Тирана Идејата за поделба на Косово не само што не го решава статусот на Косово туку претставува и закана за мирот во регионот. Ова се наведува во соопштението од Кабинетот на албанскиот премиер Сали Бериша објавено по повод најновите изјави на меѓународните претставници за косовскиот статус.
Приштина Посредничката тројка на Европската унија(ЕУ), САД и Русија денеска треба до Контакт групата да го поднесе извештајот за посетата на регионот. Оваа вести синоќа ја објавија косовските медиуми, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори.
Владата на Србија ќе побара од Контакт-групата најавените преговори меѓу Белград и Приштина да бидат директни, да немаат временско ограничување и одлуката за статусот да може да ја донесе само Советот за безбедност на ОН, објави белградскиот весник „Блиц“, јави МИА.
Составот на новиот тим на Србија за претстојните преговори за Косово најверојатно ќе биде познат во текот на идната недела објави денеска белградскиот весник „Вечерње новости“. Белград, 4 август (МИА) - Составот на новиот тим на Србија за претстојните преговори за Косово најверојатно ќе биде познат ...
Белград Преговорите за статусот на Косово ќе продолжат на 30 август во Виена, јавуваат српските медиуми. Според истите извори, преговорите ќе продолжат со одвоени средби на претставниците на меѓународната тројка – САД, Европската унија(ЕУ) и Русија, со делегациите на Белград и Приштина, а домаќин ...
Нови Сад Србија никако не смее да влезе во проектот за поделба на Косово, изјави еден од лидерите на косовските Срби, Момчило Трајковиќ за новосадски „Дневник“. „Дури и надгледувана независност е подобра од сценариото за поделба на покраината, колку и да звучи тоа еретички“, изјави Трајковиќ.
Владата на Србија упати предлог на правила до Контакт групата за начинот на преговорите меѓу Белград и Приштина кои треба да бидат директни, да немаат временско ограничување и одлуката за статусот да може да ја донесе само Советот за безбедност на ОН.
Приштина Европретставникот на преговарачката тројка за Косово не излезе со конкретни предлози на денешната средба со косовските Албанци. „За време на состанокот Ишингер само ги сослуша нашите ставови и не предложи никаква идеја за статусот на Косово“, изјави лидерот на Демократската партија на ...
Вашингтон Соединетите Американски Држави и натаму стојат зад ставот дека најдобро решение за Косово е надгледувана независност, според планот на Марти Ахтисари. Ова, како што пренесува српската телевизија, го изјави портпаролот на Стејт департментот, Шон Меккормак, одбегнувајќи притоа да ја ...
Американската администрација се надева дека статусот на Косово ќе биде решен набрзо по објавувањето на извештатојот на Контакт групата и меѓународната „тројка“ за текот на разговорите меѓу Белград и Приштина, планирано за средината на декември.
Москва Планот на Марти Ахтисари објективно постои но продолжување на преговорите, во ниту еден случај, нема да се користи за натамошно “наметнување на тој план“. Ова го изјави рускиот посредник на Косово Александар Боцан Харченко во интервју за дневникот Росијскаја.
Белград Статусот на Косово ќе биде решен набрзо откако Контакт групата и тројцата меѓународни претставници, кон средината на декември, ќе поднесат извештај за резултатите од новиот круг на преговори меѓу Србија и косовските Албанци.
Скопје Македонскиот совет за безбедност денеска го поддржа новиот формат на преговорите за статусот на Косово, со уверување дека ќе доведе до решение што ќе придонесе за регионалната стабилност. Ова се наведува во денешното соопштение од седницата на Советот за безбедност на Република Македонија.
Белград Српскиот министер за Косово и Метохија Слободан Самарџиќ изјави дека Владата ги усвоила предлог правилата според кои ќе се одвиваат преговорите за статусот на Косово. Предлогот е упатен до членките на Контакт групата, односно нивните амбасадори во Белград.
Белград Српската Влада ќе побара од Контакт групата директни преговори меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово, јавуваат српските медиуми. Според истиот извор, Белград бара овие преговори да не бидат времено ограничени, а одлуката за статусот да може да ја донесе само Советот за безбедност на ...
Приштина Никој од посредничката тројка на Контакт групата не ја поддржува поделбата на Косово, изјави претставникот на Европската унија во преговарачкиот тим. Волфганг Ишингер. Тој во изјава за приштинскиот весник „Зери“ потенцира дека ниту еден од посредничката тројка не поддржува ниту една ...
Приштина За Косово нема друго решение осв e н независноста, изјави денеска во Приштина косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, коментирајќи ги најавите за можна конфедерација меѓу Србија и Косово. Сејдиу изјавата ја дал по средбата со генералот на КФОР на Косово Роланд Катер, кому му соопштил дека ...
ВО КОНТАКТ ГРУПАТА Посредничката тројка на Контакт-групата за преговорите за идниот статус на Косово е комплетирана, откако Москва за свој претставник го назначи Александар Боцан Харченко, министерот за надворешни работи на Русија за Балканот.
Скопје Предвременото признавање на независноста на Косово од страна на Албанија би било авантура, без тоа да го сторат САД и некои од земјите од членки на ЕУ. Ова го изјави поранешниот шеф на албанската дипломатија и актуелен член на комисијата за надворешна политика на Собранието на Албанија ...
Приштина Сите решенија за кои ќе се договорат Белград и Приштина, вклучително и поделба на Косово, се прифатливи за Тројката. Ова денеска во Приштина го изјави претставникот на Европската унија (ЕУ) во посредничката тројка за косовскиот статус Волфганг Ишингер.
Приштина Претставникот на Европската унија (ЕУ) за косовскиот статус Волфганг Ишингер денеска треба да допатува во Приштина, соопшти синоќа претседателот на Косово Фатмир Сејдиу. Ишингер, според најавите, треба да се состане со претставниците на Косово.
Приштина Гаранции за компромисно решение за статусот на Косово добија денеска во Приштина косовските Срби од посредничката “тројка“. “Нема прејудицирање на статусот и ограничување на роковите. Тројката по 120 дена ќе го претстави својот извештај, но тоа нема да значи крај на процесот“, изјави ...
Приштина Посредничката “тројка“ за косовското прашање денеска во Приштина ќе разговара со претставници на косовските Срби. Средбата се одвива по вчерашните состаноци на претставниците на ЕУ, САД и Русија со косовските лидери, откако во петокот го посетија Белград.
Приштина Командата на силите на НАТО на Косово (КФОР) ја повика меѓународната „тројка“ посредници на Контакт групата што поскоро да постигнат решение за косовскиот статус во интерес на локалното население. „На луѓето им е потребна таа одлука за да имаат јасна перспектива за нивната иднина“, изјави ...
МОСКВА, 1 август (Ројтерс) - Русија го назначи високиот дипломат Александар Ботсан-Харченко да ја претставува државата во преговорите за идниот статус на Косово, соопшти вчера Министерството за надворешна политика на Русија. Тој ќе им се придружи на претставниците од ЕУ и САД во Тројката што беше ...
СПОРЕД ХРВАТСКИ „ВЕЧЕРЊИ ЛИСТ“ Хрватскиот весник „Вечерњи лист“, повикувајќи се на дипломатски извори, тврди дека поделената Европска Унија може да предложи Косово да стапи во привремена конфедерација со Србија. Косовските Албанци инсистираат на независност од Србија, став што го поддржуваат и САД, ...
„Вечерње новости“ наведува дека ЕУ преку својот посредник Ишингер ќе се обиде на преговорите да ја протурка идејата за создавање конфедерација меѓу Србија и Косово Откако ЕУ, САД и Русија ги објавија своите посредници, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун би можел до крајот на оваа ...
"Конфедерацијата би претставувала транзитна автобуска станица на патот кон независноста на Косово и создавање на нова албанска држава на Балканот", посочува весникот На претстојните преговори за статусот на Косово, Европската унија може да се обиде да ја протурка идејата за создавање на ...
Приштина Претседателот на реформската партија ОРА и член на преговарачкиот тим за Косово Ветон Сурои отфрли каква било можност за поделба на Косово или размена на територии. “Ниту еден претставник на Косово не смее ниту како хипотеза да ја спомене поделбата на Косово или размената на територии.
Белград Постојат разлики меѓу посредувачката тројка и членките на Контакт групата во однос на ставовите за идниот статус на Косово, изјави претставникот на Европската унија(ЕУ) за Косово, Волфганг Ишингер. „Се радувам што можам да кажам дека кога се работеше за филозофија, рокови и пристап кон оваа ...
Белград Преговорите за идниот статус на Косово ќе започнат во средината на август, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана. Преговорите најверојатно ќе започнат во средината на август, рече Солана пред новинарите на средбата во Манила за безбедноста во ...
Виена Делегации на Белград и на Приштина денеска во Виена ќе имаат одвоени преговори со посредничката “тројка“ во врска со статусот на Косово. Тројката составена од претставникот на ЕУ Волфганг Ишингер, на САД Френк Визнер и на Русија Александар Боцан-Харченко , како што е најавено прво ќе се ...
Тирана Секој предлог за поделба на Косово е опасен и води кон редефинирање на балканските граници, изјави шефот на албанската дипломатија Љуљзим Баша, јавува дописникот на Макфакс. „Секој предлог за поделба на Косово е опасен за мирот и стабилноста во регионот и со поделбата на Косово не се ...
Приштина Најновите средби на посредничката тројка на Контакт групата со делегациите на Белград и Приштина потврдија дека нема да има поделба на Косово. Ова заеднички го заклучуваат косовските весници на албански јазик во денешните извештаи од разговорите одржани во четвртокот во Виена.
Приштина Периодот на продолжување на преговорите Косово ќе го искористи за подготвување независност. Ова го изјави членот на преговарачкиот тим на Приштина Ветон Сурои, кој додава дека “Косово нема да прави нови компромиси во процесот на статусот“.
Белград Меѓународната тројка САД-ЕУ-Русија денеска треба да пристигне во Белград за да отпочне нови разговори за судбината на Косово. Тројката ја сочинуваат претставници на Европската унија (ЕУ), Волфганг Ишингер, на Соединетите Американски Држави (САД), Фрeнк Визнер и на Русија, Александар Боцан ...
Виена Нема напредок по денешните одвоени средби со делегациите на Белград и на Приштина во врска со статусот на Косово, соопшти посредничката тројка на Контакт групата. „Не ни очекувавме напредок, бидејќи сме на почеток на процесот“, изјави на заедничката прес конференција во Виена, рускиот ...
Тирана Косово ќе биде независно на еден или на друг начин, изјави денеска во Тирана шефот на албанската дипломатија Лулзим Баша, не исклучувајќи ја можноста за прогласување еднострана независност. Според него, Тирана ќе има нагласени активности за време на дополнителните преговори, особено со ...
Белград Србија разработува различни модели на реагирање доколку Косово еднострано прогласи независност, изјави денеска српскиот премиер Воислав Коштуница. „Ако некој ви нанесе штета, со оглед на околностите, вие морате да му вратите со штета, но во овој момент не е пригодно да се зборува бидејќи ...
Приштина Претставниците на официјална Приштина денеска од меѓународната Тројка посреднци за Косово ќе побараат формирање независна и суверена држава Косово, и тоа колку е можно поскоро. Ова синоќа го изјави портпаролката на косовска влада, Улпијана Љама, најавувајќи дека премиер Агим Чеку со ...
Белград Претставниците на меѓународната Контакт група соопштија дека имале „добри разговори“ денеска со српските власти за нивниот претстоен мандат за решавањето на статусот на Косово. Претставникот на Европската унија Волфганг Ишингер за српските медиуми изјави дека водел „добри разговори“ со ...
Белград Делегација од Белград, предводена од министерот за Косово и Метохија, Слободан Самарџиќ, денеска ќе отпатува во Виена каде ќе се состане со преговарачката тројка на Контакт групата. Белградската делегација на состанокот ќе го претстави својот предлог за статусот на Косово, а потоа ќе се ...
Лондон Состанокот на Контакт групата за Косово е добар почеток за “тешката мисија што допрва претстои“. Ова го изјави претставникот на Европската унија (ЕУ) Волфганг Ишингер по првата средба на Групата со новата “посредничка“ тројка во преговорите за идниот статус на Косово, што заврши синоќа во ...
Александар Боцан-Харченко ќе ја зaстапува Русија во преговорите за Косово, во кои ќе учествуваат и претставниците на Европската Унија и САД, Волфганг Ишингер и Франк Визнер. „Во новите преговори Русија и понатаму ќе ги застапува веќе познатите позиции, според кои идниот статус на Косово треба да ...
Српските власти очекуваат Советот за безбедност на Обединетите нации да го потврди предлогот на Контакт-групата за нови преговори за статусот на Косово, а лидерите на косовските Албанци воопшто не сакаат прашањето да се врати во светската организација.
Германецот важи за одличен познавач на балканските состојби и дипломат кој има искуство и во соработката со Русија Именувањето на Волфганг Ишингер за претставник на Европската Унија во преговорите за Косово наиде на позитивни реакции кај медиумите во Белград и во Приштина, јави МИА.
Првиот човек на "Политика" Љиљана Смајловиќ оценува дека Ишингер е одличен дипломат, но смета дека целта на целата акција е да се префрли вината за неуспехот на преговорите врз Белград, но и на Русија, како поддржувач на Србија, наспроти фактот дека западните земји направиле се за независноста на ...
Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана го именуваше амбасадорот Волфганг Ишингер за претставник на Унијата во преговорите меѓу Белград и Приштина за иднината на Косово, јави МИА.
Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана го именува амбасадорот Волфганг Ишингер за претставник на Унијата во тимот што ќе посредува во преговорите меѓу Белград и Приштина за иднината на Косово, соопшти вчера Кабинетот на еврокомесарот.