. „Целата приказна за амандманите е на барање на Албанците.

Солана му понудил на Џафери уште еден мандат

Вест - 02.11.2001

КАКО ЕВРОПСКИОТ ПРЕТСТАВИК ГО УБЕДИЛ ЛИДЕРОТ НА ДПА ДА ЈА ПРИФАТИ ПРЕАМБУЛАТА "Што велите за уште еден мандат ?!", му рекол Солана на Џафери, убедувајќи го да го прифати најновиот предлог текст за Преамбулата и гарантирајќи му поддршка од странство Високиот претставник на ЕУ за зедничката ...

ПДП и вчера атакуваше на преамбулата

Дневник - 02.11.2001

СОБРАНИЕ Уставната комисија вчера ги поддржа и последните три предлог-амандмани доставени од предлагачот на уставните промени, претседателот Борис Трајковски. Амандманите се однесуваат на заштитата на културното и историското богатство на Македонија, на составот и начинот на избор на судиите на ...

ВМРО—ДПМНЕ и Андов го замрзнаа учеството во парламентарниот процес

Дневник - 02.11.2001

ДОДЕКА НЕ ПРЕСТАНАТ НАСИЛСТВАТА И ПДП НЕ СЕ ПРЕМИСЛИ Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ веќе нема да присуствуваат на седниците додека не престанат инцидентите, а Андов нема да ги прогласи уставните промени доколку не се поддржани од две третини од пратениците-Албанци На собранискиот процес на уставните ...

Нема усвојување на амандмани без ПДП

А1 - 01.11.2001

Претседателот на македонскиот парламент предупреди денеска дека амандманите за измени на уставот нема да бидат донесени доколку за нив не гласаат и пратениците од редовите на ПДП. „Решението на кризата е токму во тоа сите да гласаат за измени на уставот на земјата.

На седницата за промена на Уставот секој влече на своја страна

А1 - 01.11.2001

Парламентот ја продолжи расправата за предложениот пакет од 15 амандмани за измени на Уставот на земјата. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Чедомир Краљевски, соопшти дека пратениците од оваа партија нема да учествуваат на утрешната седница на Собранието поради пукањето на теренот, ...

Уставната комисија го заврши својот дел од работата

А1 - 01.11.2001

Собраниската комисија за уставни прашања ги поддржа преостанатите три, од вкупно 15 амандмани на уставот. Амандманот девет се однесува на заштитата на културното наследство, амандманот петнаесет на процедурата на избор на судии во уставниот суд, а последниот е посветен на начинот на измена на ...

Нов план на Андов против амандманите

Вест - 01.11.2001

СПИКЕРОТ ЕДЕН ПО ЕДЕН ГИ БРИФИРА НОВИНАРИТЕ СО НОВА ПРИКАЗНА ШТО БИ ГО СПАСИЛА НЕГО И НЕГОВИОТ НАЛОГОДАВЕЦ Идејата прогласувањето на амандманите да се остави за некој нареден собраниски состав, погубна за државата, но смиксана за да се подобри рејтингот на спикерот Стојан Андов и премиерот Љубчо ...

Пратеникот Бошков бара во Преамбулата да влезат и Русите и Украинците

Вест - 01.11.2001

УСТАВНА КОМИСИЈА На почетокот на минатиот век, видни руски и украински уметници дејствувале во Македонија и дале придонес во духовното и клутурно издигнување на македонската нација, па затоа треба да ги има во Уставот Собраниската Комисија за уставни прашања, вчера поддржа уште три амандмани ...

ПДП ги одбива амандманите за да го "испазари" тетовскиот универзитет

Дневник - 01.11.2001

ДИПЛОМАТСКИ ИЗВОРИ ВО МАКЕДОНИЈА ТВРДАТ Мора да се најде решение за тетовскиот универзитет, бидејќи таму се школуваат 15.000 студенти - ни изјавија во ПДП Партијата за демократски просперитет се обидува пред следните парламентарни избори да си го зголеми рејтингот, а како адут го користи ...

Амандманот за преамбулата помина без "благослов" од ПДП

Дневник - 01.11.2001

НА СЕДНИЦАТА НА УСТАВНАТА КОМИСИЈА Оваа партија најави нови амандмани, а Андов објави дека уставните промени ќе бидат прогласени на 12 ноември Уставната комисија на вчерашната седница ги поддржа трите предлог- амандмани што се однесуваат за преамбулата, за положбата на верските заедници и за ...

За куќата и договорот

Дневник - 01.11.2001

Коментар - Жарко Јорданоски Ја знаете ли приказната за еден итроманец што ја продавал својата куќа многу евтино, но под еден услов - еден клин во дневната соба да остане во негова сопственост? Еден наивен се полакомил: "Што може да ми пречи еден туѓ клин".

Продолжи расправата за уставните измени

А1 - 31.10.2001

Продолжи расправата за целиот пакет од 15 амандмани, доставени од претседателот Трајковски, вклучувајќи ги и двата „најчувствителни“ - за преамбулата и статусот на Македонската православна црква. Паламентарците веќе подолго време изгледаат здодевни и истрошени.

Ќе се усвои ли денеска пакетот амандмани за промена на Уставот

А1 - 31.10.2001

Членовите на уставната комисија со мнозинство гласови денеска го прифатија новиот текст на амандманот за преамбулата на уставот во кој е внесена одредницата „македонски народ“, што попладнево ќе се најде на разгледување и на седницата на парламентот.

Андов: Со или без ПДП, Собранието оди напред

Вест - 31.10.2001

ПРОСПЕРИТЕТОТ НЕ ЈА ПРИФАЌА НОВАТА ПРЕАМБУЛА Изгласувањето на уставните амандмани, според спикерот на законодавниот дом Стојан Андов, треба да заврши до осми ноември ПДП не ја прифаќа најновата формулација за Преамбулата и измената на амандманот што го регулира статусот на верските заедници во ...

ПДП не ги прифаќа преамбулата и амандманот за верските заедници

Дневник - 31.10.2001

ПРЕД ФИНАЛНАТА СОБРАНИСКА РАСПРАВА Модификацијата на овие два предлог-амандмани, според ПДП, била спротивна на заложбата за градење на Македонија како граѓанска држава ПДП не се согласува со новата верзија на амандманите што се однесуваат на преамбулата и на положбата на верските заедници, но ќе ...

Андов ќе ги распушти пратениците пред да ги прогласат амандманите?!

Дневник - 31.10.2001

УШТЕ ЕДЕН ПЛАН ЗА БЛОКИРАЊЕ НА ОХРИДСКИОТ МИРОВЕН ДОГОВОР Спикерот ќе побрза до крајот на ноември да ги распише изборите за 27 јануари, а пратениците, според тајните директиви, дотогаш треба да го одложуваат прогласувањето на усвоените уставни амандмани Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на некои други ...

Преамбулата не треба да се менува - заеднички став на ДА и ВМРО Вистинска

А1 - 30.10.2001

Тесните раководства и парламентарните групи на ДА и ВМРО Вистинска се договорија за заеднички настап околу усвојувањето на амандманите за промена на уставот, предложени од претседателот Трајковски. И двете партии стојат на иста страна дека преамбулата на уставот не треба да се менува, бидејќи со ...

ПДП ја одби најновата предлог преамбула

А1 - 30.10.2001

ПДП и официјално потврди дека не се согласува со понудените решенија во амандманите за преамбулата и верските заедници. Со оваа одлука на Просперитетот напорите да се заокружи политичкиот процес со усвојувањето на договорените уставни измени повторно се пред блокада.

Преамбулата ги подели Албанците

Вест - 30.10.2001

ЗА СРЕДА ЗАКАЖАНА СОБРАНИСКА ДЕБАТА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДПА ја прифаќаат најновата формулација на Преамбулата на Уставот на Македонија, а ПДП се уште е резервирана Пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА ја прифаќаат најновата формулација на Преамбулата на Уставот на ...

Новата преамбула по мера на сите

Дневник - 30.10.2001

Продолжува политичкиот процес ПДП денеска треба да донесе конечен став во врска со предложената преамбула, Имери под притисок на членството Уставната комисија денеска ќе ги разгледува останатите шест амандмани доставени од претседателот Борис Трајковски, меѓу кои се и амандманот за преамбулата и ...

Освен од ПДП, преамбулата доби партиска поддршка

А1 - 29.10.2001

Новиот текст на преамбулата усогласен на крајот на минатата недела има поддршка од партиите потписнички на рамковниот договор, со исклучок на Партијата за демократски просперитет, која има отворени резерви. Во конечниот предлог на амандманот за преамбулата се внесени и Бошњаците.

Собраниската комисија за уставни прашања ја одложи расправата по амандманите

А1 - 29.10.2001

Денеска собраниската комисија за уставни прашања ја одложи расправата по амандманите по барање на ПДП, чиј висок партиски функционер и заменик министер за образование Сабри Асани почина ненадејно вчера. Ова било и причина заради која претседатлството на ПДП до денешната седница на комисијата не ...

Имери незадоволен, зашто Албанците биле изедначени со другите нерелевантни малцинства

Вест - 29.10.2001

НАЈНОВАТА ФОРМУЛАЦИЈА НА ПРЕАМБУЛАТА ЌЕ ГО ЗАБРЗА ИЗГЛАСУВАЊЕТО НА УСТАВНИТЕ АМАНДМАНИ Новиот текст на Преамбулата не е во интерес на Албанците, смета лидерот на ПДП Имер Имери, и гласањето го условува со државен универзитет на албански јазик "Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, ...

Промените ќе се изгласаат до 15 ноември

Дневник - 29.10.2001

СИТЕ УСТАВНИ АМАНДМАНИ СТАСАА ВО СОБРАНИЕТО Лидерите на четирите големи партии најавија согласност за новата формулација на преамбулата Претседателот Борис Трајковски во саботата му ги достави и последните два предлог-амандмана на претседателот на Собранието Стојан Андов.