TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Новковски вели дека средношколскиот лидер е психичке малтретиран

Вест - 26.10.2002

"Јавниот обвинител на Република Македонија Ставре Џиков треба да поведе постапка против претседателот на државата Борис Трајковски, градоначалникот на Скопје Ристо Пенов и Трифун Костовски за психичко малтретирање на претседателот на Средношколската унија Александар Николовски и за злоупотреба на ...

Албанци претепале ученици Македонци во автобус

Вест - 26.10.2002

НАСИЛСТВО Два случаи на претепување на ученици-Македонци од повозрасни Албанци биле регистирани завчера, во попладневните часови во скопските населби Нерези и Чаир. Првиот инцидент се случил околу 14 часот, на булеварот "Никола Карев" кога дваесетчлена група упаднала во автобусот број 65 што ...

Полицијата ги смирува меѓуетничките тензии на скопските средношколци

Утрински - 26.10.2002

По завчерашните многубројни тепачки на млади луѓе во различни делови на главниот град Жаклина Ѓорѓевиќ Скопје вчера навидум се смири, откако во изминатите три дена жителите на овој град беа вчудовидени и вознемирени поради многубројните тепачки меѓу средношколците - Албанци и Македонци.

Новковски: Трајковски, Костовски и Пенов го малтретираат Николовски

Утрински - 26.10.2002

ОДБРАНА "Средношколците имаат право да ги бараат своите права и да се организираат надвор од училиштето", изјави вчера министерот за образование и наука на Република Македонија во оставка, Ненад Новковски, во врска со средношколскиот протест по повод убиството на Ванчо Јосифовски од Тетово.

Tензиите полека се смируваат

А1 - 25.10.2002

За два дена, заедно со средношколските протести, вкупниот биланс е 11 повредени. Скопската полиција тврди дека денеска тензиите се смирени и нема инциденти. Вчера попладне во скопската населба Чаир е застрелан 17-годишниот Виктор Ј., кој бил ранет во двете нозе.

Средношколскиот лидер кај ВМРО-ДПМНЕ

Вест - 25.10.2002

Лидерот на Средношколската унија на Македонија Александар Николовски, вчера околу пладне беше забележан како влегува во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Николовски се збуни кога ги виде новинарите, па не сакаше веднаш да влезе во седиштето.

Албанци избодеа четворица средношколци - Македонци

Вест - 25.10.2002

УЛИЧНОТО НАСИЛСТВО ВО СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА На паркиралиштето пред Универзитетот " Свети Кирил и Методи", бил претепан Здравко Јовчевски, а на меѓуградската автобуска станица во масовна тепачка со нож биле избодени четири момчиња Група од 10 деца од албанска националност, на возраст меѓу 14 и 16 ...

Пенов ќе бара кривична одговорност од средношколецот Александар Николовски

Вест - 25.10.2002

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СКОПЈЕ ГО ОСУДИ ЗАВЧЕРАШНОТО СРЕДНОШКОЛСКО ДИВЕЕЊЕ Градоначалникот на Скопје смета дека лидерот на Средношколската унија ја сноси целата одговорноста за тоа што се случи во средата на скопските улици, кога од македонски средношколци беа повредени 5-6 случајни минувачи кои им ...

Средношколците злоупотребени во политички цели

Утрински - 25.10.2002

Реакции по завчерашните случувања на протестите во Скопје Првиот човек на Скопје, градоначалникот Ристо Пенов ги осуди протестите на средношколците кои наместо да му изразат достојна почит на подмолно убиениот Ванчо Јосифовски од Тетово, беснееја низ главниот град.

Уличен реваншизам на албанските средношколци во Скопје

Утрински - 25.10.2002

По завчерашните инциденти за време на протестите на учениците, нови насилства во главниот град Организирани групи средношколци-Албанци вчера напаѓаа и повредија неколку минувачи-Македонци по скопските улици, а беа каменувани и искршени и неколку автобуси на ЈСП, како резултат на нивниот револт ...

На тепачките во центарот на Скопје им претходел инцидент на Бит-пазар

Дневник - 25.10.2002

ГНЕВОТ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ НЕ БИЛ БЕЗ ПОВОД Тепачките што се случија при завчерашните средношколски протести биле мотивирани од претходен инцидент што се случил на автобуска станица кај Бит-пазар. - Не сакаме да го оправдаме тоа што се случи, но нервозата кај демонстрантите ја зголеми инцидентот кај ...

Градоначалникот Пенов бара казна за учениците-насилници

Дневник - 25.10.2002

ПО ПРОТЕСТИТЕ НА СРЕДНОШКОЛЦИТЕ Скопскиот градоначалник Ристо Пенов ќе бара казна за сите што учествувале во насилствата за време на протестот на средношколците, настан од кој, според него, треба сите да се срамиме. - Во Скопје вчера беше срамно да се биде скопјанец.

Албанци одмазднички претепале десетина Македонци

Дневник - 25.10.2002

НОВИ НАСИЛСТВА НИЗ СКОПЈЕ Група малолетни Албанци претепале едно момче од македонска националност пред Универзитетот "Свети Кирил и Методиј". Друга група Албанци нападнале четири Македонци на автобуската станица спроти МАНУ, а трета група влетала во автобус на ЈСП во населбата Автокоманда и ...

Интензивна полициска истрага за средношколското дивеење

А1 - 24.10.2002

Полициската истрага за вчерашното дивеење кое се случи на средношколските протести се одвива интензивно, но засега без резултати за идентитетот на малолетните хулигани кои претепаа пет случајни минувачи, велат во скопската полиција.

Пенов и Трајковски згрозени од средношколските протести

А1 - 24.10.2002

„Вчерашните случувања во Скопје се срамен чин со политичка заднина“, смета градоначалникот Ристо Пенов, кој бара јавниот обвинител да му поднесе кривична пријава на организаторот на протестите, а ако не, тој ќе го стори тоа. Повикувајќи ги средношколците да не подлегнуваат на инструментализација за ...

Сочувството се претвори во дивеење на средношколците

Вест - 24.10.2002

МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ПО ПОВОД УБИСТВОТО НА МАТУРАНТОТ ВО ТЕТОВО За само два часа, колку што траеја протестите, средношколците каменуваа два приватни автобуса на линиите "9" и "23", искршија неколку излози, претепаа 5 - 6 случајни минувачи, кои им заличиле на етнички Албанци и оштетија неколку ...

Претепан средношколец

Вест - 24.10.2002

ЗАВЧЕРА ВО КРУГОТ НА СРЕДНОТО МЕДИЦИНСКО УЧИЛИШТЕ Д-Р "ПАНЧЕ КАРАЃОЗОВ"ВО СКОПЈЕ Во кругот на средното медицинско училиште "Панче Караѓозов" завчера, околу пладне, бил нападнат и претепан ученикот А.Ш. од неколкучлена група засега непознати насилници.

Протестите излегоа од контрола-напаѓани минувачи-Албанци

Утрински - 24.10.2002

СРЕДНОШКОЛЦИ Четворица случајни минувачи настрадаа, а петмина средношколци беа приведени на информативен разговор за време на вчерашните средношколски протести во Скопје, организирани по повод убиството на осумнаесетгодишниот тетовец Ванчо Јосифовски, менувањето на имињата на училиштата со албански ...

Николовски: Македонија личи на Израел, а Тетово на Газа

Утрински - 24.10.2002

Според лидерот на Средношколската унија на Македонија Александар Николовски, лидер на Средношколската унија на Македонија, вчера потенцираше дека во протестите учествувале од 15.000 до 20.000 средношколци. -Ова не е братоубиствена војна.

Средношколците тепаа Албанци по Скопје

Дневник - 24.10.2002

СРЕДНОШКОЛСКИОТ ПРОТЕСТ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ХУЛИГАНСКИ БЕЗРЕДИЈА Протестите организирани во помен на убиениот тетовски средношколец Ванчо Јосифовски се претворија во неколкучасовен хаос, во кој средношколците напаѓаа случајни минувачи Повеќе од 15.000 средношколци Македонци вчера демонстрираа во Скопје, ...

Средношколците беа на погрешен час

Дневник - 24.10.2002

Коментар - Цветин Чилиманов Протестите на средношколците, кои беа најавени како одговор на кукавичкото убиство на нивниот соученик Ванчо Јосифовски во Тетово, се претворија во час по хулиганство. Никој не оспорува дека Македонците во кризните подрачја имаат сериозни проблеми со банди на Албанци што ...

Средношколски протести со насилство

А1 - 23.10.2002

Најмалку 4 лица се повредени, а 6-мина средношколци се приведени од полицијата денеска за време на масовните средношколски протести што се одржаа во Скопје и други градови во земјата во знак на револт поради убиството на тетовскиот матурант Ванчо Јосифовски.

Да се казнат убијците на Ванчо

Вест - 23.10.2002

ПРОТЕСТ ВО ТЕТОВО Вчера претпладне повеќеод 500 ученици Македонци, од сите пет средни училишта ги напуштија часовите и спонтано се собраа на градскиот плоштад во Тетово, протестирајќи поради убиството на матурантот од Средното економско училиште Живко Јосифовски.

Солидарност и сочувство за убиениот врсник од Тетово

Вест - 23.10.2002

ДЕНЕСКА ЌЕ ПРОТЕСТИРААТ СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОД ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА Освен подмолното убиство на матурантот Ванчо Јосифовски, втора причина за денешниот протест е несогласувањето со предложениот министер за образование, не зашто тој е Албанец, туку затоа што доаѓа од редови Средношколците денес повторно нема ...

Средношколците - Македонци бараат да се спречат насилствата

Утрински - 23.10.2002

Јавен протест во Тетово по убиството на Ванчо Јосифовски од терористи Сакаме да учиме како и досега, без насилства, да можеме мирно да одиме до нашите училишта, порачуваат средношколците ТЕТОВО -Учениците-Македонци од сите пет средношколски училишни центри во Тетово вчера се собраа на плоштадот за ...

Средношколците преку протести ќе изразат сочувство за Јосифовски

Утрински - 23.10.2002

По убиството на осумнаесетгодишниот тетовец Средношколци од државава, денеска, од 9 до 12 часот, ќе ја прекинат наставата и ќе одржат мирни протести за да го искажат своето сочувство спрема нивниот соученик 18-годишниот Ванчо Јосифовски од Тетово, кој беше убиен во саботата.

Поголема група претепа ученик Албанец во Скопје

Утрински - 23.10.2002

ИНЦИДЕНТ Аријан Широка, ученик од прва година од средното медицинско училиште "Панче Караѓозов", вчера бил претепан во близина на училиштето од поголема непозната група. На ученикот Албанец му е укажана прва помош во Институтит за микробиологија, по што е пренесен во болница каде бил снимен.

Протест поради подмолното убиство на Јосифовски

Дневник - 23.10.2002

МАКЕДОНСКИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ ДЕНЕСКА ГО КРЕВААТ ГЛАСОТ Средношколската унија протестира и против најавата министер за образование да биде кадар на ДУИ, затоа што за нив "таа партија е политичко крило на УЧК" Потресени од свирепото убиство на нивниот другар, соученик, врсник и сограѓанин Ванчо ...

Средношколската унија ќе протестира поради убиството на Јосифовски

А1 - 22.10.2002

Средношколската унија и тетовските средношколци за утре ги повикаа своите врсници во државава на мирен протест од 9 до 12 часот во знак на револт поради саботното убиство во Тетово на средношколецот Ванчо Јосифовски. Унијата на средношколци се огради од протестот.

Тетовските средношколци се чувствуваат небезбедни

А1 - 22.10.2002

Неколку стотици средношколци Македонци денеска со спонтан протест по градските улици и плоштадот во Тетово го изразија својот револт поради саботното убиство на ученикот од четврта година од економското училиште „8-ми Септември“ Ванчо Јосифовски.