TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Катанец: Грешам и ќе грешам

Време - 18.11.2006

СЕЛЕКТОРОТ ПРИЗНА ДЕКА НЕ СЕ МОЖЕЛО ПОВЕЌЕ ПРОТИВ РУСИЈА Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Среќко Катанец, вели дека е спремен да одговори на сите критики од страна на јавноста, по поразот од Русија во средата со 0-2. - Секогаш сум подготвен на критики.

Русија е подобар тим по сите критериуми

Вест - 18.11.2006

СПОРЕД СЕЛЕКТОРОТ КАТАНЕЦ Малиот фонд на играчи, лошиот терен на "Градски" и кусите подготовки се главните причини за поразот (0:2) од Русија, според Сречко Катанец, селекторот на македонската фудбалска репрезентација, кој вчера направи осврт на квалификациската средба за ЕП 2008 во интервјуто за ...

Катанец верува во потенцијалот на овој состав

Утрински - 18.11.2006

СЕЛЕКТОР Победата против Хрватска во март во гости ќе ги врати во игра сите комбинации ЕМИЛ КИТАНОВСКИ „Секогаш сум подготвен за критика. Човечка особина е да се погреши, па така и да се прифати одредена критика. Ако е таа добронамерна, безрезервно ќе ја прифатам, меѓутоа ако со неа се руши добрата ...

Катанец: Да не се расипува атмосферата

Дневник - 18.11.2006

Без двајца стандардни играчи тешко се игра, тоа ви е како Барселона кога игра без Роналдињу и Ето - вели Катанец за нашиот некомплетен состав И покрај поразот од 2-0 од Русија на Градски во Скопје, селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Сречко Катанец посакува да не се расипе ...

Можеби згрешив со стартниот тим

Вечер Прес - 18.11.2006

Се решив за поискусниот Стојков во однос на Ристиќ, бидејќи постоеше можност да го "изгориме", а кога сакав да му дадам шанса се повреди Јанчевски. Шаќири не одигра добро, но секој може да има слаб ден Два дена по поразот на фудбалерите на Македонија од Русија во Скопје (0:2) во квалификациите за ...

Толку е...

Време - 17.11.2006

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРО 2008: МАКЕДОНИЈА - РУСИЈА 0-2 (0-2) Златко Крстевски Македонија нема сила да игра на Европското првенство откако во средата ја видовме реалноста на националниот фудбалски тим, кој лесно загуби од Русија со 0-2 во 5.

Русите не вратија во реалноста

Вест - 17.11.2006

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП - ПОРАЗ НА НАШАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА (0:2) Успешната година за македонскиот репрезентативен фудбал, сепак, ќе ја завршиме со пораз. Во меч во рамките на Е-квалификациската група за Европското првенство 2008, руската репрезентација се покажа како пресилен противник за нашиот ...

Хидинк го надмудри Катанец, најслаба игра на Македонија

Утрински - 17.11.2006

Пораз Катанец: Беше повеќе од очигледно дека квалитетот е на страната на противникот ЕМИЛ КИТАНОВСКИ Фудбалската репрезентација на Русија и одржа лекција од модерен фудбал на соодветната селекција на Македонија и завчеравечер на Градскиот стадион во Скопје во прекрасен и подолго време незапаметен ...

Кој да го замени Пандев?

Утрински - 17.11.2006

Нечекуваниот пораз на нашата фудбалска репрезентација против Русија, по онаа непотребна еуфорија пред овој натпревар, колку да боли, сепак, не треба трагично да се сфати бидејќи ни претстојат уште седум квалификациони мечеви, уште многу испити и време да се поправи лошиот впечаток од прикажаната ...

Издишан „црвено-жолтиот“ балон од желби

Дневник - 17.11.2006

Со прецизните удари на Бистров и на Аршавин, Русите н’ спуштија на земја Убавите фудбалски сништа дека македонската фудбалска репрезентација созреа рамноправно да се трка со фаворитите во квалификациската група за учество на ЕП 2008 во Швајцарија и Австрија, завршија во ноемвриската квечерина крај ...

Не го скршивме малерот

Вечер Прес - 17.11.2006

Во супериорната игра на противникот, "црвено-жолтите" и натаму останаа без постигнат погодок и победа на домашен терен под водство на Катанец Најдобрите фудбалери на Македонија по втор пат се поразени на Градскиот стадион во групата "Е" од квалификациите за ЕП 2008.

Отрезнување на запаленковците

Вечер Прес - 17.11.2006

Неуспехот во дуелот со Русија не треба да се сфати како катастрофа, туку само враќање во реалноста, иако Катанец и неговите избраници заслужуваат поголема верба Меѓу оние неупатените во фудбалските прилики, а и кај дел од најзагреаните, последниот пораз на Македонија од Русија во квалификациите за ...

Русите ги урнаа нашите фудбалски надежи

А1 - 16.11.2006

Русите ги урнаа нашите фудбалски надежи дека можеме да го одржиме темпото со гигантите од „Е“ квалификациската група за европското првенство. Загубивме уште една битка на Градски, по која за жал за сега се позиционираме таму каде што припаѓавме според рејтингот при одредувањето на групите.

Одиме на победа!

Време - 15.11.2006

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО 2008 ГОДИНА По еден фудбалер во секоја од трите линии на теренот што настапувал во Русија и има искуство со нивниот начин на игра има во првиот состав на македонската репрезентација за денешниот меч (17 часот, МТВ-пренос) на Градскиот стадион во Скопје, ...

Русија е голема, но ние имаме големо срце

Време - 15.11.2006

ПРЕМИЕРОТ ГРУЕВСКИ БЕШЕ ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНСКИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ Златко Крстевски Русија е голема, но ние имаме големо срце. Покажавме дека можеме да им парираме на сите, им порача македонскиот премиер Никола Груевски на фудбалските репрезентативци, кои денеска (17 часот, Градски стадион во ...

Русите нема да го препливаат Вардар

Време - 15.11.2006

МАКЕДОНСКИОТ ГОЛМАН ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ХРВАТСКИ „ЈУТАРЊИ ЛИСТ“ Русите нема да го препливаат Вардар, им изјавил нашиот репрезентативен голман Јане Николоски на хрватските новинари во миниинтервјуто за весникот „Јутарњи лист“. Николоски ги полуде англиските напаѓачи на „Олд Трафорд“ во Манчестер, а ...

Со победа да се заокружи успешната сезона

Вест - 15.11.2006

Квалификации за ЕП - Нашата фудбалска репрезентација денеска ја пречекува Русија Седлоски: Обично не сакам да прогнозирам, но сега сум уверен дека ќе победиме. - Шумуликоски: Добро е што го нема Кержаков, кој е одличен фудбалер.

Со победа против Русија остануваме во трката за ЕП 2008 во Австрија и Швајцарија

Утрински - 15.11.2006

НАТПРЕВАР Мазнов: До триумф ќе се обидеме да стигнеме со трпелива и мудра игра ЕМИЛ КИТАНОВСКИ Да се победи силната репрезентација на Русија и за прв пат во историјата македонската фудбалска репрезентација да презими на првата позиција во групата, оставајќи ги зад себе големите фаворити Англија, ...

Јунаците се познаваат на мака

Вечер Прес - 15.11.2006

Во отсуство на Пандев и Наумоски другите играчи треба да ги покажат вистинските вредности, вели селекторот Сречко Катанец Она што е заедничко за сите изјави пред вечерашниов дуел на Градскиот стадион (17 ч.) е дека во селекцијата на Русија ќе имаме исклучително тежок противник во квалификациите за ...

Човекот „во копачките“ на Пандев

Време - 14.11.2006

ДАРКО ТАСЕВСКИ ЌЕ ГО ПРЕДВОДИ СРЕДНИОТ РЕД НА МАКЕДОНИЈА УТРЕ ПРОТИВ РУСИЈА Златко Крстевски Дарко Тасевски утре (17 часот) веројатно ќе ја има најтешката задача од сите македонски фудбалски репрезентативци - младиот креативец треба да го замени Горан Пандев на теренот и да го предводи средниот ред ...

Победа над Русија, за пласман на ЕП Разбирате?

Време - 14.11.2006

ПОЗАЈМЕНО ИНТЕРВЈУ ОД „СОВЕТСКИ СПОРТ“ СО СРЕЌКО КАТАНЕЦ Рускиот дневен весник „Советски спорт“ во својот вчерашен број објави опширно интервју со македонскиот фудбалски селектор Среќко Катанец, пред утрешниот меч против Русија, во квалификациите за Европското првенство во 2008 година.

Добрата атмосфера предвесник на успешен исход

Вест - 14.11.2006

Нашата фудбалска репрезентација утре игра со Русија Со доаѓањето на Шумуликоски, Тасевски, Петров и на Александар Митрески, се комплетираше нашиот национален тим Доаѓањето на Сречко Катанец на селекторската клупа и последните резултати придонесоа најголем адут на нашата фудбалска репрезентација ...

Шакири во мала предност пред Тасевски за местото на Пандев

Утрински - 14.11.2006

Репрезентација Шакири: Се наоѓаме пред историска шанса која не смееме да ја пропуштиме ЕМИЛ КИТАНОВСКИ „Тимот кој ќе ја добие средината на теренот има големи шанси полесно да стигне до многу значајната победа на дуелот помеѓу репрезентациите на Македонија и на Русија утревечер на Градскиот стадион ...

Гол-играчот единствена енигма

Дневник - 14.11.2006

За местото на пожолтените Наумоски и Пандев, покрај Тасевски, конкурираат и брзоногиот Стојков и искусниот Шаќири Во брзоногиот Ацо Стојков или искусниот Артим Шаќири, македонскиот фудбалски селектор, Словенецот Сречко Катанец, ќе го побара решението за гол-играчот, кој е единствената дилема за ...

Дванаесеттиот играч

Дневник - 14.11.2006

Македонскиот фудбалски селектор Сречко Катанец е свесен колку е важен натпреварот со Русија. Победа би значела амбиција за пласман на ЕП, пораз - спласнување на позитивната атмосфера Македонскиот фудбалски селектор Сречко Катанец е свесен колку е важен натпреварот со Русија.

Битката со Русите ќе се бие на средината

Вечер Прес - 14.11.2006

Оној тим што ќе доминира во овој дел на теренот ќе има поголеми шанси за победа, вели македонскиот селектор Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Сречко Катанец немал многу прилика да ги гледа во живо Русите, нашиот следен противник во квалификациите за ЕП 2008.

Катанец ја комплетираше репрезентацијата

А1 - 13.11.2006

Македонската фудбалска репрезентација во комплетен состав го одржа денешниот тренинг, претпоследен пред задутрешниот натпревар против селекцијата на Русија од квалификациите за пласман на европското првенство во 2008. Не останува многу време до новиот силен предизвик за нашиот национален тим, но и ...

Да замислиме дека играме во Москва

Време - 13.11.2006

ФУДБАЛ Горан Манчевски Парадоксално, но Македонија последниве две години на гости игра подобро отколку дома, и тоа драстично подобро. За да се заклучи тоа, доволен е само еден поглед кон статистиката, а таа вели дека во последните седум меча дома немаме победа, а во последните седум средби на гости ...

Катанец: Со Русите потешко отколку со Англија

Вест - 13.11.2006

Нашиот селектор предпазлив пред престојниот квалификациски дуел Спартак и ЦСКА играат во Лигата на шампионите, а костурот на руската репрезентација е составен токму од фудбалери на тие два тима. Селекторот на нашата фудбалска репрезентација Сречко Катанец со голема доза на предпазливост им се ...

Трета среќа за Катанец?

Време - 13.11.2006

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА СРЕДБАТА СО РУСИЈА Златко Крстевски Квалификацискиот меч за Евро 2008 со Русија, во Скопје, в среда (17 часот) треба да биде трета среќа за македонскиот фудбалски селектор Среќко Катанец - за прв гол пред македонските навивачи и за прв позитивен резултат.

Трета среќа за Катанец?

Дневник - 13.11.2006

Македонскиот селектор, кој има два пораза во Скопје, сака поддршка од трибината, но и концентрација во играта Трета-среќа посакува македонскиот фудбалски селектор, Словенецот Сречко Катанец, за него и за своите избраници, кои добро котираат во квалификациската Е-група за ЕП 2008.