Израелските војници се обиделе денеска да се пробијат до уредот на палестинскиот лидер Јасер Арафат во неговата резиденција во Рамалах, но се судриле со неговите чувари, соопштија палестински извори. Еден израелски портпарол веднаш демантираше дека војниците ја нападнале зградата во која се наоѓа ...
Советот за безбедност на ОН усвои доцна синоќа резолуција со која бара повлекување на израелските сили од Рамалах и од другите палестински градови. Во текстот на резолуцијата 1402 Советот за безбедност повикува на „повлекување на израелските сили од палестинските градови, вклучувајќи го и Рамалах“ ...
Израелските тенкови денеска влегоа во Витлеем. По синоќешните борби во кои загинале 7 Палестинци, а 40 се ранети, седиштето на палестинскиот лидер Јасер Арафат во Рамалах е целосно уништено. Израелските сили заробиле 145 Палестинци.
Израелски војници мочаат на sидот од штабот на Арафат во Рамалах РАМАЛАХ, Западен Брег, 30 март- (АП) - Израел вчера го прогласи Јасер Арафат за непријател, ги опколи овој град на Западниот брег и го уништи седиштето на палестинскиот лидер, како дел од воената операција од широки размери што ја ...
Интересна историја на објектот на палестинската власт РАМАЛАХ - Израелските војници вчера размениле оган со безбедносните сили на палестинскиот претседател Јасер Арафат во внатрешноста на објектот изграден за време на британскиот мандат во Палестина, во триесеттите години.
РАМАЛАХ - Израел вчера го прогласи палестинскиот лидер Јасер Арафат за непријател, а неговите единици извршија напад и се пробија во претседателскиот штаб на Западниот Брег, предизвикувајќи оружени престрелки во кои загинаа пет лица.
Обраќање на палестинскиот лидер РАМАЛАХ - Јасер Арафат остро одговори на израелскиот воен напад врз претседателскиот објект на Западниот Брег, кој се случи вчера, изјавувајќи дека Палестинците никогаш нема да се откажат од борбата за независна држава.
ЖЕСТОКА АКЦИЈА ПОД КОМАНДА НА ПРЕМИЕРОТ ШАРОН Израелскиот премиер Ариел Шарон објасни дека цел на акцијата е да се уништи "темелот не теророт" и да се изолира Арафат, кој "направил терористичка коалиција против Израел" Израелски тенкови и специјалци вчера ја нападнаа резиденцијата на Јасер Арафат ...
„Израелскиот премиер Ариел Шарон им објави војна на Палестинците и го повика светот да ја запре израелската опсада на комплексот згради во кои престојува палестинскиот лидер Јасер Арафат“, изјави денеска висок палестински претставник.
Шеснаесет лица загинаа прексиноЌа во нападот на палестински самоубиец во израелскиот град Нетанија, а бројот на повредените би моЖел да достигне и до стотина, соопШтија полицијата. НапаЃаЧот самоубиец влегол во холот на хотелот во Нетанија и се разнел со бомбата меѓу луѓето кои го прославувале ...
БЕЈРУТ, Либан, (Ројтерс) - Арапскиот самит во Бејрут едногласно го прифати саудискиот план за мир на Блискиот Исток, велат делегатите. Тие велат дека сите лидери на арапските земји на вториот ден од заседавањето го поддржале планот предложен од саудискиот принц Абдула, кој му нуди на Израел ...
Ново влошувањ?на ситуацијат?на Блискиот Исто? додека трае арапскио?Сами?/span> Бомбаш - самоубие?уб?20 лица во Нетанија ЕРУСАЛИМ - Израелскио?премие?Арие?Шаро?се консултираше со неговиот ше? на одбранат? откако Израел вчер?силн?реагираш?на палестинскио?самоубиствен бомбашки напа?во ...
САМОУБИСТВЕН НАПАД ВО НЕТАНЈА Терорист-самоубиец од палестинската група Хамас вчера уби најмалку 16 Израелци и рани уште 140, активирајќи бомба во хотел каде што се славел еврејскиот празник Пасха, јави Ројтерс. Хамас соопшти дека "маченикот" Абдел Басет Одех (23) го извршил нападот за да ги ...
САМИТ НА АРАПСКАТА ЛИГА ВО БЕЈРУТ Атракција на самитот беше помирувањето на Ирак со арапските земји што беа сојузници на САД за време на Заливската војна Арапските лидери на самитот во Бејрут едногласно го поддржаа блискоисточниот мировен план на саудискиот престолонаследник и му понудија траен мир ...
Самитот на лидерите на арапските земји, на кој се очекува да биде поддржан саудискиот мировен план со Израел денеска треба да продолжи во Бејрут. Се очекува да присуствува и палестинската делегација, која вчера го напушти самитот во знак на протест што не беше емитуван говорот на лидерот на ...
Петнаесет лица загинаа синоќа во нападот на палестински самоубиец во израелскиот град Нетанија, а бројот на повредените би можел да достигне и до стотина, соопштија полицијата. „Напаѓачот самоубиец влегол во холот на хотелот Парк во Нетанија и се разнел со бомбата“, ја пренесуваат агенциите ...
ВО БЕЈРУТ ПОЧНА САМИТОТ НА АРАПСКАТА ЛИГА БЕЈРУТ, Либан, (АП) - Саудискиот принц Абдула вчера предложи Арапската Лига да му понуди на Израел "нормализирање на односите" во замена за признавање на Палестинска држава и правото на бегалците да се вратат.
Долгоочекуваниот арапски Самит во Бејрут почна со поделеност меѓу клучните играчи БЕЈРУТ - Престолонаследникот на Саудиска Арабија, принц Абдула, вчера на арапскиот Самит, побара поддршка на неговиот план за "нормални односи" со Израел, во замена за повлекување на Израел од целокупната окупирана ...
На Западниот Брег ХЕБРОН - Палестински напаѓач во полициска униформа застрелал два члена на меѓународна набљудувачка група која во вторникот вечерта поминувале по еден пат на Западниот Брег, изјави еден од мониторите. Претставници на палестинската власт негираа дека за нападот биле одговорни ...
НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ НА ХОСНИ МУБАРАК И КРАЛОТ АБДУЛАХ Египетскиот претседател Хосни Мубарак и јорданскиот крал Абдулах во последен момент го откажаа учеството на самитот на Арапската лига во Бејрут на кој се расправа за блискоисточниот мировен план на саудискиот престолонаследник, јави Ројтерс.
ИНЦИДЕНТ КАЈ ХЕБРОН Палестинските власти веднаш демантираа дека нивните сили за безбедност се одговорни за нападот и истакнаа дека инцидентот се случил во реон што го контролираат израелските сили за безбедност Вооружен Палестинец во полициска униформа завчера застрелал двајца меѓународни ...
Мировниот план за Блискиот Исток, предложен од страна на Саудиска Арабија, се наоѓа во фокусот на самитската средба на Арапската лига, што од денеска започнува во главниот град на Либан, Бејрут. Палестинскиот лидер Јасер Арафат, кој практично се наоѓа во куќен притвор, го откажа своето учество, а ...
И покрај големиот американски притисок, Ариел Шарон не попушта ЕРУСАЛИМ - Израел вчера соопшти дека палестинскиот претседател Јасер Арафат не ги исполнил условите за присуство на арапскиот самит, игнорирајќи го американскиот притисок да му дозволат да отпатува во Бејрут за да го дополни значењето ...
Порака на египетскиот претседател БЕЈРУТ- Египетскиот претседател Хосни Мубарак, во интервју објавено вчера, го советуваше палестинскиот претседател Јасер Арафат да не патува за Бејрут на арапскиот самит кој треба да се одржи оваа недела, поради тоа што Израел можеби нема да му дозволи да се врати.
Турција понуди „дил“ за решавање на мигрантското цунами, на потег е ЕУ Во очекување на „европското решение“ за бегалската криза која, како ненадејно „цунами“, ја измести европската комоција и на површина го исфрли сето разногласие на Унијата.
МУБАРАК ПРЕДУПРЕДУВА Мубарак оцени дека предложениот мировен план е поволен за Израел, чија главна стратегија е безбедност и стабилност на еврејската држава во арапско соседство Египетскиот претседател Хосни Мубарак вчера го советуваше својот палестински колега Јасер Арафат да не патува на ...
Израелската влада соопшти изутрината дека ги прифаќа условите за прекин на огнот на американскиот мировен посредник Антони Зини, и покрај извесни „резерви“. Извори блиски на владата во Тел Авив тврдат дека рано изутринава бил постигнат консензус на состанокот на проширениот владин кабинет што траел ...
Палестинец повикува да се престане со пукањето што го разменуваа изралските војници и палестинските борци во еброн на Западниот Брег ЕРУСАЛИМ, (АП) - И покрај американскиот притисок да му се овозможи на Јасер Арафат да присуствува на круцијалниот арапски самит оваа недела, Израел нема да ја повлече ...
Шефовите на дипломатиите почнаа разговори пред Арапскиот самит во Бејрут БЕЈРУТ - Арапските министри за надворешни работи вчера се подготвуваа за арапскиот самит кој на Израел ќе му понуди мир и нормални односи доколку се откаже од целокупната окупирана арапска територија.
по ИЗВЕШТАЈОТ НА "ЊУЈОРК ТАЈМС" Американскиот потпретседател Ричард Чејни и неговите најблиски советници немаат докази за извештајот дека палестинскиот лидер Јасер Арафат склучил воен сојуз со Иран, јави Ројтерс. Весникот "Њујорк тајмс", повикувајќи се на израелски разузнавачки извори, завчера ...
СПРОТИ САМИТОТ НА АРАПСКАТА ЛИГА ВО БЕЈРУТ Израел мора да прифати и независна палестинска држава со Источен Ерусалим како главен град Лидерите на арапските земји на претстојниот самит во Бејрут ќе му понудат на Израел мир, но само ако еврејската држава целосно ги повлече своите трупи од окупираните ...
Еден Палестинец бил убиен, а најмалку двајца се повредени откако израелски тенкови и оклопни возила влегоа синоќа во палестинскиот бегалски камп Бразил во јужниот дел на појасот Газа, соопштија палестински извори. Израелски воен претставник не го коментираше упадот, но рече дека Палестинците од ...
Сиријци палат американско знаме вчера во Дамаск. Неколку илјади Сиријци протестираа поради "израелското насилство врз палестинскиот народ и американската поддршка на еврејската држава" Пекинг, 25 март - Израелскиот министер за надворешни работи Шимон Перес вчера изјави дека постои "добра можност" ...
Продолжува бранот на насилство на Блискиот Исток ЕРУСАЛИМ- Палестински напаѓачи вчера застрелале еврејска доселеничка, во услови кога американскиот пратеник Ентони Зини се подготвува да ги обнови разговорите во обид да го зацврсти израелско-палестинскоти примирје пред одржувањето на Арапскиот самит ...