TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ришар Виренк победи на 14-тата етапа на Тур Д'Франс

А1 - 21.07.2002

Домашниот велосипедист Ришар Виренк го одбележа своето враќање на патеката по суспензијата поради допинг скандалот, со победа на 14-та етапа на велосипедскиот Тур Д'Франс. Ленс Армстронг кој денеска беше третопласиран ја зголеми предноста на врвот на генералниот пласман.

"Кралот на планините" Армсронг ја облече жолтата маичка

Вест - 20.07.2002

ТУР Д'ФРАНС - 11. ЕТАПА На годинашново издание од велосипедската Трка околу Франција работите си доаѓаат на своето место. Единаесеттата етапа беше прва планинска етапа и веднаш дојде до израз супериорноста на "кралот на планините", Американецот Ленс Армсронг.

Ленс Армстронг ја презеде жолтата маичка

Утрински - 20.07.2002

По победата во 11. етапа на Тур де Франс од По до Ла Монж Победникот на последните три изданија на Тур де Франс, Американецот Ленс Армстронг од тимот Ју Ес Постал триумфираше на 11-та етапа од По до Ла Монж, во должина од 154 км, со што ја презема жолтата маичка во генералниот пласман.

Ленс Армстронг победи и на 12-тата етапа од Тур Д'Франс

А1 - 19.07.2002

На Тур Д'Франс американецот Ленс Армстронг ги уништи своите ривали за жолтата маичка со уште една супериорна победа на планинските етапи на Пиринеите. Од Ланезан до Плато де Бел се возеше 12-та етапа во должина од 198 километри.

Трката во сенка на смртта на четиригодишно момче

Дневник - 19.07.2002

ВЕЛОСИПЕДИЗАМ - "ТУР Д’ФРАНС" Откако тркачите поминале, детето се обидело да ја претрча улицата, но било удрено од еден од автомобилите со кои им се фрлаат слатки на навивачите покрај патот за време на трките Десеттата етапа на велосипедската трка "Тур ддФранс" ја одбележаа тешката несреќа во која ...

Триумф на Ленс Армстронг во 11-тата етапа од Тур Д'Франс

А1 - 18.07.2002

Велосипедската трка околу Франција полека добива де жа ву расплет. Трикратниот и актуелен шампион Ленс Армстронг по триумфот на 11-та етапа ја превзема лидерската жолта маичка од Игор Гонзалес де Галдеано. Армстронг денешната 158 километри долга брдска етапа од По до Ла Моњи ја мина за 4 часа 21 ...

Патрис Алган триумфираше во десетата етапа од Тур Д'Франс

А1 - 17.07.2002

Французинот Патрис Алган триумфираше на десетата етапа на велосипедската трка Тур Д'Франс. Решавачки момент за победа беше неговото бегство од водечката група на 10 километри пред целта кога зад себе ги остави второпласираниот негов сонародник Жером Пино и австралиецот Стјуарт О'Грејди.

Триумф на Холанѓанецот Крон

Утрински - 16.07.2002

Осма етапа на Тур де Франс, од Сент Мартин до Плуј (217,5 км) Холанѓанецот Карстен Крон од тимот Рабобанк триумфираше на осмата етапа на Тур де Франс, во должина од 217,5 км, што се возеше од Сент Мартин до Плуј. Крон, кој оствари време од четири часа, 36 минути и 52 секунди во финалниот спринт ...

Сантијаго Ботеро е победник на деветата етапа од Тур Д'Франс

А1 - 15.07.2002

Лидерот на Тур Д'Франс, Игор Гонзалес де Галдеано ја сочува жолтата маичка и по денешната девета етапа. Трикратниот и актуелен шампион Ленс Амстронг е веднаш зад него со заостанување од 26 секунди откако е првпат поразен на хронометар по три години на ова престижна трка.

Прв триумф на Австралиецот Мекги

Утрински - 15.07.2002

Седма етапа на Тур де Франс од Бањол де Орн до Авранш (176 км) Австралиецот Бредли Мекги за првпат во кариерата триумфираше на една трка на Тур де Франс, остварувајќи резултат од четири часа, 10 минути и 56 секунди на седмата етапа во должина од 176 км, што се возеше од Багнол де Орн до Авранч.