TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Американските бомбардирања врз јужен Ирак продолжуваат

А1 - 31.08.2002

Американски и британски воени авиони доцна синоќа и рано изутринава бомбардирале цели во јужен Ирак. Ирачките власти го потврдија нападот но, не известуваат за евентуални жртви. Американската армија претходно соопшти дека нејзини авиони во т.н.

САД го потврди планот за превентивна акција против Багдад

Утрински - 31.08.2002

И покрај притисоците од муслиманските и од европските држави против воена акција врз Ирак Ширак остро предупреди против изолиран американски напад, но загриженоста дека Багдад би можел да создаде оружје за масовно уништување значи дека Советот за безбедност на крајот би се согласил за употреба на ...

Ирачаните предупредуваат дека се многу потврд орев од Авганистан

Дневник - 31.08.2002

ПО НОВИТЕ ЗАКАНИ ОД САД Ирачкиот потпретседател Таха Јасин Рамадан вчера изјави оти американските власти знаат дека нема да можат да го соборат Садам Хусеин на начин како што го сменија од власт талибанското движење во Авганистан, јави Ројтерс. - Ирак не е Авганистан. Не можеме да се споредуваме.

Чејни ги брани аргументите за напад врз Ирак

А1 - 30.08.2002

Американскиот потпретседател Дик Чејни вчера ги повтори своите аргументи за превентивна воена акција против Ирак, отфрлувајќи ја загриженоста што ја изразија Европската унија, муслиманските земји и пошироката светска јавност.

Пакистан им откажа послушност на САД

Утрински - 30.08.2002

Поради ризик од нови турбуленции во исламскиот свет по можен напад врз Ирак Мушараф: Муслиманите чувствуваат дека се наоѓаат на удар насекаде, поради тоа постои чувство на отуѓеност на муслиманскиот свет ЛОНДОН - Пакистанскиот лидер Первез Мушараф вчера се придружи на останатите светски лидери, ...

САД ќе го соборуваат Садам, примил-не примил инспектори

Дневник - 30.08.2002

АМЕРИКАНСКИ ФУНКЦИОНЕР ПРИЗНА Соединетите Американски Држави нема да се откажат од планот да го соборат ирачкиот претседател Садам Хусеин дури и тој да реши да прими меѓународни инспектори во сомнителните капацитети во кои наводно се произведува оружје за масовно уништување, јави Ројтерс.

Се повеќе земји против воен напад врз Ирак

А1 - 29.08.2002

Меѓународното спротивставување на воената акција на САД против Ирак се зголемува. Во Германија и владата и опозицијата се изјаснија против превентивнната инвазија на Ирак што во вторникот ја предложи американскиот потпреседател Дик Чејни.

Ирак сака мирно решение, САД сакаат војна

Вест - 29.08.2002

ДАМАСК, 29 август (Ројтерс) - Ирак вчера соопшти дека се уште има простор за дипломатско решение со кое ќе се избегне војната со САД, но сепак Багдад треба да се подготви за конфликт бидејќи Вашингтон не сака мирно ... ДАМАСК, 29 август (Ројтерс) - Ирак вчера соопшти дека се уште има простор за ...

Кина и Индија против американски напад врз Ирак

Утрински - 29.08.2002

Двете азиски суперсили се изјаснија ПЕКИНГ - Кина и Индија, двете најмногубројни држави во светот, вчера се спротивставија на употребата на сила против Ирак, без притоа конкретно да ги споменат САД. Реакцијата од двете азиски суперсили, кои заедно претставуваат повеќе од една третина од светската ...

Американците се поддржуваат самите себеси

Утрински - 29.08.2002

САД нема да чекаат едногласна поддршка за напад врз Ирак САД ќе имаат меѓународна поддршка, доколку решат да почнат со воена акција за соборување на Хусеин Американскиот секретар за одбрана, Доналд Рамсфелд, изјави дека Америка нема намера да чека едногласна поддршка од другите држави при ...

Ирак сака да преговара, но се подготвува и за војна

Дневник - 29.08.2002

ПО НОВИТЕ ЗАКАНИ ОД САД Ирачкиот потпретседател вчера изјави дека неговата земја се надева на дипломатски излез од напнатиот судир со САД, но оти Багдад максимално ќе се подготвува за војна затоа што не верува оти Вашингтон сака мирно решавање на кризата, јави Ројтерс.

Америка осамена во идејата за напад врз Ирак

А1 - 28.08.2002

И по средбата на американскиот претседател Џорџ Буш со саудискиот амбасадор во САД, принцот Бандар Бин Султан, Америка останува осамена во идејата за напад врз Ирак. Сепак, американскиот министер за одбрана Рамсфелд изјави дека поддршката од сојузниците не е од витално значење за американската ...

Американски и британски авиони го бомбардирале Ирак

А1 - 28.08.2002

Американски и британски воени авиони вчера го бомбардирале аеродромот Мосува, 400 километри северно од главниот град на Ирак, Багдад, соопштиле официјални ирачки претставници. Според истите извори, американските и британските авиони го уништиле радарскиот систем на аеродромот.

Политиката на воздржување веќе не е опција на САД

Утрински - 28.08.2002

Дик Чејни за нападот врз Ирак неШвил - Американскиот потпретседател Дик Чејни даде еден од најјасните сигнали досега дека администрацијата на Буш има сериозни намери за соборување на Садам Хусеин. Чејни, еден од водечките воинствени заговорници, изјави дека политиката на воздржување веќе не ...

Ирак гради дипломатска одбрана од Америка

Утрински - 28.08.2002

Соочен со можен напад ДАМАСК - Ирачкиот потпретседател Таха Јасин Рамадан вчера пристигна во Сирија во обид да изгради дипломатска ѕид за одбрана против заканата од американски напад, во услови кога САД ги интензивираат разговорите околу можна воена акција против Багдад.

Џорџ Буш има намера да го симне Садам Хусеин од власта

А1 - 27.08.2002

САД се подготвени да ја преминат и сегашната црвена линија -поставена од меѓународната заедница - арапското јавно мислење па, дури и над оригиналната резолуција на ОН, која што го отвори патот за заливската војна пред 11 години и да го нападнат Ирак.

Зошто демократија за Ирачаните, а не за Египѓаните?

Утрински - 27.08.2002

Во арапскиот свет САД вршат притисок за демократизирање единствено на Ирак Политиката на Буш денес е за казнување на непријателите, со закана за демократија и наградување на пријателите со молчење околу демократизацијата Кога екипата на Буш инсистира дека Садам Хусеин мора да биде соборен во Ирак, ...

Таткото Буш обезбедил тапија и за синот

Утрински - 27.08.2002

На американскиот претседател не му е потребно одобрение од Конгресот за напад врз Ирак Резолуцијата од 1991 година, со која првиот претседател Буш доби овластување да почне војна во Персискиот Залив, сў уште важи ВАШИНГТОН - Адвокатите на Белата куќа донесоа заклучок дека на американскиот ...

Неизвесноста во САД за воена акција против Ирак во зенитот

А1 - 26.08.2002

Неизвесноста во САД дали воопшто и кога ќе се преземе воена акција во Ирак никогаш не била поголема. Влијателните републиканци, сопартијци на претседателот Буш, притискаат за воен напад. Експертите велат да се почека. А денеска се вмеша и главниот инспектор за оружје на Обединетите Нации, кој ...

ЦИА и Пентагон планираат диверзија врз лабораторија во курдскиот дел на Ирак

Дневник - 26.08.2002

ВО РЕГИОН ШТО НЕ Е ПОД КОНТРОЛА НА САДАМ Администрацијата на американскиот претседател Џорџ В. Буш планира да спроведе тајна диверзантска акција врз инсталација во северен Ирак во која веројатно се произведува хемиско оружје за потребите на терористичката група "Ал каеда", јави Ројтерс.