TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ВМРО-ДПМНЕ сеуште го држи актуелно прашањето за корупција

А1 - 21.11.2004

ВМРО-ДПМНЕ, по оставката на Владата и обвинувањата за корупција и непотизам, што екс премиерот ги насочи кон ДУИ, го користи моментот да покаже дека опозиција има. Разбирливо сеуште го држи како актуелно прашањето за корупција, посочувајќи директно во врвот на владините кругови.

ДУИ ќе го смени Буџаку ако СДСМ го тргне Поповски

Време - 20.11.2004

СПОРЕД ПАРТИСКИ ИЗВОРИ ДУИ ќе се согласи да го тргне Агрон Буџаку од функцијата министер за транспорт и врски само ако СДСМ го разреши министерот за финансии Никола Поповски, велат партиски извори за дневниот весник на албански јазик „Коха диторе“.

ПРИСПИВНА ЗА ХАРИ К.

Вест - 20.11.2004

ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ - Билљана Секуловска ХАРИ МИСЛЕШЕ ДЕКА ПРЕМИЕР Е СОСЕМА РАЗЛИЧНО ОД МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ. НЕ БИЛО. И ВО ДВАТА СЛУЧАИ БРОИШ КРИМИНАЛЦИ. САМО ШТО ВО ВТОРИОТ - ТИ СИ ИМ ШЕФ Чинот на оставката на Хари како премиер беше морално дело. Херојско.

Ало технички

Вест - 20.11.2004

САКАМ ДА КАЖАМ - Горан Михајловски Сложни браќа сложно крадат 1 Бранко рече дека да бил на местото на Хари, причините за кои поднел оставка, за него ќе биле дополнителен мотив за работа. Хари рече дека му се смачило од ДУИ. По оваа изјава на шефот на државата, ако на Хари не му се смачи од Бранко, ...

Владата е носител на корупцијата

Дневник - 20.11.2004

ВМРО-ДПМНЕ ОБВИНУВА Владата е носител на корупцијата и криминалот во државата. Тоа го потврди премиерот Хари Костов во образложението што го даде при поднесувањето на оставката, рече Антонио Милошоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната прес-конференција.

Државата без влада, СДСМ без лидер

Дневник - 20.11.2004

ДИСПРОМАНЕРИЧНА КЕНГУРАЦИЈА? Всушност, некои зли јазици зборуваат, сосем неправично, дека Хари не бил член за да ја избегне членарината, особено со оглед на тоа од каде доаѓа (од Комерцијална). И дека по тоа прашање дошол во непремостлив конфликт со Бранко и со албанскиот "кампус" кој, и покрај се, ...

Бела мечка

Дневник - 20.11.2004

ЦРНИ СОСТОЈБИ Оставката на Хари Костов од премиерската функција, веднаш по "успешниот" референдум, е изненадување исто како што беше изненадување поразот на Македонската фудбалска репрезентација против Андора. По претходниот успех на фудбалерите со тимот на Холандија, никој не очекуваше дебакл, а ...

Буџаку бега од политиката или од одговорноста?!

Вечер Прес - 20.11.2004

Актуелниот министер за транспорт и врски Агрон Буџаку еден дел од денот е министер, а друг обичен граѓанин Агрон Буџаку. Така, барем, самиот вели. Само не кажува кога да го сметаме за министер, а кога за граѓанин, дали наутро е повеќе член на владиниот кабинет или навечер, или пак обратно! Па, ...

Буџаку: Наскоро ќе се дознае кој е корумпиран

Време - 19.11.2004

МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ ГО ВРАЌА УДАРОТ Би бил среќен да се расчистат обвиненијата од Хари Костов на моја сметка и тогаш ќе се потврди дали, кој и како е корумпиран, изјави Агрон Буџаку министер за транспорт и врски, вчера во Струга.

Да се претресе ДУИ, но и целата влада

Време - 19.11.2004

ПО ОБВИНУВАЊАТА ЗА КОРУПЦИЈА ВО ИЗВРШНАТА ВЛАСТ Професионализација на кадрите на ДУИ во Владата, елиминирање на министерот за транспорт и врски Агрон Буџаку и подготвување годишна програма за реализација на проектот за правична застапеност на Албанците во јавната администрација се дел од можните ...

Македонската влада е во оставка

Време - 19.11.2004

ОД ВЧЕРА Владата на Македонија од вчера и официјално е во оставка. Собранието, во почетокот на вчерашната седница, констатира дека премиерот Хари Костов поднел оставка и дека тоа значи оставка на целиот владин кабинет. Костов, како што и најави, не дојде на седницата за да ја образложи својата ...

Буџаку: И за спомениците е потребна процедура

Вест - 19.11.2004

МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАСНПОРТ БАРА ДА НЕ СЕ ПОЛИТИЗИРА МЕМОРИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР ВО БЛАЦЕ Министерот Буџаку ги повика сите што имаат намера да градат споменици тоа да го прават процедурално "Мој став е дека дивоградбите не можат да се легализираат, а сите тие што сакаат да градат споменици или нешто друго, ...

Да бев Хари, не ќе дадев оставка

Вест - 19.11.2004

Оставката на Костов не предизвика политичка криза во Македонија, а односите помеѓу коалиционите партнери се добри, рече претседателот Бранко Црвенковски по средбата со албанскиот претседател Мојсиу вчер Оставката на Костов не предизвика политичка криза во Македонија, а односите помеѓу коалиционите ...

Македонија ќе користи привилегирани тарифи за транспорт на стока

Време - 19.11.2004

ПРЕКУ ПРИСТАНИШТАТА ВО АЛБАНИЈА Албанија ќе и понуди на Македонија повластено користење на пристаништата Драч и Валона во Јонско Море. Ова е пораката на албанскиот министер за транспорт и телекомуникации Спартак Почи, кој вчера во Охрид се сретна со Агрон Буџаку, министер за транспорт и врски.

Буџаку: Причините за оставката на Костов ќе се дознаат наскоро

Утрински - 19.11.2004

ДУИ ОХРИД - Став на ДУИ е дека Хари Костов изнесе негови лични ставови и набргу јавноста ќе може да ги дознае вистинските причини за неговата оставка. Неговата постапка не беше во ред и не ги прифаќаме обвиненијата за корумпираност и непотизам изјави вчера во Охрид, потпретседателот на ДУИ и ...

ВМРО-ДПМНЕ бара Костов да ги посочи корумпираните министри

Утрински - 19.11.2004

ОПОЗИЦИЈА ВМРО-ДПМНЕ бара од јавниот обвинител, Александар Прчевски, веднаш да ги испита наводите во оставката на премиерот Хари Костов за коруптивното однесување на функционерите на ДУИ. "ВМРО-ДПМНЕ се надеваше дека по информацијата што ја даде премиерот во оставка за корупција во Владата, Јавното ...

Македонија и Албанија ќе се поврзат со оптички кабел

Утрински - 19.11.2004

Средба на Агрон Буџаку и Спарта Кочи ОХРИД - Македонија и Албанија до крајот на годинава ќе се поврзат со оптички телекомуникациски кабел, најавија вчера на прес-конференција во Охрид министрите за транспорт и врски на Македонија и на Албанија, Агрон Буџаку и Спарта Кочи.

Нема да изигрувам старател на СДСМ

Утрински - 19.11.2004

Интервју на Бранко Црвенковски за "Утрински весник" Бранко Црвенковски, претседател на Република Македонија, даде интервју за "Утрински весник° во кое по повод оставката на премиерот Хари Костов и Владата во оставка кажа дека Македонија не е соочена ниту со владина, ниту со политичка криза.

Собранието ја констатира оставката на Хари Костов

Утрински - 19.11.2004

ДЕМИСИЈА Собранието вчера ја констатира оставката на премиерот Хари Костов кој, како што најави, не присуствуваше на седницата, а целата процедура беше експресна: почна и заврши за неколку минути. Костов го известил спикерот Љупчо Јордановски дека нема да ги искористи деловничките 15 минути ...

Прчевски да ја испита корупцијата во ДУИ

Дневник - 19.11.2004

ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ бара од јавниот обвинител Александар Прчевски веднаш да ги испита наводите во оставката на премиерот Хари Котов за коруптивното однесување на функционерите на ДУИ. - ВМРО-ДПМНЕ се надеваше дека по информацијата што ја даде премиерот во оставка за корупција во Владата, Јавното ...

Македонија ќе ги користи албанските пристаништа со привилегии

Дневник - 19.11.2004

СРЕДБА АГРОН БУЏАКУ - СПАРТАК ПОЧИ Албанија ќе и понуди на Македонија повластено да ги користи пристаништата Драч и Валона во Јонското Море, изјави вчера во Охрид албанскиот министер за транспорт и телекомуникации Спартак Почи по средбата со македонскиот министер за транспорт Агрон Буџаку.

Хари Костов избра лош момент за оставка

Дневник - 19.11.2004

ЦРВЕНКОВСКИ му се пожали на моисиу Премиерот Хари Костов избра лош момент за да ја поднесе оставката - по референдумот, тогаш кога земјата беше признаена од САД под уставното име. Се создаде позитивен момент, кој Владата мораше да го искористи, но по ова ефектот ќе биде намален, рече Црвенковски на ...

Хари на кафе со Свето и Штерјо

Вечер Прес - 19.11.2004

Хари Костов му се врати на стариот живот. Тој докажа дека беше непартиски премиер, неприспособлив на партиските и потребите на коалицијата. Хари им се враќа на поранешните кругови, таму каде со години и беше етаблиран. Премиерот во оставка го откажа својот настап на отворањето на Регионалната маса ...

Блаце без политичка димензија!

Вечер Прес - 19.11.2004

ОХРИД, 19 НОЕМВРИ (МАКФАКС) - Македонскиот министер за транспорт и врски Агрон Буџаку, вчера како "личен став" на премиерот ги оцени обвинувањата што на сметка на Демократската унија за интеграции (ДУИ) ги изрече Хари Костов како причина за своето повлекување од премиерската функција.

Хари не дојде, оставката помина

Вечер Прес - 19.11.2004

Собранието на РМ, вчера ја констатираше оставката на премиерот Хари Костов. Премиерот не се појави на седницата, а од министрите, во салата беше само Стевчо Јакимовски. По тоа, почнаа да течат уставните и законските рокови за избор на нова влада.

Црвенковски: „Не бев многу изненаден од оставката на Костов“

А1 - 18.11.2004

Коментарот за оставката на неговиот довчерашен непартиски пријател Костов претседателот Црвенковски ја испрати од Албанија, има разбирање за личната одлука на Костов, но проблемите треба да се решаваат, вели Црвенковски. „Проблемите треба да се решаваат, не да се одлагаат и функцијата мора да се ...

Собранието ја констатира оставката на Костов

А1 - 18.11.2004

Собранието на Република Македонија денеска ја констатира оставката на премиерот Хари Костов, по што почнуваат уставните и законските рокови за избор на нова влада. Според член 93 од Уставот на Република Македонија, оставката на премиерот повлекува оставка на целата влада.

ВМРО-ДПМНЕ го повика Костов да ги поткрепи обвинувањата

А1 - 18.11.2004

ВМРО-ДПМНЕ јавно го повика премиерот во оставка, Хари Костов, да ги поткрепи обвинувањата за корупција и непотизам во владеачката коалиција, содржани во неговата оставка, со тоа што ќе ги објави имињата на министрите и државните функционери, директно вклучени во овој вид криминал.

Буџаку: „Обвиненијата на Костов не се основани“

А1 - 18.11.2004

Набргу јавноста ќе може да ги осознае вистинските причини за оставката на Хари Костов од премиерската функција, а неговото образложение за несоработка со коалициските министри и за постоење корупција во власта е паушално, лично видување на Костов, рече министерот за транспорт Агрон Буџаку, кој ...

Или ДУИ е без морал или Костов ги сатанизира Албанците

Време - 18.11.2004

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДПА ДУИ нема морал или премиерот со обвинувањата кон партијата ги сатанизира сите Албанци, рече портпаролот на ДПА, Сулејман Рушити, на вчерашната прес-конференција. Според Рушити, доколку се точни обвинувањата на премиерот, Албанците треба да се загрижат за моралот на својот ...

ДПА: Политичка криза не се решава со менување премиери

Вест - 18.11.2004

"Хари Костов ненадејно поднесувајќи ја оставката остави зад себе големи дилеми. Се што рече тој не беше искажано од некој портир, туку од позицијата претседател на Влада. Низата тешки и алармантни обвинувања на сметка на ДУИ за корупција и непотизам во нејзините редови мора да се аргументираат, во ...

Странците молчат кога ДУИ прави бељи

Вест - 18.11.2004

МЕЃУНАРОДНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ БЕЗ ОФИЦИЈАЛНИ ИЗЈАВИ ЗА ОСТАВКАТА НА КОСТОВ И КОРУПЦИЈАТА НА ДУИ "Ако постојат такви обвинувања, тогаш тие треба да се испитаат од соодветните институции. Тоа е пракса во сите европски земји", ни изјави вчера портпаролката на ЕУ во Скопје, Шина Томпсон, што е ...

ДПА е загрижена зошто Албанците се вечен виновник

Утрински - 18.11.2004

РЕАКЦИЈА ТЕТОВО - ?Нема да го оставиме на мира Костов да се крие зад некакви лаконски изјави. Ќе го натераме да изнесе аргументи, а од ДУИ цврсти докази дека не е уценета од разни македонски тајни или јавни служби. ДПА е крајно загрижена за негативните последици и обвинувања со кои албанскиот народ ...

Силјановски: Не сум човек на Хари Костов!

Утрински - 18.11.2004

ИЗЈАВА ЌАФАСАН - ?За оставката на премиерот Хари Костов слушнав во Тирана и не сум информиран за причините, рече министерот за внатрешни работи, Силјан Аврамовски, вчера на преминот Ќафасан на прес-конференцијата, што се одржа на крајот од неговата посета на Албанија.

Странците ќе ја притиснат ДУИ да и се посвети на економијата

Утрински - 18.11.2004

Меѓународните претставници бараат од Ахмети да се фокусира на економијата, а тој ќе бара нови министерства "Интегративците" во разговорите за новата влада ќе бараат добивање на најмалку уште еден министерски ресор Борис Георгиевски Претставниците на меѓународната заедница во државава ќе побараат од ...

"Мермерен" доби со Буш, загуби со Костов

Утрински - 18.11.2004

Берзите веднаш реагираат на политичките случувања во државите Колку битните политички случувања во една држава влијаат врз движењата на вредноста на акциите на компаниите во таа земја, покажува неодамнешниот пример со акциите на ?Мермерен комбинат" од Прилеп.

Костов ги сатанизира сите Албанци

Дневник - 18.11.2004

ДПА Инсистираме премиерот во оставка Хари Костов да изнесе конкретни аргументи за обвинувањата за непотизам и за корупција кај ДУИ, бидејќи, во спротивно, ги оцрнува сите Албанци, порача Сулејман Рушити, потпретседател на ДПА, на вчерашната прес-конференција во Тетово.

ШТО СРАБОТИЈА ВЛАДИНИТЕ ЕКОНОМСКИ МИНИСТРИ ЗА СВОЈОТ МАНДАТ

Канал5 - 18.11.2004

Комбинаториките по оставката на Хари Костов, засега не предвидуваат големи проветрувања во владиниот кабинет. Сепак, тројца од четворицата министри од економските ресори имаат сериозни дамки во својот мандат. Најгласни се шпекулациите дека министерот Комбинаториките по оставката на Хари Костов, ...

ПАРЛАМЕНТОТ ЈА КОНСТАТИРА ОСТАВКАТА НА ХАРИ КОСТОВ

Канал5 - 18.11.2004

Собранието на Република Македонија денеска ја констатира оставката на премиерот Хари Костов, по што почнуваат уставните и законските рокови за избор на нова влада. Според член 93 од Уставот на Република Македонија, оставката на премиерот повлек Собранието на Република Македонија денеска ја ...

ВМРО-ДПМНЕ: ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ДА ГИ ИСПИТА НАВОДИТЕ ЗА КОРУПЦИЈА И НЕПОТИЗАМ НА ДУИ

Канал5 - 18.11.2004

ВМРО-ДПМНЕ бара од јавниот обвинител на Република Македонија Александар Прчевски веднаш да ги испита наводите во оставката на премиерот Хари Котов за коруптивното однесување на функционерите на коалициониот партнер ДУИ. “ВМРО-ДПМНЕ се надеваше д ВМРО-ДПМНЕ бара од јавниот обвинител на Република ...

На пик - одбрана или евроинтеграциите

Вечер Прес - 18.11.2004

Во распоредот на сили за составот на новата Влада ДУИ ќе бара плус едно министерство - за одбрана или за евроинтеграции. Првото, во случај Владо Бучковски да биде избран за премиер. Во таа насока во ДУИ велат: "Логично е СДСМ да донесе одлука чиј резултат ќе биде: тој што ќе биде лидер да биде и ...

Партиски ноеви

Вечер Прес - 18.11.2004

ПИШУВА: Предраг ДИМИТРОВСКИ Досегашната практика во државата безброј пати покажа дека во политиката нема емоции и сентименталност. Под притисокот на дневнополитич ките интереси секој искрен потег се заборава за миг. А, ако тој барем малку има за предзнак и доза на храброст, тогаш и мигот е предолг.

Ќе бараме аргументи од Костов, но и од ДУИ

Вечер Прес - 18.11.2004

ТЕТОВО.- Ако оценките на премиерот Костов се точ- ни, тогаш албанскиот народ не само во Македонија, треба да се загрижи од моралното посредување на политичкиот субјект, кој својот севкупен легитимитет го градеше во војната за слободата и правата на албанскиот народ.

Аврамовски: „ Не сум човек на Костов туку стручњак во МВР“

А1 - 17.11.2004

Јас не сум човек на Хари Костов туку како непартиска личност и стручњак во МВР, јас сум министер на сите граѓани на Македонија, ова денеска на граничниот премин Ќафасан го изјави министерот за МВР Силјан Аврамовски по 3 дневната средба со неговиот албански колега Илир Тоска.

ДПА: „Костов да изнесе аргументи за обвинувањата кон ДУИ“

А1 - 17.11.2004

ЗА ДПА оставката на премиерот Хари Костов е ненадејна и зад себе остава големи дилеми, беше истакнато на денешната прес конференција на оваа партија. Според портпаролот на ДПА Сулејман Рушити Костов во својата изјава изнел грст тешки обвинувања врз ДУИ, како што се непотизмот и корупцијата во оваа ...

И без премиер почна владината реконструкција

А1 - 17.11.2004

Оставката на Хари Костов ги натера партиските кујни на коалициските партнери да почнат со работа. Во игра се фотелјите на неколку министерства. Уште пред да почнат разговорите за евентуални министерски смени и ротации, се дознава дека први на мета ќе бидат министрите за транспорт и врски и ...

Брак од нужда не бива

Време - 17.11.2004

ДОСИЕ: ДУИ Диана Младеновска Авантурата наречена коалициска влада на СДСМ, ДУИ и на ЛДП, која опозицијата од македонскиот блок во старт ја нарече „терористичка“, почна со гафови на нејзините учесници од албанската партија, а оставката на премиерот Хари Костов деновиве ги разниша сите нејзини ...

Костов им се заблагодари на министрите

Време - 17.11.2004

СЕДНИЦА НА ВЛАДА Хари Костов, премиер во оставка, вчера им соопшти на членовите на својот кабинет дека владата е во оставка и им се заблагодари за соработката. До изборот на нова влада седниците ќе ги претседава Радмила Шеќеринска, заменик на претседателот на Владата.

Костов нема да ја образложува оставката

Време - 17.11.2004

СОБРАНИЕ Хари Костов нема да ја образложи својата оставка пред пратениците, на утрешната седница, на која Собранието треба да го констатира неговото заминување од премиерската функција. Тоа вчера го соопштија од кабинетот на Костов, објаснувајќи дека тој пред јавноста веќе дал образложение за ...

Ние не сме виновни за оставката на Костов

Време - 17.11.2004

РАФИЗ ХАЛИТИ, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДУИ Иван Блажевски Потпретседателот на ДУИ, Рафиз Халити, смета дека обвинувањата на премиерот во оставка, Хари Костов, упатени до ДУИ не држат. Тој смета дека Костов уште кога влегол во премиерскиот кабинет знаел дека владата што ја води е политичка, а не техничка ...

Оставката на Костов е очекуван потег

Време - 17.11.2004

ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ смета дека оставката на премиерот Хари Костов е очекуван потег, имајќи ја предвид крајно лошата економско-социјална и безбедносна состојба во која Владата ја има донесено Република Македонија. Образложението на оставката на премиерот Хари Костов, како што се наведува во ...

Оставката на премиерот Костов погубна за државата

Време - 17.11.2004

КОАЛИЦИЈА „ТРЕТИОТ ПАТ“ Оставката на премиерот Хари Костов е погубно решение што ќе ја загрози општата стабилност на државата. Тој треба да ги обелодени вистинските причини поради кои се повлече од премиерската функција, оценија претставници на коалицијата „Третиот пат“ на вчерашната ...

Оставката на Костов е неодговорност на СДСМ

Време - 17.11.2004

ВМРО-НАРОДНА ВМРО-народна партија смета дека оставката на премиерот Хари Костов е поради крајно неодговорното однесување на функционерите на СДСМ. - Костов го потврди тврдењето на ВМРО-народна партија дека СДСМ е заложник на ДУИ и оти му прави непотребни отстапки на коалицискиот партнер за да ...

Костов нема да присуствува на седницата во Собрание

Утрински - 17.11.2004

ОДЛУКА Премиерот Хари Костов утре нема да се присуствува на собраниската седница и нема да ја искористи деловничка можност пред пратениците да ги образложи мотивите за неговата оставка, бидејќи тоа го сторил во неговото јавно обраќање пред два дена.

Костов "заглави" во недоразбирањата со коалицискиот партнер

Утрински - 17.11.2004

Медиумите за оставката на македонскиот премиер Овој чекор на Костов, веројатно, ќе ја зголеми тензијата во Македонија, објави Асошиетед прес Најголемиот дел од балканските и светските медиуми ја пренесоа информацијата за оставката на премиерот Хари Костов, наведувајќи дека тој е првиот претседател ...

Оставката на Костов е составен дел на демократијата

Утрински - 17.11.2004

ЕУ Европската унија како "составен дел на демократијата" ја оцени оставката што ја поднесе премиерот Хари Костов, нагласувајќи дека специјалниот претставник на Унијата во земјата ќе продолжи да го поддржува процесот на имплементација на Охридскиот договор без оглед на кого ќе му биде доверен ...

Со владините седници ќе претседава вицепремиерката Шекеринска

Утрински - 17.11.2004

Претседателот во оставка Хари Костов само ја отвори вчерашната седница и се заблагодари на соработката До изборот на нова извршна власт, со седниците на Владата ќе претседава заменик-претседателот од редовите на СДСМ До изборот на нова извршна власт, премиер и министри, со седниците што ќе ги ...

Опозицијата го повика Костов да ги посочи корумпираните

Утрински - 17.11.2004

Опозициските партии загрижени за стабилноста на земјава по демисијата на премиерот Политичките партии во земјава вчера со загриженост реагираа на оставката на Хари Костов од премиерската функција, констатирајќи дека се случува во еден од најделикатните моменти во државата, само една недела по ...

Прчевски ќе ги проверува наодите на Костов за корупцијата

Утрински - 17.11.2004

Изјавата на премиерот за постоење корупција и непотизам во редовите на ДУИ ги алармира Обвинителството и Антикорупциската комисија Јавното обвинителство ќе побара од премиерот во оставка Хари Костов писмено да ги изнесе своите сознанија во врска со појавата на корупција и непотизам во работата на ...

Арифи: Оставката на Костов нема да влијае на односите со СДСМ

Утрински - 17.11.2004

СТАВ ТЕТОВО - "Ние како политичка партија и коалициски партнер во власта имавме коректна соработка со премиерот Хари Костов. Неговата одлука да поднесе оставка сметаме дека е избрзана°, изјави Теута Арифи, потпретседателка на ДУИ, по седницата на Претседателството.

Заслугите за референдумот го спасија Костов од тужба

Дневник - 17.11.2004

ДУИ ЌЕ МУ ПРОСТИ НА ПРЕМИЕРОТ ЗА ОБВИНУВАЊАТА Владејачката Демократска унија за интеграција нема да го тужи за клевета премиерот во оставка Хари Костов, иако тој изнесе тешки обвинувања за непотизам и корупција на нејзините министри.

Костов под лупата на Прчевски

Дневник - 17.11.2004

ПО ИЗЈАВАТА НА ПРЕМИЕРОТ ВО ОСТАВКА Премиерот, како и секој друг граѓанин, е должен да ги достави до обвинителство информациите за случаи на корупција, вели Јавниот обвинител Државното обвинителство ќе побара од доскорешниот премиер Хари Костов да го достави писмениот примерок на оставката за да се ...

Хари Костов од утре и официјално ја остава празна премиерската позиција во Владата.

Канал5 - 17.11.2004

Пратениците денеска го добија образложението на неговата оставка. Дополнително тој нема намера да објаснува зошто заминува. На утрешната Собраниска седница само ке се констатира дека премиерот дал оставка што практично ке значи оставка на целата Влада Пратениците денеска го добија образложението на ...

Економијата повторно во сенка на политичките случувања

Канал5 - 17.11.2004

Со оставката на премиерот Хари Костов, решавањето на економските проблеми во земјава повторно падна во сенка на политичките случувања. Референдумот беше рокот до кога политичките проблеми имаа предност, а потоа премиерот во оставка најави целосна вла Со оставката на премиерот Хари Костов, ...

Буџаку ќе си остане министер

Вечер Прес - 17.11.2004

Министерот за транспорт и врски Агрон Буџаку ќе си остане на оваа функција и во новата Влада. ДУИ нема намера да предложи нов човек на неговото место, дознаваме од високи извори на Демократската унија. За другите министерски позиции во новата влада, с&"238; уште не се расправало во Партијата.

Шеќеринска в.д. премиер

Вечер Прес - 17.11.2004

На вчерашната владина седница, премиерот во оставка Хари Костов ги информирал министрите од владиниот кабинет за неговата одлука. Наедно, тој им се заблагодарил за досегашната соработка, информирајќи ги дека повеќ е нема да присуствува на седниците.

Замина со вистината

Вечер Прес - 17.11.2004

ПИШУВА: ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА Премиерот Хари Костов замина од функцијата заедно со вистината. Тој беше таму токму онолку колку што требаше или сакаше. Тој или тој што го донесе, односно претседателот на државата Црвенковски. Треба да сме малку понеискусни и понеупатени, па да помислиме дека тој ...

ВМРО Народна: Оставката на Костов е неодговорно однесување

А1 - 16.11.2004

ВМРО Народна партија смета дека оставката на премиерот Хари Костов и напуштањето на премиерската функција на Бранко Црвенковски и неговото заминување на претседателската функција претставуваат крајно неодговорно однесување на функционерите на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ од Костов ги бара сторителите на корупција

А1 - 16.11.2004

Образложението на премиерот Костов, дека во кусиот период од пет месеци бил апсолутно немоќен да го спроведе она за што тој најмногу се заложуваше, стопирање на криминалот, корупцијата, непотизмот како и социјално-економската апатија е само потврда на она што ВМРО-ДПМНЕ го повторуваше во изминатите ...

Костов се збогува со министрите од неговиот кабинет

А1 - 16.11.2004

Костов и дефинитивно си замина од Владата, откако денеска се збогува со министрите од неговиот кабинет. Тој само неколку минути се задржа на денешната седница, без да им ги соопшти на министрите причините за своето повлекување.

Третиот пат очекува Костов на јавноста да и ја понуди вистината

А1 - 16.11.2004

Го искористија и го злоупотребија, а Хари Костов и сега не ги признава вистинските причини за неговата оставка. Третиот пат очекува, во најкраток период, Костов на јавноста да и ја понуди вистината. Со оставката, како морален чин, неговото признавање дека коалицијата ја втурнала Македонија во ...

Оставката на Костов предизвика активности меѓу странците

А1 - 16.11.2004

Оставката на Премиерот предизвика интензивни активности и меѓу странските претставници во Скопје. На проштална средба кај Премиерот во оставка, претпладнево се појавиле американскиот амбасадор Батлер, специјалниот претставник на Европската Унија во Скопје Мајкл Салин и амбасадорот на Европската ...

Пораз по „големата победа“

Време - 16.11.2004

Георги Барбаровски Премиерот Хари Костов поднесе оставка во време кога коалициската влада на СДСМ, ДУИ и ЛДП се уште ги нема угасено факелите од прославата на „големата победа“ на референдумското изјаснување за територијалната организација на општините, по пригодните европски пораки за европската ...

Во СДСМ без коментар, во ДУИ изненадени

Време - 16.11.2004

ПО ОСТАВКАТА НА ПРЕМИЕРОТ КОСТОВ Оставката на премиерот Хари Костов е личен чин и одлука, велат во СДСМ одбивајќи да ги коментираат причините за оставката што тој ги наведе во опсежното образложение за повлекување од функцијата.

Костов не стигна да исполни ништо од ветеното

Време - 16.11.2004

ЗА ПЕТ МЕСЕЦИ Премиерот Хари Костов не стигна да направи ништо од активностите што ги најави кога пред пет месеци го доби мандатот. Од најавите за борба против корупцијата и од намерата за реформи во судството, во економијата и во јавната администрација, за кои се заложи на 31 мај годинава, кога ...

Хари Костов: ДУИ заглавена во непотизам и корупција

Време - 16.11.2004

ПОРАДИ ОПСТРУКЦИИ ОД КОАЛИЦИСКИТЕ ПАРТНЕРИ Диана Младеновска Александра М. Митевска Премиерот Хари Костов вчера до Собранието поднесе оставка на функцијата. Во оставката како главна причина тој индиректно ги посочува министрите од ДУИ, кои „Владата ја користат само за промовирање на националните и ...

Премиерот Костов поднесе оставка

Време - 16.11.2004

Владимир Бучковски е можниот наследник на премиерот во оставка, а коалицискиот партнер ДУИ ќе треба да го даде новиот министер за одбрана. Ова е можната разврска на политичката игра по оставката на Хари Костов и неговото наводно незадоволство од однесувањето на министрите од ДУИ.

На Хари му се смачи од ДУИ

Вест - 16.11.2004

ПРЕМИЕРОТ КОСТОВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА "Еден од коалиционите партнери во власта, и покрај поинаквите декларативни заложби, својата улога и место во Владата ја разбира единствено како инструмент за ургентно спроведување на процесот на соодветна и Премиерот Хари Костов вчера официјално поднесе оставка на ...

Банкарот си замина

Утрински - 16.11.2004

Оставката на премиерот Ерол Ризаов Хари Костов е првиот македонски премиер што поднел оставка. Неотповиклива, без задршки. Прв пат еден претседател на влада во Република Македонија јавно соопштува дека неговиот тим, односно македонската Влада е политички опструирана, практично блокирана и не може ...

Хари Костов поднесе оставка поради ДУИ

Утрински - 16.11.2004

Претседателот на Владата на Македонија вчера ги образложи причините за заминувањето од функцијата прв меѓу министрите „Еден од коалициските партнери во власта својата улога и местото во Владата ја разбира единствено како инструмент за делумно спроведување на политичките процеси од Рамковниот ...

Костов бил разубедуван да ја повлече оставката

Утрински - 16.11.2004

ОБИДИ Пред официјализацијата на одлуката да си замине од Владата, премиерот Костов бил разубедуван од претседателот Бранко Црвенковски и претставниците на меѓународната заедница во земјата да ја смени својата одлука, дознаваме од извори во Владата.

Партијата на Ахмети изненадена од потегот на Костов

Утрински - 16.11.2004

Политичките партии и од власта и од опозицијата сў уште градат став за демисијата Ние воопшто не ја очекувавме оставката на премиерот. Не бевме информирани ниту пак имаше најава за ваквата одлука на првиот човек на Владата, изјави портпаролката на ДУИ, Ермира Мехмети Политичките партии вчера беа ...

Костов го преживеа референдумот, но не и политичките уцени

Утрински - 16.11.2004

Непартискиот премиер не издржа ни половина година на политичката коалициска влада Костов прв пат се закани со оставка кога по 42 дена договорања меѓу СДМ и ДУИ околу новите општински граници, преговорите западнаа во ќор-сокак Гордана Дувњак Веројатно беа во право сите оние коишто, познавајќи го ...

Идниот премиер треба да се избере најдоцна за еден месец

Утрински - 16.11.2004

Процедура ?Неотповикливата оставка на Хари Костов од премиерската позиција ќе го забрза изборот на нов лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија", изјави вчера професорот по уставно право и политички систем на Правниот факултет, Саво Климовски.

Хари во друштвото на мртвите поети

Дневник - 16.11.2004

КОментар - Бранко героски Не е лесно да се биде премиер во земја во која шефот на државата има меѓународна дозвола да владее апсолутистички, се додека е подготвен колачот братски да го сподели со креатурите на калашников-демократијата.

ДУИ го подула Костов

Дневник - 16.11.2004

претседателот на владата вЧера ПОДНЕСЕ ОСТАВКА Еден од коалициските партнери промовира само теснопартиски интереси, непотизам и коруптивното однесување, образложи премиерот во оставка Не сум подготвен на неефикасно работење во Владата, условување и блокирање на реформските процеси поради ...

ВМРО-НАРОДНА: ОСТАВКАТА НА КОСТОВ ПРЕТСТАВУВА НЕОДГОВОРНО ОДНЕСУВАЊЕ

Канал5 - 16.11.2004

,, СДСМ покажува неодговорно практикување на власта, а со тоа и неодговорно однесување кон оние кои ги избрале..,, Ова е констатацијата на љубчовата ВМРО Народна како реакција на вчерашната оставка на премиерот Хари Костов.. Љубчовистите велат дек ,, СДСМ покажува неодговорно практикување на ...

Реакции на албанските интелектуалци за оставката на Костов

Канал5 - 16.11.2004

Албанските интелектуалци реагираат на аргументот на премиерот во оставка Хари Костов дека ДУИ е причината за неговото заминување. Корупцијата, непотизмот и теснопартиските интереси, за жал, се својствени на сите политички структури во Македонија, вели Ал Албанските интелектуалци реагираат на ...

ТУПУРКОВСКИ ПОВТОРНО ИЗЛЕЗЕ СО ИДЕЈАТА ЗА ВЛАДА ВО СЕНКА.. НЕ КАЖА КОЈ БИ БИЛ ПРЕМИЕР

Канал5 - 16.11.2004

“По оставката на Хари Костов, државата ќе се најде во политички вакуум“ - рече тој. Според него напуштањето на премиерската позиција е погубно решение за безбедносната состојба на државата Според Павле Трајанов, Хари Костов за состојбите “По оставката на Хари Костов, државата ќе се најде во ...

КОСТОВ ЈА ИСПРАЗНИ ПРЕМИЕРСКАТА ФОТЕЛЈА, ВО НЕА СЕДНА ШЕЌЕРИНСКА

Канал5 - 16.11.2004

Во владата започна координативниот состанок на СДСМ и ДУИ, инициран од новонастанатата ситуација по оставката на премиерот Хари Костов.. Социјалдемократите сметаат дека треба да се ревидира досегашната соработка во владината коалиција, да се постави Во владата започна координативниот состанок на ...

Нова Влада во декември

Вечер Прес - 16.11.2004

Оставката на премиерот Хари Костов, според Уставот на Република Македонија, повлекува оставка и на целата влада. Премиерот и министрите, сепак, мора да останат на должност до изборот на нова Влада, со што се спречува појава на правен вакуум.

Не прифаќам пазарење на сметка на реформите

Вечер Прес - 16.11.2004

-Во владината коалиција не постои целосна согласност и практично тимско работење за вистинско остварување на стратешката цел на Република Македонија. Еден од коалиционите партнери, и покрај поинаквите декларативни заложби, својата улога во Владата ја разбира единствено како инструмент за делумно ...

(НЕ)ПОСЛУШНИ

Вечер Прес - 16.11.2004

ПИШУВА: Маја АНАСТАСОВА Хари Костов веќе не е премиер на македонската Влада. Лилјана Поповска уште ден-два формално ќе биде потпретседател на македонското Собрание. Иако Костов не е член на партија, а Поповска е либералдемократ, сепак, имаат една заедничка особина - размислуваат. Имаат став.

Претседателот треба во рок 10 дена да назначи нов мандатар

А1 - 15.11.2004

Собранието на седницата в четврток ќе ја констатира оставката на владата. Претседателот на собранието Јордановски потврди дека денеска ја добил писмената оставка од Костов. „По деловникот веднаш ја препратив до пратениците и го известив претседателот на државата.

Хари Костов - биографија

А1 - 15.11.2004

Хари Костов е роден на 13 ноември 1959 година во село Пишица, Пробиштип. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1983 година, кога почнал да работи во Владата на Република Македонија. Од 1983 година до 1986 година работи како стручен соработник, а од 1986 до 1988 година како советник во ...

Оставката на премиерот удри шлаканица на сите партнери во владата

А1 - 15.11.2004

И покрај тоа што Костов на мета ги имаше само ДУИ, неговото образложение на оставката им удри шлаканица на сите партнери во владата. Економскиот експерт, се коментира во политичките кругови, со јавното истапување покажал дека се изморил во улогата на марионета со фиктивна моќ додека одлуките се ...

Став на опозицијата за оставката на Костов

А1 - 15.11.2004

Реакции на опозицијата, не е проблемот само во ДУИ. Костов ги поштедил СДСМ во оставката. „ВМРО-ДПМНЕ подолго време зборува и за проблемите со криминал и корупција во оваа влада што ги прави не само ДУИ туку и министрите на СДСМ, некои од министрите на СДСМ и ЛДП.

ДУИ изненадени од оставката на премиерот

А1 - 15.11.2004

По обвинувањата кои премиерот Хари Костов ги упати кон ДУИ при поднесувањето на оставката веќе неколку часа Централното претседателство на ДУИ во потесен состав со кое раководи лидерот Али Ахмети е во своето седиште во Мала Речица.

Хари Костов поднесе оставка

А1 - 15.11.2004

Премиерот Костов поднесе оставка. Со неговото повлекување од премиерската функција од денеска во оставка е и целата влада. Во образложението за своето заминување од владата, Костов критиките ги адресираше главно до ДУИ и во отсуството на тимска работа за евроатланстките приоритети и економскиот ...

На Хари му се расипа роденденот

Вест - 15.11.2004

НА ПРЕМИЕРОТ МУ ЧАДИ ГЛАВАТА "До сега немам никакви информации. Ќе видиме денес", изјави советничката за односи со јавност во премиерскиот кабинет Мирјана Контевска, по најавите на А1 телевизија дека премиерот Костов ќе поднесе оставк Премиерот Хари Костов во саботата имаше роденден, но не му било ...

Премиерот Костов се заканил со оставка

Време - 15.11.2004

ПОРАДИ ЗАЧЕСТЕНИТЕ СУДИРИ СО МИНИСТРИТЕ Премиерот Хари Костов се заканил со оставка, но не толку поради зачестените судири со министерот за економија Стевче Јакимовски, туку поради рововската војна што цело време откако стапи на функцијата ја води со министерот за финансии Никола Поповски, дознава ...

Хари Костов пред оставка

Утрински - 15.11.2004

Поради блокада на реформите и опструкции во работењето на Владата од страна на ДУИ Премиерот Хари Костов денеска до Собранието ќе поднесе неотповиклива оставка на функцијата, дознаваме од кругови блиски на премиерот. Оставката, во писмена форма, го содржи образложението на Костов за причините ...

Хари Костов пред оставка

Дневник - 15.11.2004

ВТОР ПАТ ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ Премиерот крева раце оти за ништо не може самиот да одлучува, тврдат владини извори Премиерот Хари Костов се заканил дека ќе поднесе оставка, потврдија вчера за "Дневник" владини извори. Тие тврдат дека причината за тоа е што Костов смета дека е најдобро да ја напушти ...

ХАРИ КОСТОВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА.. ЈА ОБВИНИ ДУИ ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НАЦИОНАЛНИ, ТЕСНОПАРТИСКИ ИНТЕРЕСИ, ЗА КОРУПЦИЈА И НЕПОТИЗАМ

Канал5 - 15.11.2004

Претседателот на Владата на Република Македонија Хари Костов денеска поднесе оставка на функцијата. “Сметам дека во владината коалиција не постои целосна согласност и практично тимско работење за вистинско остварување на стратешката цел на Репу Претседателот на Владата на Република Македонија Хари ...

Демократската унија за интеграција зачудена и изненадена од оставката на премиерот Хари Костов

Канал5 - 15.11.2004

Демократската унија за интеграција зачудена и изненадена од оставката на премиерот Хари Костов, особено од обвинувањата на нивна сметка изнесени во неговото образложение. Условувањета и уцените кои ги изнесе Костов, според Дуи се невистинити, а врабо Демократската унија за интеграција зачудена и ...

РЕКОНСТРУКЦИЈА ИЛИ ОСТАВКА?!

Вечер Прес - 15.11.2004

Ќе има ли премиерот Хари Костов одврзани раце за да го реконструира владиниот кабинет или за секој потег ќе мора да бара дозвола од партиите, нивните лидери и од претседателот Бранко Црвеновски? Од одговорот на ова прашање најверојатно ќе зависи и следниот потег на Костов - реконструкција на ...